среда, ноември 18, 2026
No Result
View All Result
bulevar.mk
  • Македонија
  • Економија
  • Република
  • Балкан
  • Свет
  • Црна Хроника
  • Скопје
  • Технологија
  • Магазин
  • Спорт
  • Македонија
  • Економија
  • Република
  • Балкан
  • Свет
  • Црна Хроника
  • Скопје
  • Технологија
  • Магазин
  • Спорт
No Result
View All Result
bulevar.mk
No Result
View All Result
Home Балкан

Објавена мапа: Еве каде во Грција е забележана опасната „риба зајак“

by Redakcija
11.07.2026
in Балкан

Токсичната инвазивна риба Lagocephalus sceleratus, позната како „риба зајак“, продолжува да се шири низ грчките морски подрачја, а експертите повторно упатуваат предупредувања до граѓаните и туристите.

Според грчките медиуми, овој вид првпат бил забележан во грчките води во 2005 година, а во изминатите години неговото присуство е регистрирано во голем број области – од островите до различни делови од крајбрежјето.

За полесно следење на распространетоста на инвазивниот вид, грчката мрежа за рано предупредување за инвазивни видови ELNAIS објави интерактивна дигитална мапа на која се означени досега потврдените места каде е пронајдена „рибата зајак“. На мапата се вклучени локации на Крит, во Егејското Море и во други грчки морски области.

Оваа риба во Средоземното Море пристигнала преку Суецкиот Канал, мигрирајќи од Црвеното Море, а оттогаш нејзината популација значително се зголемила.

Морските биолози предупредуваат дека видот може сериозно да ја наруши природната рамнотежа бидејќи се храни со локални морски организми и нема доволно природни непријатели кои би ја ограничиле нејзината бројност.

Поради брзото ширење, грчките власти разгледуваат мерки за контрола на популацијата, меѓу кои и финансиска поддршка за професионалните рибари кои ќе ја ловат оваа инвазивна риба.

Од грчкиот Црвен крст потсетуваат дека „рибата зајак“ не е отровна при допир, но нејзините исклучително силни вилици можат да предизвикаат сериозни повреди и силно крвавење.

Граѓаните и туристите се советуваат да не ја допираат доколку ја забележат во морето или при улов.

…

Макси Златна Рипка – Државна Лотарија
Златна Треска – Државна Лотарија

Related Posts

Завршува тригодишниот процес во Хаг: На 16 септември пресуда за Хашим Тачи и поранешниот врв на ОВК

Хашим Тачи доби нова затворска казна во Хаг

18.11.2026

Колку се казните за зимска опрема на Балканот? Во Македонија 45 евра, во Црна Гора 150 евра

17.11.2026

Јогурт врз Лидија Вукиќевиќ: Инцидент пред конститутивната седница на српското Собрание

17.11.2026

ВИДЕО: Се урна воен авион во Србија: Станува збор за борбен авион „МиГ-29“

17.11.2026
Три автомобили опожарени за само три часа во Скопје

Горат автомобили и локали во Белград: Се проверуваат сомнежи за организирано рекетирање

16.11.2026
Истрага за брутално убиство во Србија: Пронајдено тело во буре, уапсени 10 лица меѓу кои и полициски началник

Уапсен 19-годишен Македонец во Белград: Осомничен дека пукал во поранешен водач на навивачите на Партизан

16.11.2026
Мега Милионер – Државна Лотарија
Дијамант – Државна Лотарија
Titanium – Државна Лотарија

Препорачани Вести

Големи прекини во снабдувањето со електрична енергија утре во Тетово и тетовско

10 месеци ago

Тоневски: Нека е честит и благословен празникот Мала Богородица

2 месеци ago

Популарни Вести

  • Општина Битола оддаде почит на борците од Првата егејска македонска ударна бригада

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Божиновска: Во Варшава ги претставуваме плановите за стратешки резерви и заштита на енергетската инфраструктура

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Македонија меѓу земјите со важни наоѓалишта на критични минерали, ЕУ ја препознава стратешката вредност на бакарот

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Ле Пен ветува пензионирање на 60 години: Најави и нов пензиски фонд од 900 милијарди евра

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Крај за рампите на патарините во Македонија?

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Македонија
  • Економија
  • Република
  • Балкан
  • Свет
  • Црна Хроника
  • Скопје
  • Технологија
  • Спорт
  • Импресум

Булевар.мк © 2025 Сите права се задржани.

No Result
View All Result
  • Македонија
  • Економија
  • Република
  • Балкан
  • Свет
  • Црна Хроника
  • Скопје
  • Технологија
  • Магазин
  • Спорт

Булевар.мк © 2025 Сите права се задржани.