четврток, ноември 5, 2026
No Result
View All Result
bulevar.mk
  • Македонија
  • Економија
  • Република
  • Балкан
  • Свет
  • Црна Хроника
  • Скопје
  • Технологија
  • Магазин
  • Спорт
  • Македонија
  • Економија
  • Република
  • Балкан
  • Свет
  • Црна Хроника
  • Скопје
  • Технологија
  • Магазин
  • Спорт
No Result
View All Result
bulevar.mk
No Result
View All Result
Home Македонија

Администрацијата преплавена со боледувања – Ова се најчестите причини

by Redakcija
01.07.2026
in Македонија

Кичма

Бројот на боледувања во јавниот сектор останува висок, а надлежните повторно најавуваат законски измени со кои ќе се зајакне контролата врз нивното издавање, по повеќе откриени случаи на злоупотреба во текот на годинава.

Според податоците, во моментов има околу 17.000 активни боледувања поради болест и уште околу 10.000 породилни боледувања. Особено загрижува состојбата во одредени институции, каде процентот на отсутни вработени е значително висок.

Во здравствениот сектор, на поединечни клиники дури 20 проценти од вработените се на боледување, додека висок број отсуства е евидентиран и во полицијата, царината и секторот за одбрана.

Од Фондот за здравствено осигурување посочуваат дека околу 50 проценти од боледувањата се поврзани со заболувања на ’рбетниот столб, како спондилоза и лумбаго. Станува збор за состојби кај кои проценката на работоспособноста често зависи од субјективна медицинска оценка, што остава простор за можни злоупотреби.

Дополнително, во дел од јавниот сектор колективните договори предвидуваат исплата од 90 до 100 проценти од платата за време на боледување, што, според Фондот, може да влијае врз зачестеното користење на ова право. Надлежните наведуваат дека се регистрирани и случаи во кои боледувањето се користело за извршување други работни активности, како земјоделски работи или работа на друго место.

Потребата од законски измени беше најавена уште во 2025 година, кога од Фондот оценија дека постојниот систем не овозможува доволно ефикасна контрола. По неодамнешните откриени злоупотреби, реформите повторно се актуелизирани.

Со најавените измени на Законот за здравствена заштита се очекува воведување построги механизми за контрола, со цел да се спречат злоупотребите и правото на боледување да го користат само лицата на кои навистина им е неопходно.

…

Макси Златна Рипка – Државна Лотарија
Златна Треска – Државна Лотарија

Related Posts

ЖРСМ Инфраструктура: Работиме на надминување на проблемите наследени од недомаќинското работење во минатото

05.11.2026

Криптовалутите влегуваат во Кривичниот законик: Што треба да знаат граѓаните?

05.11.2026

ЕК го нотира напредокот: Македонија ја забрзува енергетската транзиција

04.11.2026

Мицкоски: Членството во ЕУ значи промена со додавање вредности, а не промена на идентитет

04.11.2026

Планирате патување во Дубаи? Директните летови од Скопје се враќаат

04.11.2026

Возачите ги научиле камерите – МВР подготвува нов начин за снимање прекршоци

04.11.2026
Мега Милионер – Државна Лотарија
Дијамант – Државна Лотарија
Titanium – Државна Лотарија

Препорачани Вести

Србија се сеќава: Три години од трагедијата во „Рибникар“ – минута тишина за жртвите

6 месеци ago

Тоневски: Меморијалниот турнир за Љубиша Дуковски – Бомба е доказ за неговото големо спортско наследство

6 месеци ago

Популарни Вести

  • Проданоски: Прилеп е домаќин на меѓународна конференција за здравствени и социјални услуги

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Коњановски: Навремената реакција на терен е приоритет за зимската служба во Битола

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Кејн останува во Минхен: Баерн го задржува својот голгетер до 2029 година

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Кога е „Црниот петок“ во 2026 година?

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • ЕУ бара усогласување со политиките за критични суровини, Македонија треба да го отвори патот за нови рударски инвестиции

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Македонија
  • Економија
  • Република
  • Балкан
  • Свет
  • Црна Хроника
  • Скопје
  • Технологија
  • Спорт
  • Импресум

Булевар.мк © 2025 Сите права се задржани.

No Result
View All Result
  • Македонија
  • Економија
  • Република
  • Балкан
  • Свет
  • Црна Хроника
  • Скопје
  • Технологија
  • Магазин
  • Спорт

Булевар.мк © 2025 Сите права се задржани.