сабота, септември 19, 2026
No Result
View All Result
bulevar.mk
  • Македонија
  • Економија
  • Република
  • Балкан
  • Свет
  • Црна Хроника
  • Скопје
  • Технологија
  • Магазин
  • Спорт
  • Македонија
  • Економија
  • Република
  • Балкан
  • Свет
  • Црна Хроника
  • Скопје
  • Технологија
  • Магазин
  • Спорт
No Result
View All Result
bulevar.mk
No Result
View All Result
Home Свет

Голем пресврт во „Фолксваген“: можни 100.000 откази и затворање на фабрики во Германија

by Redakcija
27.06.2026
in Свет

Германскиот автомобилски гигант „Фолксваген“ подготвува обемна реорганизација која може да донесе драстични промени во работењето, вклучително масовно намалување на бројот на вработени и затворање на дел од производствените капацитети во Германија.

Според извештаи на германски медиуми, раководството на групацијата разгледува план кој предвидува укинување на до 100.000 работни места и затворање на четири фабрики. Планот, како што се наведува, бил презентиран од извршниот директор Оливер Блуме пред врвното раководство, а конечна одлука треба да донесе Надзорниот одбор на состанок закажан за 9 јули.

Меѓу фабриките кои се споменуваат во планот се погони во Хановер, Цвикау и Емден, како и фабрика на „Ауди“ во Некарсулм. Според информациите, производството во овие капацитети би се прекинало по завршување на актуелните модели, без нивна замена со нови.

Реализацијата на затворањето, според проценките, би се одвивала во периодот меѓу 2030 и 2033 година, во согласност со претходни договори со синдикатите.

Покрај затворањата, планот предвидува и организациски промени, вклучително издвојување на брендот „Фолксваген“ и делот за автомобилски компоненти во посебни компании, со цел полесно прибирање капитал и поголема флексибилност во работењето.

Паралелно се разгледува и намалување на инвестициите за околу 15 проценти во наредните пет години, што би значело вложувања од нешто над 130 милијарди евра.

Причините за ваквите мерки се поврзуваат со пад на профитот и растечки трошоци. Во првиот квартал годинава, нето-добивката на групацијата е намалена за 28 проценти, додека приходите бележат пад од два проценти.

Дополнителен притисок врз компанијата создаваат и американските царини, како и засилената конкуренција на кинескиот пазар, каде „Фолксваген“ ја изгуби водечката позиција.

…

Related Posts

Кремљ удри по два европски гиганти: Русија ги презема нивните средства

18.09.2026

Американската војска се повлекува од Европа? Пентагон разгледува голем план

18.09.2026

Цените на бензинот во Германија уриваат рекорди: Литарот стигна над 3 евра

17.09.2026

Светот стравува од недостиг на гориво – Нови закани за глобалниот пазар на нафта

17.09.2026

Пензијата станува недостижна: Германија сака граѓаните да работат уште подолго

17.09.2026

Дизелот во САД со рекордни цени: Трамп бара Зеленски да ги запре нападите врз руската енергетика

16.09.2026

Препорачани Вести

Министерството за енергетика успешно ги реализира обврските од Реформската агенда – силна динамика и континуиран напредок во енергетската транзиција

2 месеци ago
Windows 11 интегрира Sysmon: Администраторите добиваат моќна алатка за безбедност без посебна инсталација

Windows 11 интегрира Sysmon: Администраторите добиваат моќна алатка за безбедност без посебна инсталација

8 месеци ago

Популарни Вести

  • Проданоски: 84 години од Дабничкиот масакр – да не се повтори, но никогаш да не се заборави

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Дрон двапати влетал во спална соба во Кочани: Семејството се сомнева дека било снимано

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Палеле кабли кај „Буково“ за да вадат бакар – обвинителството бара притвор

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Акција на полицијата во Скопје – Претрес и апсење

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Голема промена на МРТ 3: Третиот канал добива нов концепт и нова публика

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Македонија
  • Економија
  • Република
  • Балкан
  • Свет
  • Црна Хроника
  • Скопје
  • Технологија
  • Спорт
  • Импресум

Булевар.мк © 2025 Сите права се задржани.

No Result
View All Result
  • Македонија
  • Економија
  • Република
  • Балкан
  • Свет
  • Црна Хроника
  • Скопје
  • Технологија
  • Магазин
  • Спорт

Булевар.мк © 2025 Сите права се задржани.