вторник, јули 21, 2026
No Result
View All Result
bulevar.mk
  • Македонија
  • Економија
  • Република
  • Балкан
  • Свет
  • Црна Хроника
  • Скопје
  • Технологија
  • Магазин
  • Спорт
  • Македонија
  • Економија
  • Република
  • Балкан
  • Свет
  • Црна Хроника
  • Скопје
  • Технологија
  • Магазин
  • Спорт
No Result
View All Result
bulevar.mk
No Result
View All Result
Home Македонија

Почина великанот на македонската литература и енциклопедистика – Јован Павловски роден 1937 во Тетово

by Redakcija
25.06.2026
in Македонија

Screenshot

Во Скопје, почина Јован Павловски, македонски енциклопедист, поет, раскажувач, романописец, писател за најмладите, публицист, во три мандата претседател на Друштвото ан писателите на Македонија, долгогодишен уредник на повеќе рубрики во „Нова Македонија“, нејзин дописник од Париз и Москва. 

Јован Павловски е роден во Тетово, на 10 септември 1937 година. 

Од 1980 до 1986 г. е професор по теорија и практика на новинарството на Интердисциплинарните студии по новинарство на Универзитетот „Кирил и Методиј“ во Скопје. 

Член на Друштвото на писателите на Македонија од 1962 год, во три мандати (1992-1994, 1994-1996, 2007-2008) негов претседател, член на Македонскиот ПЕН центар. Автор е на педесетина (прво издание) книги. Автор е на поетските збирки Август (1961), Медеја (1969), Идентитет (1974), Оксидирања (1983), Прераскажување на ентитетот (1985), Строгоста на живеењето (1988), Препознавање: Зрело доба (1993); Последните 48 часа на професорот по историја (1993), Стварна промена (1996), Одработен страв (1999), Кревкото тело на Кирил Пејчиновиќ ( 2000), Стравот на професорот (2001). Повлекување на стварноста (1997), Поезија (1998), Песни, многу важни песни (избор поезија за деца, (1998), како и ан романите Тоа Радиовце во кое паѓам длабоко (1972, четири изданија на македонски, прва награда на конкурсот на ИК „Наша книга“ Скопје; Рациново признание; превод на српско-хрватски – Белград; на унгарски – Нови Сад; на руски – Минск), Сок од простата (шест изданија, награда за најчитана книга, 1991, превод на српски – Смедерево), Проверка на слободата (награда „Стале Попов“ на ДПМ, 1998) Град, години, луѓе (2014). Автор е на книгите за деца Мишо ишо шо о (1972, годишна награда на Радио Скопје за најдобра книга за млади), На сите свететски страни само Ани, само Ани (1980, годишна награда на Радио Скопје за најдобра книга за млади); Тевеѕирка (1994), Река-а- а! (1996). Автор е на редица други прозни и поетски изданија.

Како публицист, Јован Павловски ги потпишува Бев со нив (прва книга интервјуа во македонското новинарство, 1977, награда „Мито Хаџивасилев – Јасмин“, две изданија), Гемиџиите (1977), седум изданија), Судењата како последен пораз (1978, четири изданија, награда за публицистика „Мито Хаџивасилев – Јасмин“), Огнено семејство (1987, пет изданија), Од првична идеја до држава (1993, соавтор: Мишел Павловски), Историскиот континуитет на името Македонија и Македонци (1993), Македонија (историски практикум, две изданија, соавтор: Мишел Павловски, 2000), Факти за Македонија (2005, заедно со Мишел Павловски), Facts about Macedonia (2005, на англиски, заедно со Мишел Павловски), Македонија, минато, историја, сегашност, (2005, заедно со Мишел Павловски, единаесет изданија за Македонија од неолитот до денес на македонски, англиски, руски, француски, германски, италијански, српски (латиница), бугарски, албански, турски, грчки, и редица други, главно поврзани со конструирањето на македонскиот идентитет и борбата на Македонецот за сопствена држава
Како енциклопедист, Јован Павловски е главен уредник на Личности од Македонија (Петар Карајанов, Христо Андоновски, Јован Павловски, соавтор и уредник, 2000, најдобро издание на Меѓународниот скопски саем), Сто македонски години (група автори, соавтор и уредник, 2003, најдобро издание на Меѓународниот скопски саем), „Ми-анова енциклопедија, општа и македонска“, во четири тома (група автори, соавтор и уредник, 2006, најдобро издание на Меѓународниот скопски саем), Кратка Ми-анова енциклопедија, ликовна уметност (2007, група автори, соавтор и уредник Јован Павловски), четири тома хронолошка енциклопедија за историјата на Македонија од неолитот до 2003 г., група автори, соавтор и уредник: Јован Павловски редник: Јован Павловски) и други.

