четврток, октомври 22, 2026
No Result
View All Result
bulevar.mk
  • Македонија
  • Економија
  • Република
  • Балкан
  • Свет
  • Црна Хроника
  • Скопје
  • Технологија
  • Магазин
  • Спорт
  • Македонија
  • Економија
  • Република
  • Балкан
  • Свет
  • Црна Хроника
  • Скопје
  • Технологија
  • Магазин
  • Спорт
No Result
View All Result
bulevar.mk
No Result
View All Result
Home Црна Хроника

Малолетник со џип бегал од полицијата низ Тетово, удрил во полициско возило

by Redakcija
24.06.2026
in Црна Хроника

Тетовската полиција приведе малолетник од тетовското село Порој откако без возачка дозвола управувал џип и се обидел да избега од полициска контрола, при што удрил во службено полициско возило.

Според информациите од Министерството за внатрешни работи, инцидентот се случил во периодот од 03:00 до 04:00 часот на улицата „Ѓоце Стојчевски“ во Тетово. Полициски службеници забележале патничко возило „џип“ со битолски регистарски ознаки кое се движело во спротивна насока.

Откако му бил даден знак да застане, возачот не постапил по наредбата, туку со голема брзина го свртел возилото и почнал да бега низ повеќе тетовски улици.

Во обид да биде запрен, на паркинг простор на улицата „Илинденска“ полициски службеници со службено возило „Шкода Јети“ му го попречиле патот. Малолетникот повторно се обидел да избега, при што удрил во службеното возило.

По извршените проверки било утврдено дека возачот не поседува возачка дозвола. Во присуство на родител и адвокат со него бил извршен службен разговор, а возилото било одземено.

Од СВР Тетово информираат дека по целосно документирање на случајот против малолетникот ќе биде поднесена соодветна пријава.

…

Макси Златна Рипка – Државна Лотарија
Златна Треска – Државна Лотарија

Related Posts

Кредити на туѓо име – Паднаа пет банкари за штета од над 12 милиони денари

22.10.2026

Царината пресече обид за шверц: Лекови од 336.000 денари сокриени во автобус

21.10.2026

Полицаец осомничен дека им „прогледал низ прсти“ на возачи кои возеле над 150 км/ч

21.10.2026

Кумановец заврши во станица: Во деловен простор пронајдени 28 сигнални пиштоли без дозвола

21.10.2026

Шестгодишно дете тешко повредено во судир на автомобил и тротинет во Скопје

20.10.2026

Напад врз ученик пред средно училиште во Скопје: Според пријавата, едно лице извадило пиштол

20.10.2026
Мега Милионер – Државна Лотарија
Дијамант – Државна Лотарија
Titanium – Државна Лотарија

Препорачани Вести

Денот на пожарникарите ќе биде одбележан со показна вежба во Прилеп

5 месеци ago

Македонски туристи останаа без пасоши во Грција – им се случи голгота во познатиот ресорт кај Неа Каликратија

3 месеци ago

Популарни Вести

  • Трка низ центарот на Скопје: полицијата најави пренасочување на сообраќајот

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Николоски на настан во организација со Фондацијата Конрад Аденауер: Коридорот 8 и Коридорот 10 носат економски напредок и политичка стабилност

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • ВИДЕО: Ескалација во албанскиот парламент – пратеници од опозицијата и мнозинството се пресметаа физички

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • ЈКП „Шар“: Известување за прекин на водоснабдувањето во дел од Тетово

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Македонските „Тигри“ меѓу најдобрите десет на „БОРАН 8“

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Македонија
  • Економија
  • Република
  • Балкан
  • Свет
  • Црна Хроника
  • Скопје
  • Технологија
  • Спорт
  • Импресум

Булевар.мк © 2025 Сите права се задржани.

No Result
View All Result
  • Македонија
  • Економија
  • Република
  • Балкан
  • Свет
  • Црна Хроника
  • Скопје
  • Технологија
  • Магазин
  • Спорт

Булевар.мк © 2025 Сите права се задржани.