понеделник, август 24, 2026
No Result
View All Result
bulevar.mk
  • Македонија
  • Економија
  • Република
  • Балкан
  • Свет
  • Црна Хроника
  • Скопје
  • Технологија
  • Магазин
  • Спорт
  • Македонија
  • Економија
  • Република
  • Балкан
  • Свет
  • Црна Хроника
  • Скопје
  • Технологија
  • Магазин
  • Спорт
No Result
View All Result
bulevar.mk
No Result
View All Result
Home Македонија

Мицкоски: Со реконструкцијата на Владата нова енергија, ново темпо и уште поголема одговорност

by Redakcija
13.07.2026
in Македонија, Топ Вести

За нови министри предлагам луѓе кои доаѓаат со различни професионални искуства, но со иста обврска – да работат чесно, одговорно и со чувство дека секој ден што ќе го поминат на функцијата им е даден oд народот и му припаѓа на народот – порача премиерот Христијан Мицкоски денеска во Собранието образложувајќи го пред пратениците предлогот за именување нови министри во рамки на реконструкцијата на Владата.

Мицкоски порача дека реконструкцијата на Владата носи нова енергија, ново темпо и уште поголема одговорност.

– Во изминатите две години државата повторно почна да се движи. Повторно почна да инвестира. Повторно почна да гради. Повторно почна да создава доверба. Повторно почна да отвора можности. Но, јас денес не стојам овде за да кажам дека сме ја завршиле работата. Напротив. Денес стојам пред вас за да кажам дека најважниот дел од работата допрва започнува. Затоа што државите не се градат за две години. Тие се градат со генерации. И секоја генерација има обврска да остави држава подобра отколку што ја затекнала. Тоа е нашата обврска. Тоа е обврската на оваа Влада. И токму затоа денес пред вас не стои само предлог за избор на нови министри. Пред вас стои предлог за нова енергија. За ново темпо. За нова фаза во развојот на државата. За Влада која нема да биде задоволна со постигнатото, туку ќе биде гладна за нови резултати. Не затоа што се откажуваме од досегашниот курс. Туку затоа што сакаме тој курс да биде уште побрз, уште поефикасен и уште поодлучен – рече Мицкоски.

Тој укажа дека во годините што следат Македонија ќе биде исправена пред големи можности и оти нема да дозволи државата да ги следи процесите, туку дека ќе биде предводник на промените во регионот.

– Политиката е минлива, функциите се минливи, мандатите се минливи, но државата останува. И затоа секоја наша одлука мора да биде донесена со свест дека не ја носиме само за денес, туку и за годините што доаѓаат – рече Мицкоски.

Ќе има, посочи, предизвици, отпори, обиди, секој успех да биде минимизиран, а секој проблем да биде претставен како пораз, но, нагласи, природата на државничкото лидерство е поинаква.

– Државничкото лидерство не се плаши од критика. Не бара лесни патишта, не носи одлуки според тоа дали ќе бидат популарни утре, туку според тоа дали ќе бидат исправни за 10 години. Јас длабоко верувам дека имаме сила да бидеме успешна европска приказна. Не затоа што некој ќе ни ја подари таа иднина, туку затоа што ја заслужуваме. Со работа, знаење, дисциплина, со чесни институции, силна економија, со самодоверба. И најважно од се, со верба во сопствените можности – рече Мицкоски.

Потенцираше дека не бара доверба за поединци и за една политичка партија, туку за продолжување на процес во кој, како што рече, државата повторно ќе се исправи на нозе, во кој ќе ги обновиме темелите, во кој покажавме дека повторно можеме да градиме, да создаваме и да победуваме. – Уверен сум дека најдобрите години не се зад нас, туку се пред нас – рече Мицкоски.

Посочи дека очекува идниот министер за правда за која функција е предложен Јетон Шасивари, универзитетски професор и правен експерт, своето знаење, професионален интегритет и академско искуство да ги стави во служба на создавање правосуден систем во кој правдата нема да биде привилегија, туку правило, а довербата на граѓаните постепено да се враќа таму каде што е потребно.

Агон Ферати, кој е предложен за министер за односи меѓу заедниците, како што рече, своето професионално искуство го изградил преку европски проекти, локален развој и јавни политики.

– Нашата држава отсекогаш била најсилна кога знаела да ги претвори различностите во своја предност. Затоа очекувам неговата работа да биде насочена кон уште посилна кохезија, доверба и партнерство меѓу сите граѓани. Затоа што стабилноста и единството се предуслов за секој економски и општествен напредок – рече Мицкоски.

Според него, Борче Серафимовски, кој е предложен за министер за земјоделство, шумарство и водостопанство, добро го познава функционирањето на ресорот. Пред него, посочи, стои обврската да ја продолжи политиката на силна поддршка на земјоделците, но и да отвори нов развоен циклус во кој македонското земјоделство ќе стане поконкурентно, поиновативно и поотпорно на современите предизвици.

