недела, ноември 29, 2026
No Result
View All Result
bulevar.mk
  • Македонија
  • Економија
  • Република
  • Балкан
  • Свет
  • Црна Хроника
  • Скопје
  • Технологија
  • Магазин
  • Спорт
  • Македонија
  • Економија
  • Република
  • Балкан
  • Свет
  • Црна Хроника
  • Скопје
  • Технологија
  • Магазин
  • Спорт
No Result
View All Result
bulevar.mk
No Result
View All Result
Home Магазин

Јонко Вапцаров – човекот кој целиот живот го посвети на македонското револуционерно движење

by Redakcija
17.07.2026
in Магазин

На денешен ден во 1861 година е роден Иван, познат како Јонко Вапцаров – македонски револуционер, војвода и деец на македонското ослободително движење, една од значајните личности од револуционерниот период на крајот на XIX и почетокот на XX век.

Вапцаров бил активен член на македонското револуционерно движење. Во 1896 година станал член на ТМОРО, а од 1901 година бил секретар на револуционерниот комитет во Банско. Во 1903 година учествувал во Илинденското востание, по што бил затворен во Солун. По Младотурската револуција во 1908 година бил амнестиран.

По Првата светска војна, во 1919 година, Јонко Вапцаров учествувал во создавањето на ВМРО (автономистичка), организација која се залагала за автономија на Македонија. Во 1921 година бил избран за помошник-градоначалник на Банско.

По убиството на Тодор Александров, Вапцаров бил дел од струјата на ВМРО предводена од Александар Протогеров, но по убиството на Протогеров во 1928 година и внатрешните пресметки во организацијата, влегол во конфликт со раководството на Иван Михајлов.

Поради заканите по неговиот живот, во 1929 година заминал од Бугарија и извесен период живеел во Њујорк. Во Македонија се вратил во 1930 година, но притисоците продолжиле. Во 1933 година бил киднапиран од михајловистичка чета, а бил ослободен по политичките промени во 1934 година.

Јонко Вапцаров бил роден во Банско, во Пиринскиот дел на Македонија, во семејство со револуционерна традиција. Неговиот татко Никола Проданичин Вапцаров бил учесник во македонското ослободително движење и загинал во 1905 година на пат кон Солун.

Јонко Вапцаров починал на 21 јануари 1939 година во Софија. Зад себе оставил значајно наследство, а неговите деца – Никола, Борче и Рајна Вапцарови – продолжиле со сопствени општествени и културни активности.

Неговиот син Никола Вапцаров останал запаметен како еден од најпознатите поети на XX век, а семејната куќа во Банско денес е музеј посветен на неговиот живот и творештво.

Макси Златна Рипка – Државна Лотарија
Златна Треска – Државна Лотарија

Related Posts

Дневен хороскоп за недела, 29 ноември: Кого го очекува романтика, кој ќе прави големи планови, а кому му е потребен одмор?

Дневен хороскоп за недела, 29 ноември: Кого го очекува романтика, кој ќе прави големи планови, а кому му е потребен одмор?

29.11.2026

Научниците открија нешто неочекувано во најдлабокиот дел од океанот: Мистерија на Земјата стара милиони години добива ново објаснување

28.11.2026

Сè повеќе луѓе пијат вода со мед пред спиење: Тврдат дека прави чуда, но што велат научниците?

28.11.2026

Заборавете на телевизорот закачен на ѕид: Нов тренд ги освојува домовите и целосно го менува изгледот на дневната соба

28.11.2026

Ако родителите пушат цигари или користат вејп, децата се изложени на многу поголем ризик: Големо истражување откри загрижувачки резултати

28.11.2026

Неверојатно откритие кај Куманово: Археолозите пронајдоа траги од древни ритуали стари над 2.300 години

28.11.2026
Мега Милионер – Државна Лотарија
Дијамант – Државна Лотарија
Titanium – Државна Лотарија

Препорачани Вести

ВИДЕО: Контејнер заврши на улица, покрив падна врз автомобил

4 месеци ago
Внимавајте на измама: МВР предупредува на лажни пораки од БЈБ и сајбер единицата

Внимавајте на измама: МВР предупредува на лажни пораки од БЈБ и сајбер единицата

10 месеци ago

Популарни Вести

  • Што се случува со рудникот по последниот ден на ископ

    Што се случува со рудникот по последниот ден на ископ

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Европа го смени рускиот гас, но не и зависноста: Норвешка заработува милијарди, индустријата ги чувствува високите цени

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Една кутија дневно, илјадници денари во чад: Пушачите во Македонија трошат и над 50.000 денари годишно

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Снегот ќе престане, но студот допрва доаѓа: УХМР најавува температури до минус 18 степени

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • СОСТОЈБА НА ПАТИШТАТА: Снегот донесе забрани за камиони – проверете каде се вози отежнато

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Македонија
  • Економија
  • Република
  • Балкан
  • Свет
  • Црна Хроника
  • Скопје
  • Технологија
  • Спорт
  • Импресум

Булевар.мк © 2025 Сите права се задржани.

No Result
View All Result
  • Македонија
  • Економија
  • Република
  • Балкан
  • Свет
  • Црна Хроника
  • Скопје
  • Технологија
  • Магазин
  • Спорт

Булевар.мк © 2025 Сите права се задржани.