четврток, октомври 29, 2026
No Result
View All Result
bulevar.mk
  • Македонија
  • Економија
  • Република
  • Балкан
  • Свет
  • Црна Хроника
  • Скопје
  • Технологија
  • Магазин
  • Спорт
  • Македонија
  • Економија
  • Република
  • Балкан
  • Свет
  • Црна Хроника
  • Скопје
  • Технологија
  • Магазин
  • Спорт
No Result
View All Result
bulevar.mk
No Result
View All Result
Home Економија

Божиновска: Новиот Закон за обновливи извори на енергија е историски чекор за енергетската иднина на Македонија

by Redakcija
30.06.2026
in Економија, Топ Вести

Министерката за енергетика, рударство и минерални суровини, Сања Божиновска, оцени дека со усвојувањето на новиот Закон за обновливи извори на енергија е направен историски чекор што ќе ја промени енергетската иднина на Македонија.

Според Божиновска, станува збор за прв посебен закон во оваа област кој е целосно усогласен со европските правила и претставува долгорочна стратегија за зајакнување на националната енергетска безбедност, намалување на зависноста од увоз на енергија и забрзување на зелената транзиција.

Таа истакна дека законот воведува современ европски пазарен механизам – Two-way Contract for Difference, со кој, како што наведе, ќе се обезбеди финансиска стабилност за инвеститорите, а воедно ќе се ограничат прекумерните профити во услови на високи цени, со цел да се заштитат граѓаните и домашната економија.

„Ги отвораме вратите и за нашите домашни производители на зелена енергија да излезат и да тргуваат директно на европскиот пазар“, посочи Божиновска.

Министерката нагласи дека една од најзначајните новини е што граѓаните добиваат можност активно да учествуваат во производството на енергија преку механизмите за нето-мерење и формирањето граѓански енергетски заедници.

„Со овој закон ја префрламе енергетската моќ директно во рацете на граѓаните. Секое семејство, општина и компанија ќе може самостојно или здружено да произведува, складира и користи сопствена чиста енергија“, истакна Божиновска.

Таа порача дека целта е да се изгради почист, посигурен и поправеден енергетски систем за идните генерации.

…

Макси Златна Рипка – Државна Лотарија
Златна Треска – Државна Лотарија

Related Posts

Божиновска: ЕСМ нуди пониски цени на струјата, попустот на ОКТА останува

29.10.2026
CNN: Трамп ги губи нервите, враќањето кон војна станува сè поверојатно

Американската економија порасна за 3,4 отсто во третото тримесечје, надминувајќи ги очекувањата

29.10.2026

МБИ10 во пад за 0,45 отсто и блок трансакција со Авто гума од речиси 30 милиони денари

29.10.2026

Од фармата до чашата: Како се следи квалитетот на млекото во „Здравје“

29.10.2026

Еден рудник може да донесе околу 130 милиони евра годишно во буџетот, со новиот закон ќе се воведе поголема контрола и висока заштита

29.10.2026

Македонската берза во раст со МБИ10 повисок за 0,42 отсто и најголем промет со акциите на Алкалоид

28.10.2026
Мега Милионер – Државна Лотарија
Дијамант – Државна Лотарија
Titanium – Државна Лотарија

Препорачани Вести

Драма пред СП 2026: ФИФА не ги одобри дресовите на оваа репрезентација (ФОТО)

5 месеци ago

Трагедија во Велес: Пешак загина по удар од камион

4 месеци ago

Популарни Вести

  • Напад врз полицаец во Куманово – МВР со детали

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Тешка трагедија во Кападокија – се урна еден од „самовилските оџаци“, има загинати

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Без струја утре делови од Скопје

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Прекини на струјата во Тетово, Челопек, Мерово и Прељубиште

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Хеликоптер на ЕУФОР пред малку се урна во близина на Брчко – три лица загинаа

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Македонија
  • Економија
  • Република
  • Балкан
  • Свет
  • Црна Хроника
  • Скопје
  • Технологија
  • Спорт
  • Импресум

Булевар.мк © 2025 Сите права се задржани.

No Result
View All Result
  • Македонија
  • Економија
  • Република
  • Балкан
  • Свет
  • Црна Хроника
  • Скопје
  • Технологија
  • Магазин
  • Спорт

Булевар.мк © 2025 Сите права се задржани.