понеделник, ноември 23, 2026
No Result
View All Result
bulevar.mk
  • Македонија
  • Економија
  • Република
  • Балкан
  • Свет
  • Црна Хроника
  • Скопје
  • Технологија
  • Магазин
  • Спорт
  • Македонија
  • Економија
  • Република
  • Балкан
  • Свет
  • Црна Хроника
  • Скопје
  • Технологија
  • Магазин
  • Спорт
No Result
View All Result
bulevar.mk
No Result
View All Result
Home Свет

Германија под удар на екстремен топлотен бран: Затворени автопати, запрени возови и највисоко ниво на тревога

by Redakcija
27.06.2026
in Свет
Жешко лето уште во мај: Европа под закана од температури до 16°C над нормалата

Германија се соочува со еден од најсилните топлотни бранови досега, откако Германската метеоролошка служба (DWD) издаде виолетово предупредување – највисокото можно ниво на тревога – за екстремно високи температури на целата територија на земјата.

Во повеќе региони температурите се приближуваат до 40 степени Целзиусови, а метеоролозите предупредуваат дека најжешкиот дел од денот се очекува помеѓу 16 и 17 часот, кога е можно да бидат урнати нови температурни рекорди.

Топлотниот бран веќе остави последици. Во сојузната покраина Сарланд во петокот беа измерени 41,3 степени, што претставува нов национален рекорд. По екстремно жешкиот ден следуваше и тропска ноќ, во која температурите не се спуштија под 20 степени.

Експертите предупредуваат дека акумулираната топлина дополнително ќе ја влошува состојбата, додека Германското здружение на градови и општини ги повика граѓаните рационално да ја користат водата за пиење, со цел да се избегне воведување рестрикции.

Високите температури предизвикаа проблеми и во сообраќајот. Поради оштетувања на асфалтот и бетонот, делови од автопатите А2 и А10 беа затворени, а надлежните предупредуваат дека постои опасност од нови пукнатини на коловозите.

Погоден е и железничкиот сообраќај. Приватниот оператор National Express го прекина сообраќајот на дел од линиите во покраината Северна Рајна-Вестфалија во периодот од 13 до 19 часот, како превентивна мерка за заштита на патниците и персоналот од екстремните горештини.

Додека поголемиот дел од Германија се бори со жештините, за северните крајбрежни области е издадено предупредување за силни невремиња, град, поројни дождови и ветрови со брзина до 70 километри на час, што дополнително ја усложнува временската состојба во земјата.

Макси Златна Рипка – Државна Лотарија
Златна Треска – Државна Лотарија

Related Posts

Русија со сериозно предупредување до Естонија: „На работ сте да предизвикате отворена војна“

23.11.2026

Масовна евакуација во Украина: Зеленски побара помош од САД

23.11.2026

Путин: Крајот на војната зависи од Украина – Киев мора да ги прифати компромисите

23.11.2026

Трамп со жестоки обвинувања: „Сето ова е огромна измама!“

23.11.2026

Скандал со вештачка интелигенција во Јужна Кореја: Министерот за образование поднесе оставка

23.11.2026

Американците масовно купуваат вода и генератори, Британците складираат храна: Што се случува?

23.11.2026
Мега Милионер – Државна Лотарија
Дијамант – Државна Лотарија
Titanium – Државна Лотарија

Препорачани Вести

Посебен сообраќаен режим во Скопје за Задушница: Од 6 часот еднонасочно кон гробиштата во Бутел

2 недели ago

Физичка пресметка: Тројца скопјани приведени, едно лице повредено со остар предмет

3 месеци ago

Популарни Вести

  • Божиновска: Да ги охрабриме младите жени да преземаат раководни позиции

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Дали јаболкото е подобро да се јаде наутро или навечер? Еве што велат експертите

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Куче херој спаси девојче од давење во базен: Снимката го обиколи светот (ВИДЕО)

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Кинески автомобил забранет во цела ЕУ: Премногу личи на „Ленд Ровер Дефендер“, казните достигнуваат 10 милиони евра

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Вучиќ: Ако се обидат да ме уапсат, ќе штрајкувам со глад – милион луѓе ќе излезат на улиците

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Македонија
  • Економија
  • Република
  • Балкан
  • Свет
  • Црна Хроника
  • Скопје
  • Технологија
  • Спорт
  • Импресум

Булевар.мк © 2025 Сите права се задржани.

No Result
View All Result
  • Македонија
  • Економија
  • Република
  • Балкан
  • Свет
  • Црна Хроника
  • Скопје
  • Технологија
  • Магазин
  • Спорт

Булевар.мк © 2025 Сите права се задржани.