вторник, ноември 10, 2026
No Result
View All Result
bulevar.mk
  • Македонија
  • Економија
  • Република
  • Балкан
  • Свет
  • Црна Хроника
  • Скопје
  • Технологија
  • Магазин
  • Спорт
  • Македонија
  • Економија
  • Република
  • Балкан
  • Свет
  • Црна Хроника
  • Скопје
  • Технологија
  • Магазин
  • Спорт
No Result
View All Result
bulevar.mk
No Result
View All Result
Home Магазин

Македонецот Давид Грујевски е победник на „Хајп Ѕвезди“, тетовецот е „првата ѕвезда на Хајп“

by Redakcija
29.06.2026
in Магазин

Screenshot

Македонскиот пејач Давид Грујевски е победник на првата сезона од регионалното музичко шоу „Хајп Ѕвезди“, откако во големото финале доби најголема поддршка од публиката преку СМС-гласањето и ја понесе титулата „прва ѕвезда на Хајп“. Со победата, Грујевски ја освои и главната награда во износ од 50.000 евра.

Во финалната вечер настапија 20 финалисти од повеќе земји од регионот, а победникот беше избран исклучиво со гласовите на публиката. Грујевски настапи како натпреварувач со реден број 16 и се претстави со песната „Боже, чувај ја од зло“ од Тоше Проески, а потоа ја изведе и македонската народна песна „Море сокол пие“, со што ја освои поддршката од гледачите.

Во текот на целата сезона, Грујевски беше меѓу највпечатливите натпреварувачи. Во полуфиналето освои 46 поени со изведбата на безвременскиот хит „Ostala si uvijek ista“, со што го обезбеди своето место во големото финале, каде што на крајот триумфираше и ја понесе титулата победник на првата сезона на „Хајп Ѕвезди“.

Успехот на македонските претставници беше заокружен и со пласманот на Слободанка Танева, која го освои третото место, додека Сања Тодоровиќ ја доби специјалната награда на стручното жири во вредност од 10.000 евра. Така, македонските натпреварувачи оставија силен белег во првата сезона на регионалното музичко шоу.

Покрај главната награда од 50.000 евра за победникот, од продукцијата соопштија дека сите 20 финалисти ќе добијат авторска песна и музички спот како поддршка за нивниот понатамошен развој на музичката кариера.

…

Макси Златна Рипка – Државна Лотарија
Златна Треска – Државна Лотарија

Related Posts

Дневен хороскоп за 10 ноември: Близнаците пред неочекувана покана, Девиците да не го потценуваат својот труд

10.11.2026

Германците го избраа автомобилот на годината: Се истакна и меѓу луксузните фаворити

09.11.2026

Намалете ги сметките за греење со овој трик: Радијаторите ќе греат посилно

09.11.2026

Идилично место во срцето на Европа нуди дури 76.000 евра за да се преселите таму: Има само еден важен услов

09.11.2026

Со инстант лозот „Макси златна рипка“ до макси добивки

09.11.2026

Дневен хороскоп за 9 ноември: Лавовите пред можност да се истакнат, а Рибите пред порака што буди интерес

09.11.2026
Мега Милионер – Државна Лотарија
Дијамант – Државна Лотарија
Titanium – Државна Лотарија

Препорачани Вести

Земјотрес утрово во Македонија

2 месеци ago
Ресторанот „Путин“ во Босна наскоро ќе добие сосед – се отвора кафе „Трамп“

Ресторанот „Путин“ во Босна наскоро ќе добие сосед – се отвора кафе „Трамп“

8 месеци ago

Популарни Вести

  • Славески: Се олеснува пристапот до средствата на клиентите на „АЛТА банка“

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • „Илинден“ од Тирана и Европскиот центар за малцинства разговараа за правата на Македонците во Албанија

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • „Безбеден град“ во Струмица од декември: Кога ќе следуваат Штип и Битола?

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Рама во пријавата за туристички комплекси: Албанското Специјално обвинителство проверува како биле одобрени

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Трамп предложи нова амбасадорка на САД во Македонија

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Македонија
  • Економија
  • Република
  • Балкан
  • Свет
  • Црна Хроника
  • Скопје
  • Технологија
  • Спорт
  • Импресум

Булевар.мк © 2025 Сите права се задржани.

No Result
View All Result
  • Македонија
  • Економија
  • Република
  • Балкан
  • Свет
  • Црна Хроника
  • Скопје
  • Технологија
  • Магазин
  • Спорт

Булевар.мк © 2025 Сите права се задржани.