Носител е на Рациново признание, „Стале Попов“, награда на КПЗ на Македонија за најчитан автор во 1991 г. , награда на Радио Скопје за најдобра годинашна книга за најмлади (трипати), „Мито Хаџивасилев – Јасмин“ за публицистика (двапати), „13 Ноември“ награда на град Скопје, Златна плакета на град Тетово, „19 Ноември“ награда на град Тетово, Поетско жезло, признание Духовен воин, „Крсте Мисирков“ за животно дело, награда на НИП „Нова Македонија“ за животно дело, прва награда „Крсте Мисирков“ на Здружението на новинарите на Македонија, годишна награда на неделникот „Пулс“ (двапати), Златно перо за превод на поезијата на Ајги, Гоцева повелба, Како и наградата „Климент Охридски“ за култура и уметност. Одликуван е со Орден на Републиката со сребрени зраци.

Шеесетгодишното присуство на Јован Павловски во македонската култура може да се појми преку трите негови доминантни области на создавање: литературата, во тие рамки прозата и поезијата, неговиот значаен ангажман како енциклопедист и неговата новинарска и публицистичка дејност.
Во македонската проза Јован Павловски влегува агресивно – неговиот дебитантски роман „Тоа Радиовце во кое паѓам длабоко“ (награда „Рациново признание“) е определен како првиот македонски политички роман, за кој академик Георги Старделов ќе рече: „По појавата на романот ‘Тоа Радиовце’, македонската проза никогаш повеќе нема да биде таква каква што беше!“ За „Радиовце“, веднаш по излегувањето на книгата, се јавува и академик Милан Ѓурчинов. Тој вели: „Исполнет со остар критичен набој, насочен кон бездушноста на општеството кон своите некогашни јунаци и градители, романот ‘Тоа Радиовце…’ се разликува од еднонасочните визури на т.н. политички роман“.

…

Related Posts

УХМР предупредува: Нов бран невреме се движи кон Македонија, следуваат обилни врнежи од дожд

21.07.2026

Мицкоски: Историската посета на индиската претседателка Мурму отвора нови перспективи за двете држави

21.07.2026

Македонската земја крие богатства: Шест римски вили откриени при изградбата на гасоводот во Гевгелија

21.07.2026

Демант од Министерството за внатрешни работи

21.07.2026

ВЛЕН: Ќе има одговорност за состојбата во Гостивар – здравјето на граѓаните е над сè

21.07.2026

Обвинителство: Фекалии од канал завршувале во водата за пиење во Гостивар

20.07.2026

Препорачани Вести

Нов јавен повик од Општина Битола: Поддршка од 1,45 милиони денари за културно-уметничките друштва

4 месеци ago

ВИДЕО: Контејнер заврши на улица, покрив падна врз автомобил

5 часа ago

Популарни Вести

  • Морничав момент во Скопје: Кров од зграда се урна врз булевар за време на силното невреме (ВИДЕО)

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Делови од Тетово, Брвеница и други тетовски села утре ќе бидат без струја

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • УХМР предупредува: Нов бран невреме се движи кон Македонија, следуваат обилни врнежи од дожд

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Скопје по невремето: Осум лица повредени, 86-годишна жена со тешки повреди

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • ВИДЕО: Силниот ветер откорна покриви од повеќе згради во Скопје

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Македонија
  • Економија
  • Република
  • Балкан
  • Свет
  • Црна Хроника
  • Скопје
  • Технологија
  • Спорт
  • Импресум

Булевар.мк © 2025 Сите права се задржани.

No Result
View All Result
  • Македонија
  • Економија
  • Република
  • Балкан
  • Свет
  • Црна Хроника
  • Скопје
  • Технологија
  • Магазин
  • Спорт

Булевар.мк © 2025 Сите права се задржани.