петок, септември 18, 2026
No Result
View All Result
bulevar.mk
  • Македонија
  • Економија
  • Република
  • Балкан
  • Свет
  • Црна Хроника
  • Скопје
  • Технологија
  • Магазин
  • Спорт
  • Македонија
  • Економија
  • Република
  • Балкан
  • Свет
  • Црна Хроника
  • Скопје
  • Технологија
  • Магазин
  • Спорт
No Result
View All Result
bulevar.mk
No Result
View All Result
Home Свет

Синот на Нетанјаху официјално го смени името: Јаир сега е Јонатан Хун

by admin
09.07.2026
in Свет
Синот на Нетанјаху официјално го смени името: Јаир сега е Јонатан Хун

Најстариот син на израелскиот премиер Бенјамин Нетанјаху, Јаир Нетанјаху, официјално го променил своето име и презиме во Јонатан Хун, објави израелскиот весник „Хаарец“, повикувајќи се на официјални даночни документи.

Според објавените информации, даночната пријава за 2026 година била поднесена под новото име, но со истиот матичен број и истата адреса како пријавата од 2024 година, која била поднесена под неговото родено име.

Израелските закони предвидуваат дека по официјална промена на името, лицето не може повторно да го промени во наредните седум години. Засега не е познато дали Јонатан Хун ќе го користи новото име во јавноста или промената е направена од лични причини, бидејќи на своите профили на социјалните мрежи и понатаму се претставува како Јаир Нетанјаху.

Новото име има силна семејна симболика. Името Јонатан го носел неговиот чичко Јонатан (Јони) Нетанјаху, брат на премиерот Бенјамин Нетанјаху, кој загина во 1976 година за време на познатата операција „Ентебе“, во која израелските специјални сили ослободија заложници држени во Уганда.

Презимето Хун, пак, потекнува од неговиот дедо по мајчина линија, Шмуел Бен-Арци, кој пред хебреизацијата на презимето се викал Самуел Хун.

„Хаарец“ наведува дека Јаир веќе подолго време го користел презимето Хун на дел од своите профили на социјалните мрежи, но причината поради која токму сега решил и официјално да го усвои не е позната.

Триесет и четиригодишниот Јаир Нетанјаху е познат како десничарски политички активист и водител на подкасти. Во последните неколку години живее во американската сојузна држава Флорида и често привлекува внимание со своите контроверзни објави на социјалните мрежи, како и со контактите со крајно десничарски политичари и јавни личности во Европа и САД.

И неговиот помлад брат Авнер претходно официјално го променил своето име. По купувањето стан во Лондон, во британскиот земјишен регистар бил запишан како Ави Сегал, користејќи законски одобрен псевдоним преземен од моминското презиме на неговата баба по таткова линија. Минатата година тој изјави дека промената ја направил од безбедносни причини за време на студиите во британската престолнина.

И самиот Бенјамин Нетанјаху во текот на студиите на Технолошкиот институт во Масачусетс (MIT) во 1970-тите го користел името Бенџамин „Бен“ Нитаи, објаснувајќи подоцна дека тоа го направил за полесно изговарање на неговото презиме во САД.

Related Posts

Американската војска се повлекува од Европа? Пентагон разгледува голем план

18.09.2026

Цените на бензинот во Германија уриваат рекорди: Литарот стигна над 3 евра

17.09.2026

Светот стравува од недостиг на гориво – Нови закани за глобалниот пазар на нафта

17.09.2026

Пензијата станува недостижна: Германија сака граѓаните да работат уште подолго

17.09.2026

Дизелот во САД со рекордни цени: Трамп бара Зеленски да ги запре нападите врз руската енергетика

16.09.2026

Нова надеж за примирје: Русија и Украина се согласија да ги запрат нападите врз енергетиката

16.09.2026

Препорачани Вести

До Која Далечина Снимаат Камерите На ‘Safe City’? 

8 месеци ago

Телемедицина во Македонија: Лекари од дијаспората влегуваат во системот – ќе се лечиме онлајн, пилот-проектот веќе работи во Дебар и Делчево

5 месеци ago

Популарни Вести

  • „Звуците на културата во Ѓорче 2026“ вечерва со богата програма за сите генерации

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Србија и Хрватска масовно се вооружуваат: Набавуваат тенкови, авиони и ракетни системи

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Малолетник претепан од група врсници во училишен двор во Ѓорче Петров

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Не застанал на полицајците, па тргнал во бегство – но не стигнал далеку

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Македонски стартап со глобални амбиции: „Прилог“ сака да стане новиот GitHub за инженерските тимови

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Македонија
  • Економија
  • Република
  • Балкан
  • Свет
  • Црна Хроника
  • Скопје
  • Технологија
  • Спорт
  • Импресум

Булевар.мк © 2025 Сите права се задржани.

No Result
View All Result
  • Македонија
  • Економија
  • Република
  • Балкан
  • Свет
  • Црна Хроника
  • Скопје
  • Технологија
  • Магазин
  • Спорт

Булевар.мк © 2025 Сите права се задржани.