недела, септември 13, 2026
No Result
View All Result
bulevar.mk
  • Македонија
  • Економија
  • Република
  • Балкан
  • Свет
  • Црна Хроника
  • Скопје
  • Технологија
  • Магазин
  • Спорт
  • Македонија
  • Економија
  • Република
  • Балкан
  • Свет
  • Црна Хроника
  • Скопје
  • Технологија
  • Магазин
  • Спорт
No Result
View All Result
bulevar.mk
No Result
View All Result
Home Црна Хроника

Бегство од царинска контрола на Блаце – повреден цариник, уапсен косовски државјанин

by Redakcija
17.07.2026
in Црна Хроника

Косовски државјанин се соочува со кривична пријава откако се обидел да избега од царинска контрола на граничниот премин Блаце, при што повредил царински службеник. Против него е поднесена пријава за неовластено производство и пуштање во промет на наркотични дроги, психотропни супстанци и прекурсори, како и за спречување службено лице во вршење службено дејствие.

Според информациите од Царинската управа, инцидентот се случил на 15 јули во вечерните часови. При редовна контрола, двајца царински службеници го запреле возилото и побарале од возачот да го отвори багажникот. Кога еден од нив забележал сомнителна кеса под совозачкото седиште и се обидел да ја провери, осомничениот ненадејно влегол во автомобилот и со голема брзина го напуштил граничниот премин.

Во обидот да избега, возилото повлекло еден од цариниците, кој се здобил со лесни телесни повреди. Веднаш била известена граничната полиција, по што била организирана потера. Осомничениот бил запрен и лишен од слобода по околу десет минути, откако неговото движење било блокирано.

Во текот на бегството, осомничениот исфрлил кеса со наркотична дрога, која подоцна била пронајдена во близина на местото на приведувањето. По извршеното вештачење, било утврдено дека станува збор за околу еден килограм марихуана. При претресот кај него било пронајдено и ладно оружје.

Случајот го води Одделението за истраги при Секторот за контрола и истраги на Царинската управа, а кривичната пријава е доставена до Основното јавно обвинителство – Скопје. Од Царинската управа истакнуваат дека брзата реакција и професионалноста на царинските службеници придонеле за спречување на обидот за криумчарење и за успешно приведување на осомничениот.

Related Posts

Вработена во МВР повторно осомничена за злоупотреби со лични документи

12.09.2026

Седуммина осомничени за фалсификување возачки дозволи во бегство, ОЈО бара притвор за тројца

12.09.2026

Претрес во Битола: Пронајдени шест парчиња оружје, лишен од слобода 67-годишен битолчанец

12.09.2026

Трагедија во Скопје: Татко и 18-годишен син загинаа, тројца млади тешко повредени

12.09.2026

Афера со возачки дозволи: 27 лица под кривична пријава, вработена во МВР менувала податоци

12.09.2026

Во сообраќајна несреќа загина 21-годишниот фудбалер Даниел Николовски

12.09.2026

Препорачани Вести

google gemini ai

Гугл воведува „Personal Intelligence“ – ВИ што ќе го знае вашиот дигитален живот

8 месеци ago

Меџити: Започна реализацијата на проектот за поставување нови лифтови во колективните згради во Чаир

2 месеци ago

Популарни Вести

  • Дневен хороскоп за недела, 13 септември: Погледнете што им носат ѕвездите на сите знаци!

    Дневен хороскоп за недела, 13 септември: Погледнете што им носат ѕвездите на сите знаци!

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Вработена во МВР повторно осомничена за злоупотреби со лични документи

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Најголемиот должник во Македонија нема имот за наплата, државата не може да наплати 14,87 милиони евра

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Нови напади врз саудиската нафтена инфраструктура, загрозена клучната рута за извоз на нафта

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Седуммина осомничени за фалсификување возачки дозволи во бегство, ОЈО бара притвор за тројца

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Македонија
  • Економија
  • Република
  • Балкан
  • Свет
  • Црна Хроника
  • Скопје
  • Технологија
  • Спорт
  • Импресум

Булевар.мк © 2025 Сите права се задржани.

No Result
View All Result
  • Македонија
  • Економија
  • Република
  • Балкан
  • Свет
  • Црна Хроника
  • Скопје
  • Технологија
  • Магазин
  • Спорт

Булевар.мк © 2025 Сите права се задржани.