понеделник, ноември 23, 2026
No Result
View All Result
bulevar.mk
  • Македонија
  • Економија
  • Република
  • Балкан
  • Свет
  • Црна Хроника
  • Скопје
  • Технологија
  • Магазин
  • Спорт
  • Македонија
  • Економија
  • Република
  • Балкан
  • Свет
  • Црна Хроника
  • Скопје
  • Технологија
  • Магазин
  • Спорт
No Result
View All Result
bulevar.mk
No Result
View All Result
Home Свет

Светот пред нов климатски предизвик: Силен Ел Нињо носи ризик од суши, поплави и топлотни бранови

by Redakcija
03.07.2026
in Свет

Светската метеоролошка организација (WMO) предупреди дека климатскиот феномен Ел Нињо веќе е во тек и се очекува брзо да прерасне во силен настан во периодот од јули до септември, што значително ќе ја зголеми веројатноста за екстремни временски услови во повеќе делови од светот.

Според најновиот сезонски климатски извештај, температурите на површината на морето во екваторијалниот Пацифик веќе се над просечните вредности, а прогнозните модели покажуваат натамошно интензивно затоплување. Од организацијата наведуваат дека постои висока согласност меѓу климатските модели, што ја прави прогнозата особено сигурна.

Ел Нињо е природен климатски феномен кој се јавува кога водите во централниот и источниот дел на екваторијалниот Пацифик се затоплуваат, предизвикувајќи промени во атмосферската циркулација и режимот на врнежи ширум светот. Вообичаено се појавува на секои две до седум години и трае од девет до дванаесет месеци.

Според WMO, актуелниот развој укажува дека Ел Нињо ќе достигне силен интензитет, што може да предизвика суши, обилни врнежи, екстремни топлотни бранови на копното и морски топлотни бранови.

Генералната секретарка на организацијата, Селест Сауло, изјави дека условите за Ел Нињо веќе се воспоставени и дека неговото зајакнување ќе го зголеми ризикот од сериозни временски екстреми во наредните месеци.

Најизразените последици се очекуваат во текот на есента на северната хемисфера, додека врвот на феноменот најчесто се достигнува помеѓу ноември и февруари. Прогнозите покажуваат дека голем дел од светот би можел да се соочи со температури повисоки од просекот, додека распределбата на врнежите ќе биде нерамномерна – со повеќе дожд во делови од југозападниот дел на САД и посушни услови во Индија и поголемиот дел од Австралија.

Од WMO нагласуваат дека нема докази оти климатските промени ја зголемуваат зачестеноста на Ел Нињо, но предупредуваат дека глобалното затоплување може да ги засили неговите последици и да доведе до поекстремни временски појави.

Организацијата истовремено работи на унапредување на системите за рано предупредување за земјите навреме да можат да преземат мерки за заштита на населението, земјоделството, здравствениот сектор и инфраструктурата.

…

Макси Златна Рипка – Државна Лотарија
Златна Треска – Државна Лотарија

Related Posts

ВИДЕО | Сателитска снимка од нападот кај Бенгази: По рускиот воен брод, поморски дрон погодил и товарен брод

ВИДЕО | Сателитска снимка од нападот кај Бенгази: По рускиот воен брод, поморски дрон погодил и товарен брод

22.11.2026
ВИДЕО | НАЈНОВА ВЕСТ: Силна експлозија го потресе либиското пристаниште Бенгази: Горат руски воени бродови

ВИДЕО | НАЈНОВА ВЕСТ: Силна експлозија го потресе либиското пристаниште Бенгази: Горат руски воени бродови

22.11.2026
Банките ќе поделат 550 милиони долари: Ројтерс открива што се случувало зад берзанското излегување на „Антропик“

Банките ќе поделат 550 милиони долари: Ројтерс открива што се случувало зад берзанското излегување на „Антропик“

22.11.2026
ВИДЕО | Полска се подготвува за руски напад? Варшава ја зајакнува одбраната по инцидентите со проектили и дрон

ВИДЕО | Полска се подготвува за руски напад? Варшава ја зајакнува одбраната по инцидентите со проектили и дрон

22.11.2026
ВИДЕО | Руски дрон урна дел од станбена зграда кај Киев: Спасувачите трагаат по луѓе под урнатините

ВИДЕО | Руски дрон урна дел од станбена зграда кај Киев: Спасувачите трагаат по луѓе под урнатините

22.11.2026
Зеленски со порака до Путин: Кримскиот мост нема да опстане

Зеленски со порака до Путин: Кримскиот мост нема да опстане

22.11.2026
Мега Милионер – Државна Лотарија
Дијамант – Државна Лотарија
Titanium – Државна Лотарија

Препорачани Вести

Промоција на монографијата „Мојот пат“ –културен настан посветен на Антон (Тони) Баталаковски

9 месеци ago

Голем скандал во Франција: Истраги за сексуално насилство во десетици училишта и градинки во Париз

6 месеци ago

Популарни Вести

  • ВИДЕО | НАЈНОВА ВЕСТ: Силна експлозија го потресе либиското пристаниште Бенгази: Горат руски воени бродови

    ВИДЕО | НАЈНОВА ВЕСТ: Силна експлозија го потресе либиското пристаниште Бенгази: Горат руски воени бродови

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Македонските владици на средба со рускиот  патријарх Кирил: Првпат во Москва како делегација на автокефална црква

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Добри вести за вработените: Во 2027 година нè очекуваат пет продолжени викенди

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Пред 2.700 години во Македонија живееле жени со висок општествен статус: Нивниот накит открива древни мистерии

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Хороскоп за 23 ноември: Финансиски можности за Биковите, неочекувани трошоци за Лавовите, а три знаци ги очекуваат важни одлуки за пари

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Македонија
  • Економија
  • Република
  • Балкан
  • Свет
  • Црна Хроника
  • Скопје
  • Технологија
  • Спорт
  • Импресум

Булевар.мк © 2025 Сите права се задржани.

No Result
View All Result
  • Македонија
  • Економија
  • Република
  • Балкан
  • Свет
  • Црна Хроника
  • Скопје
  • Технологија
  • Магазин
  • Спорт

Булевар.мк © 2025 Сите права се задржани.