петок, септември 18, 2026
No Result
View All Result
bulevar.mk
  • Македонија
  • Економија
  • Република
  • Балкан
  • Свет
  • Црна Хроника
  • Скопје
  • Технологија
  • Магазин
  • Спорт
  • Македонија
  • Економија
  • Република
  • Балкан
  • Свет
  • Црна Хроника
  • Скопје
  • Технологија
  • Магазин
  • Спорт
No Result
View All Result
bulevar.mk
No Result
View All Result
Home Балкан

АПЕЛ ЗА ПОМОШ: Исчезната е 16-годишната Габријела од Хрватдка: Семејството очајно бара помош и информации за нејзиното пронаоѓање

by admin
05.07.2026
in Балкан, Црна Хроника
АПЕЛ ЗА ПОМОШ: Исчезната е 16-годишната Габријела од Хрватдка: Семејството очајно бара помош и информации за нејзиното пронаоѓање

Хрватската полиција и семејството на 16-годишната Габријела Јан Лончариќ упатија итен апел до јавноста за помош во нејзиното пронаоѓање, откако девојчето исчезнало на 25 јуни 2026 година на подрачјето на Задар.

Оттогаш, за неа нема никакви информации, а потрагата продолжува со надеж дека некој ќе препознае важен детал што може да помогне во нејзиното пронаоѓање.

Според официјалните информации, Габријела е висока околу 165 сантиметри, тешка приближно 55 килограми, има долга светлокафеава коса и кафеави очи.

Во моментот на исчезнувањето била облечена во црна маица со кратки ракави, црни кратки панталони и црни патики.

Во потресна објава на социјалните мрежи, мајката на исчезнатото девојче открива дека семејството веќе десет дена живее во болна неизвесност.

„Времето минува, а за нас запре во моментот кога исчезна Габријела. Секој нов ден без неа носи само повеќе прашања и уште поголема празнина. Ве молиме, не поминувајте само така покрај оваа објава. Погледнете ја нејзината фотографија, споделете ја и помогнете да стигне до што повеќе луѓе. Можеби токму некој од вас има информација што ќе нè одведе до нашето девојче“, напиша таа.

Во емотивната порака, мајката директно ѝ се обрати и на својата ќерка:

„Габријела, ако го читаш ова… Знаеш ли колку те бараат браќата? Баба секој ден се моли за тебе. Што и да се случило, што и да носиш во срцето, те молам, само јави ни се. Твојот дом не престана да биде твој дом. Те чекаме денес, утре и секој ден додека не ни се вратиш.“

Хрватската полиција ги повикува сите граѓани кои имаат какви било информации за движењето или местото каде што би можела да се наоѓа Габријела од 25 јуни наваму, веднаш да ја известат најблиската полициска станица, да се јават на бројот 192 или да испратат информации на официјалната електронска адреса **nestali@nestali.hr**.

Надлежните апелираат дека и најмалиот детал може да биде од пресудно значење за успешно пронаоѓање на девојчето.

Related Posts

Пожар на депонија во Охрид – уапсени три лица

18.09.2026

Србија и Хрватска масовно се вооружуваат: Набавуваат тенкови, авиони и ракетни системи

18.09.2026

Малолетник претепан од група врсници во училишен двор во Ѓорче Петров

18.09.2026

Не застанал на полицајците, па тргнал во бегство – но не стигнал далеку

18.09.2026

Двајца приведени во Тетово поради сомнение за тешки кражби

18.09.2026

Нападнал полицаец со остар предмет – поднесена кривична пријава

17.09.2026

Препорачани Вести

ВИДЕО: Евакуација во „Сити мол“ по дојава за бомба

5 месеци ago
ЕУ и Австралија склучуваат договор за слободна трговија

ЕУ и Австралија склучуваат договор за слободна трговија

6 месеци ago

Популарни Вести

  • Керолајн Гилби MW: меѓународното искуство се сретна со македонското семејно винарство

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Мицкоски: Европската интеграција мора да се темели на реформи и заслуги, Македонија нема да чека- економијата мора да оди напред

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Пожар на депонија во Охрид – уапсени три лица

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • „Звуците на културата во Ѓорче 2026“ вечерва со богата програма за сите генерации

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Србија и Хрватска масовно се вооружуваат: Набавуваат тенкови, авиони и ракетни системи

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Македонија
  • Економија
  • Република
  • Балкан
  • Свет
  • Црна Хроника
  • Скопје
  • Технологија
  • Спорт
  • Импресум

Булевар.мк © 2025 Сите права се задржани.

No Result
View All Result
  • Македонија
  • Економија
  • Република
  • Балкан
  • Свет
  • Црна Хроника
  • Скопје
  • Технологија
  • Магазин
  • Спорт

Булевар.мк © 2025 Сите права се задржани.