– За министер за здравство го предлагам Сашо Клековски. Здравството не е само систем на установи и процедури. Здравството е доверба, здравството е чувство на сигурност дека кога на човекот ќе му биде најтешко државата ќе биде покрај него. Затоа очекувам со нова енергија да продолжат реформите што ќе обезбедат квалитетни услуги, подобри услови за здравствените работници и достоинствен третман на секој пациент – подвлече претседателот на Владата.

Појаснувајќи го предлогот Ѓоко Велковски да биде министер за социјална политика, демографија и млади нагласи дека демографијата станува едно од најважните државни прашања, додека во Локална самоуправа, каде нов министер ќе биде Иван Стоилковиќ, укажа дека е започнат најголемиот инвестициски циклус за општините. За министер за култура и туризам го предлага Седат Сулејмани и очекува овој ресор да биде еден од двигателите на новиот развоен циклус, затоа што, посочи, државите што знаат да ја раскажат својата приказна, знаат и како да создадат нова вредност. Ерџан Демир е предлог за министер без ресор, а како што рече премиерот, во современото управување координацијата е исто толку важна колку и носењето одлуки. На државата и се потребни институции што ќе работат како еден систем, а не, рече, како одвоени острови.

Мицкоси посочи дека Македонија отсекогаш била најсилна тогаш кога знаела да се обедини околу големите цели.

– Затоа денес ве повикувам да ја продолжиме оваа мисија со повеќе мудрост отколку суета, со повеќе единство отколку поделби и со цврста увереност дека нашата најголема обврска не е кон оваа генерација политичари, туку кон идните генерации македонски граѓани. Нека тие еден ден кажат дека ова беше времето кога Македонија поверува во себе. Времето кога престана да се задоволува со малку и почна да се стреми кон големи цели. Времето кога државата не беше само место во кое се живее, туку идеја во која повторно се веруваше. Тоа е визијата што ја нудиме, тоа е обврската што ја преземаме и тоа е иднината за која вреди да работиме заедно, порача премиерот Мицкоски, по чие излагање почна расправата по предлогот за именување нови министри.

Претходно, Собранието на предлог на премиерот во рамките на реконструкцијата на Владата ги разреши министрите: за правда – Игор Филков, за земјоделство, шумарство и водостопанство – Цветан Трипуновски, за односи меѓу заедниците – Игор Стоиљковиќ, за здравство – Азир Алиу, за туризам и култура – Зоран Љутков, за социјална политика, демографија и млади – Фатмир Лимани, за локална самоуправа – Златко Перински, како и Шабан Салиу од функцијата министер без ресор. Разрешени се и заменик-министрите за социјална политика, демографија и млади и за култура и туризам, Ѓоко Велковски и Седат Сулејмани.

…

Related Posts

Проданоски: По седум дена непрекината борба, пожарот во Мариово е изгаснат

23.08.2026

Заедништвото и одговорноста се клучни за иднината, порача Мицкоски во Кочани

23.08.2026

Трагата води и до Македонија: два бренда од случајот со млекото во Косово пронајдени во два маркети

23.08.2026

Од утре пад на температурите, попладне нè очекуваат дожд, грмежи и силен ветер

23.08.2026

Проданоски: Прилеп добива нова уметничка и урбана димензија, монументалните скулптури ќе бидат дел од јавниот простор

22.08.2026

За влез во Грција се чека и до еден час: Колони на граничните премини

22.08.2026

Препорачани Вести

Наставничка се бори за живот откако крвнички била нападната од осмооделенец во Италија

5 месеци ago

(ФОТО) ГОРДОСТ ЗА МАКЕДОНИЈА: Македон Димитровски освои две злата во Германија – Франкфурт го слави младиот математички  гениј!

4 месеци ago

Популарни Вести

  • По Гренланд, на ред и Канада? Русија со провокативна порака до Канада: “Станете сојузна држава на САД”

    По Гренланд, на ред и Канада? Русија со провокативна порака до Канада: “Станете сојузна држава на САД”

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Проданоски: По седум дена непрекината борба, пожарот во Мариово е изгаснат

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Двајца повредени во вооружен напад во Арачиново: Пукано кон автомобил „Шкода“ со скопски таблички

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • ОХРИЃАНЕЦ УАПСЕН: Бил агресивен кон член од семејството, па нападнал и полицајци

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Заедништвото и одговорноста се клучни за иднината, порача Мицкоски во Кочани

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Македонија
  • Економија
  • Република
  • Балкан
  • Свет
  • Црна Хроника
  • Скопје
  • Технологија
  • Спорт
  • Импресум

Булевар.мк © 2025 Сите права се задржани.

No Result
View All Result
  • Македонија
  • Економија
  • Република
  • Балкан
  • Свет
  • Црна Хроника
  • Скопје
  • Технологија
  • Магазин
  • Спорт

Булевар.мк © 2025 Сите права се задржани.