понеделник, октомври 26, 2026
No Result
View All Result
bulevar.mk
  • Македонија
  • Економија
  • Република
  • Балкан
  • Свет
  • Црна Хроника
  • Скопје
  • Технологија
  • Магазин
  • Спорт
  • Македонија
  • Економија
  • Република
  • Балкан
  • Свет
  • Црна Хроника
  • Скопје
  • Технологија
  • Магазин
  • Спорт
No Result
View All Result
bulevar.mk
No Result
View All Result
Home Македонија

Доаѓа крај на беснеењето со електрични тротинети – Ова ќе бидат новите правила

by Redakcija
24.06.2026
in Македонија
Грција размислува за построги мерки или целосна забрана на електричните тротинети

Во Собранието денеска по брза постапка беа поднесени измени на Законот за безбедност во сообраќајот со кои се предвидуваат построги правила за користење на електричните тротинети, мопедите и моторциклите.

Според предложените измени, електрични тротинети ќе можат да управуваат исклучиво полнолетни лица, додека максималната дозволена брзина ќе биде ограничена на 20 километри на час, во согласност со европските регулативи.

Предлогот го поднесе координаторот на пратеничката група на ВМРО-ДПМНЕ, Никола Мицевски, заедно со група пратеници. Тој посочи дека во изминатите две и пол години се регистрирани 2.352 сообраќајни незгоди во кои учествувале мопеди, моторцикли и електрични тротинети. Во тие несреќи животот го загубиле 46 лица, а 585 лица се здобиле со тешки телесни повреди.

„Во измените ќе се дефинира што е лесно електрично возило, ќе се пропише дозволената брзина од максимум 20 километри на час, а електрични тротинети ќе можат да возат само полнолетни лица. Ова е со цел да се заштитат младите, бидејќи во половината од несреќите во кои учествувале тротинети се деца на возраст од 16 до 17 години“, изјави Мицевски.

Со законските измени се предвидуваат и построги санкции за прекршителите. Покрај паричните казни, на 30 дена ќе се одземаат електричните тротинети, мопедите или моторциклите од лица кои ќе бидат затекнати да управуваат под дејство на алкохол, од малолетници или од лица кои превезуваат повеќе патници од дозволеното.

Пратениците изгласаа законските измени да се донесуваат по скратена постапка, без разгледување во собраниските комисии. Целта е што побрзо да се воведат новите правила и да се зголеми безбедноста на учесниците во сообраќајот.

…

Макси Златна Рипка – Државна Лотарија
Златна Треска – Државна Лотарија

Related Posts

Пет продолжени викенди во 2027 година: Кои празници ќе спојат три слободни дена?

26.10.2026

Меџити: Во Србија победи промената, ниту една власт не е посилна од волјата на граѓаните

26.10.2026

Милошоски ќе го пречека потпретседателот на полскиот Сејм

26.10.2026
Неизвесна претседателска трка во Бугарија: Јотова и Ѓуров одат во втор круг

Неизвесна претседателска трка во Бугарија: Јотова и Ѓуров одат во втор круг

25.10.2026
Србија масовно излезе на гласање: Речиси 70% излезност, се чека исходот од трката меѓу Вучиќ и студентите

Србија масовно излезе на гласање: Речиси 70% излезност, се чека исходот од трката меѓу Вучиќ и студентите

25.10.2026
ВИДЕО | Колони полиција во центарот на Белград: Жандармерија во полна опрема

ВИДЕО | Колони полиција во центарот на Белград: Жандармерија во полна опрема

25.10.2026
Мега Милионер – Државна Лотарија
Дијамант – Државна Лотарија
Titanium – Државна Лотарија

Препорачани Вести

Николоски на терен: Увид во втората фаза од железничката линија Бељаковце–Крива Паланка

5 месеци ago

Мацинка: Приоритет на Чешка е Македонија што поскоро да стане членка на ЕУ

2 месеци ago

Популарни Вести

  • ВИДЕО – ЛУКСУЗОТ И КРИМИНАЛОТ НА САМОПРОГЛАСЕНИОТ ШЕФ НА АЛБАНСКОТО ПОДЗЕМЈЕ: Погледнете го раскошот на Неџати Арабачи на неговите Instagram и TikTok профили

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • (ВИДЕО) Дали Неџати Арабачи –  „Волкот“ од Тирана е шефот на Албанското подземје и еден од најопасните криминалци на светот?

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • 21 милион евра за недвижности во Грција: Каде Македонците купуваат станови?

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Пет продолжени викенди во 2027 година: Кои празници ќе спојат три слободни дена?

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Растат платите, расте и К-15: Еве колку изнесува според најновата основица

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Македонија
  • Економија
  • Република
  • Балкан
  • Свет
  • Црна Хроника
  • Скопје
  • Технологија
  • Спорт
  • Импресум

Булевар.мк © 2025 Сите права се задржани.

No Result
View All Result
  • Македонија
  • Економија
  • Република
  • Балкан
  • Свет
  • Црна Хроника
  • Скопје
  • Технологија
  • Магазин
  • Спорт

Булевар.мк © 2025 Сите права се задржани.