среда, септември 2, 2026
No Result
View All Result
bulevar.mk
  • Македонија
  • Економија
  • Република
  • Балкан
  • Свет
  • Црна Хроника
  • Скопје
  • Технологија
  • Магазин
  • Спорт
  • Македонија
  • Економија
  • Република
  • Балкан
  • Свет
  • Црна Хроника
  • Скопје
  • Технологија
  • Магазин
  • Спорт
No Result
View All Result
bulevar.mk
No Result
View All Result
Home Магазин

Не ги игнорирајте овие симптоми: Топлотниот удар може да биде смртоносен ако не реагирате навреме

by admin
28.06.2026
in Магазин

Екстремно високите температури што деновиве ја зафатија земјава значително го зголемуваат ризикот од сончаница и топлотен удар – две сериозни состојби кои можат да имаат опасни последици по здравјето доколку не се препознаат и не се третираат навреме.

Иако често се мешаат, топлотниот удар и сончаницата не се исто. Топлотниот удар може да се појави и без директно изложување на сонце, особено при висока влажност на воздухот, кога организмот не може ефикасно да се разлади преку потење.

Што е топлотен удар?

Топлотниот удар настанува кога природниот механизам за регулирање на телесната температура престанува да функционира. Во услови на високи температури и зголемена влажност, потта не испарува доволно брзо, па телото не успева да се олади.

Особено изложени на ризик се:

– постарите лица,
– малите деца,
– лицата кои работат на отворено,
– хронично болните,
– лицата со дехидратација.

Недоволниот внес на течности, консумирањето алкохол, кафе и некои лекови дополнително го зголемуваат ризикот.

Симптоми на топлотен удар

Симптомите можат да бидат различни, но најчесто се јавуваат:

– силна главоболка,
– многу висока телесна температура,
– врела и сува кожа,
– вртоглавица,
– гадење и повраќање,
– забрзано дишење и пулс,
– конфузија и дезориентација,
– замор и слабост,
– нарушување на видот,
– зуење во ушите,
– халуцинации,
– губење на свеста.

Во потешките случаи состојбата може да биде животозагрозувачка и бара итна медицинска интервенција.

Кога веднаш да побарате лекарска помош?

Лекарска помош е неопходна ако:

– телесната температура не се намалува и покрај разладувањето,
– лицето изгуби свест,
– е конфузно и тешко комуницира,
– постојано повраќа,
– станува сè поизнемоштено.

Што треба да направите?

Доколку се сомневате на топлотен удар:

– веднаш повикајте Итна медицинска помош;
– преместете го лицето во ладна просторија или сенка;
– соблечете ја вишокот облека;
– разладувајте го телото со ладна вода;
– ставете ладни облоги или мраз на препоните, пазувите и вратот;
– подигнете ги нозете;
– ако лицето е свесно, дајте му вода или раствор за рехидратација.

Во потешките случаи може да биде потребна интравенска инфузија и болничко лекување.

Како да спречите топлотен удар?

Експертите препорачуваат:

– пијте многу вода;
– избегнувајте кафе, алкохол и засладени пијалаци;
– внесувајте електролити ако многу се потите;
– носете лесна и светла облека;
– избегнувајте физички напор во најтоплиот дел од денот;
– носете шешир и очила за сонце;
– никогаш не оставајте деца, постари лица или домашни миленици во автомобил;
– престојувајте во климатизирани или добро разладени простории кога температурите се екстремно високи.

Што е сончаница?

Сончаницата настанува поради долго изложување на главата и тилот на директно сонце.

Во такви услови телото испраќа поголема количина крв кон мозокот за да го разлади, што доведува до ширење на крвните садови и појава на симптоми слични на потрес на мозокот.

Во потешките случаи може да дојде до губење на свеста, па дури и кома.

Како да постапите при сончаница?

Лицето треба веднаш да се премести во сенка или разладена просторија, постепено да се разладува со вода и ладни облоги на главата и тилот, редовно да се мери телесната температура и да внесува ладни течности.

Не се препорачува консумирање алкохол или кафе.

Ако се појават губење на свеста, силна конфузија или изразена поспаност, неопходно е веднаш да се повика лекар.

Со оглед на тоа што според метеоролозите и во наредните денови се очекуваат температури над 35 степени, лекарите апелираат граѓаните сериозно да ги сфатат препораките и да избегнуваат престој на сонце во најтоплиот дел од денот.

Related Posts

Кинезите развиваат автомобил за само две години: Во ова се крие нивната голема предност, но и ризикот

01.09.2026

Го оставате полначот постојано во штекер? Еве што навистина се случува и дали е опасно

01.09.2026

Се огласи „радиото на судниот ден“: Машки глас прочита мистериозни зборови, никој не знае што значат

01.09.2026

Баба откри рецепт за „ајвар“: Се подготвува многу полесно, а вкусот потсетува на детството

01.09.2026

Видела оглас и мислела дека ќе добие 13.000 евра: Замина во странство и таму поминала низ вистински пекол

01.09.2026

Делфино Мобилити Груп со брендовите SIXT, Geely и Lynk & Co реализираше општествено одговорна иницијатива за побезбеден почеток на 200 првачиња

01.09.2026

Препорачани Вести

Грција распоредува воени бродови и F-16 за поддршка и одбрана на Кипар

Грција распоредува воени бродови и F-16 за поддршка и одбрана на Кипар

6 месеци ago
Општина Аеродром инвестира 138 милиони денари во реконструкција на 18 улици: Реализација до крајот на летото

Општина Аеродром инвестира 138 милиони денари во реконструкција на 18 улици: Реализација до крајот на летото

5 месеци ago

Популарни Вести

  • Без струја утре повеќе населби во Скопје

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Без струја утре повеќе делови од Тетово

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • 11 земји од ЕУ бараат да се укине ветото во надворешната политика, Германија ја предводи иницијативата

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • ДОЈДЕ ВРЕМЕ ДА НЕМА РАБОТНИЦИ ВО ДРЖАВАВА. Тие што се без работа најчесто се без школо

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Открено е како „Безбеден град“ ги лови и мотоциклистите

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Македонија
  • Економија
  • Република
  • Балкан
  • Свет
  • Црна Хроника
  • Скопје
  • Технологија
  • Спорт
  • Импресум

Булевар.мк © 2025 Сите права се задржани.

No Result
View All Result
  • Македонија
  • Економија
  • Република
  • Балкан
  • Свет
  • Црна Хроника
  • Скопје
  • Технологија
  • Магазин
  • Спорт

Булевар.мк © 2025 Сите права се задржани.