недела, ноември 8, 2026
No Result
View All Result
bulevar.mk
  • Македонија
  • Економија
  • Република
  • Балкан
  • Свет
  • Црна Хроника
  • Скопје
  • Технологија
  • Магазин
  • Спорт
  • Македонија
  • Економија
  • Република
  • Балкан
  • Свет
  • Црна Хроника
  • Скопје
  • Технологија
  • Магазин
  • Спорт
No Result
View All Result
bulevar.mk
No Result
View All Result
Home Економија

„ФизиоС Плус“ – прв центар за физикална медицина и роботска рехабилитација со најсовремена технологија и индивидуален пристап

by Redakcija
17.07.2026
in Економија

Screenshot

Приватната здравствена установа за физикална медицина и роботска рехабилитација „ФизиоС Плус“ започнува со работа како современ центар во кој стручната медицинска проценка, класичните физикални методи и напредните роботски технологии се обединуваат во индивидуално приспособени програми за пациентите.

Центарот е создаден со цел да понуди јасен и стручно воден пат кон функционално закрепнување, подобрување на подвижноста и враќање на самостојноста. Услугите на центарот се наменети за лица со невролошки и мускулоскелетни состојби, пациенти по мозочен удар, операција или повреда на ’рбетниот столб, како и за лица со Паркинсонова болест, мултиплекс склероза, церебрална парализа, ограничена подвижност, хронични болки, спортски повреди и нарушувања на рамнотежата. Третманите комбинираат физикална терапија, електротерапија, магнетотерапија, ласерска терапија, терапевтски вежби, роботска рехабилитација и други современи методи.

Центарот ќе нуди и пристапи за вестибуларни и уролошки проблеми, меѓу кои вртоглавица, нестабилност, инконтиненција, ургентност, зачестено и ноќно мокрење, како и неинвазивна невромодулација и функционална проценка. 

„ФизиоС Плус“ располага и со роботски асистираната рехабилитација, Lexo, роботски систем за тренинг на одењето, кој е единствен од ваков вид во регионот. Системот е наменет за пациенти со нарушено одење и овозможува контролирано и повторливо вежбање на правилната шема на движење, со приспособување на интензитетот и поддршката според функционалните можности на секој пациент.

Во центарот е достапна и современа технологија за проценка и третман на проблеми долж ’рбетниот столб. SpineLiner овозможува прецизна проценка на одделни сегменти на ’рбетот и контролирана механичка стимулација со приспособена сила. Методот може да се применува кај пациенти со болка и напнатост на паравертебралната мускулатура, дискус-хернија и функционални или постурални нарушувања, секогаш по претходна лекарска проценка.

„ФизиоС Плус е создаден со цел на пациентите да им овозможиме пристап до современи методи што досега најчесто ги бараа надвор од земјата. Со индивидуална проценка, стручно водена терапија и примена на роботски системи сакаме да им помогнеме повторно да ги активираат изгубените функции, да бидат понезависни и да имаат подобар квалитет на живот“, вели д-р Павлина Будиќ, специјалист по физикална медицина и рехабилитација во ФизиоС Плус.

Дијагностичкиот и терапевтскиот пристап ФизиоС Плус е дополнет со еходијагностика за проценка на мускулите и меките ткива, како и со Shockwave терапија кај одредени хронични болни состојби, промени на тетивите и калцификати или остеофити.

Секој пациент во ФизиоС Плус ќе добива програма според дијагнозата, возраста, функционалниот дефицит, моменталната подвижност и личните цели. Во процесот, зависно од потребата, може да бидат вклучени физијатар, физиотерапевт, логопед и други стручни лица, бидејќи успешната рехабилитација не зависи само од апаратот, туку од правилната проценка, стручно избраната терапија, активното учество на пациентот и континуираното следење на напредокот. 

Целта на центарот не е само да се намалат болката и ограничувањата, туку пациентот повторно да се движи посигурно, да ги користи рацете во секојдневието, да ја подобри рамнотежата и да се врати кон семејните, професионалните и социјалните активности. Современата рехабилитација значи враќање на функцијата и независноста, а не само спроведување серија процедури. 

За повеќе информации за ФизиоС Плус на линкот.

…

Макси Златна Рипка – Државна Лотарија
Златна Треска – Државна Лотарија

Related Posts

Берзанскиот промет во октомври намален за 45,56 отсто, послабо и класичното тргување

08.11.2026
ИНТЕРВЈУ ЗА БУЛЕВАР.МК | Сања Божиновска: ЕУ ги препозна конкретните реформи и резултати во енергетиката

ИНТЕРВЈУ ЗА БУЛЕВАР.МК | Сања Божиновска: ЕУ ги препозна конкретните реформи и резултати во енергетиката

08.11.2026
„Алта банка“ од 9 ноември со нови правила: Повисок лимит, нови шалтери и целосен пристап до новите плати и пензии

„Алта банка“ од 9 ноември со нови правила: Повисок лимит, нови шалтери и целосен пристап до новите плати и пензии

08.11.2026
Брисел нотира напредок: Царината наплатила над 2,1 милијарди евра, физичките проверки повеќе од двојно зголемени

Брисел нотира напредок: Царината наплатила над 2,1 милијарди евра, физичките проверки повеќе од двојно зголемени

08.11.2026

РУДАРСТВО.мк: Брисел прогласи осум нови проекти за ископување на руда за стратешки

07.11.2026

Речиси секој трет доселеник размислувал да ја напушти Германија: Што покажуваат бројките за македонските граѓани?

07.11.2026
Мега Милионер – Државна Лотарија
Дијамант – Државна Лотарија
Titanium – Државна Лотарија

Препорачани Вести

Мицкоски од Давос: „4iG“ најавува инвестиција од 100 милиони евра

10 месеци ago

Четири лица приведени по тепачка во Скопје

6 месеци ago

Популарни Вести

  • Со богослужби и свечена академија одбележани 130 години од храмот „Свети Димитриј“ во Скопје

    Со богослужби и свечена академија одбележани 130 години од храмот „Свети Димитриј“ во Скопје

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Отворен конкурс за 3.000 студентски стипендии: Кој може да добие до 18.000 денари месечно и како се аплицира?

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Искршени мермерни плочи на гробиштата во Ѓорче Петров, полицијата го истражува случајот

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Акција на интервентната полиција во Скопје: Уапсен 46-годишен маж, кај него пронајден хероин

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • ВИДЕО| Нов напад врз Саудиска Арабија: Оштетена зградата на нафтениот гигант „Арамко“ во срцето на Ријад

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Македонија
  • Економија
  • Република
  • Балкан
  • Свет
  • Црна Хроника
  • Скопје
  • Технологија
  • Спорт
  • Импресум

Булевар.мк © 2025 Сите права се задржани.

No Result
View All Result
  • Македонија
  • Економија
  • Република
  • Балкан
  • Свет
  • Црна Хроника
  • Скопје
  • Технологија
  • Магазин
  • Спорт

Булевар.мк © 2025 Сите права се задржани.