петок, октомври 16, 2026
No Result
View All Result
bulevar.mk
  • Македонија
  • Економија
  • Република
  • Балкан
  • Свет
  • Црна Хроника
  • Скопје
  • Технологија
  • Магазин
  • Спорт
  • Македонија
  • Економија
  • Република
  • Балкан
  • Свет
  • Црна Хроника
  • Скопје
  • Технологија
  • Магазин
  • Спорт
No Result
View All Result
bulevar.mk
No Result
View All Result
Home Македонија

Глобален пад на Фејсбук и Инстаграм: Корисниците во Македонија останаа без десктоп пристап, Мета работи на отстранување на дефектот

by admin
19.07.2026
in Македонија, Технологија
Глобален пад на Фејсбук и Инстаграм: Корисниците во Македонија останаа без десктоп пристап, Мета работи на отстранување на дефектот

Двете најголеми социјални мрежи во сопственост на Meta – Фејсбук и Инстаграм – утрово се соочија со сериозен глобален технички дефект, поради кој милиони корисници ширум светот, меѓу кои и во Македонија, имаат проблеми со пристапот до своите профили.

Прекинот започнал околу 10 часот по македонско време, а најпогодена е десктоп верзијата на Фејсбук. При обид за најава или освежување на страницата, корисниците добиваат бел екран и системска порака дека нивниот налог е привремено недостапен поради проблем со платформата.

„Налогот е привремено недостапен. Вашиот налог моментално не е достапен поради проблем со страницата. Очекуваме проблемот наскоро да биде решен. Обидете се повторно за неколку минути“, гласи пораката што им се прикажува на дел од корисниците.

Според специјализираната платформа Downdetector, во само неколку минути бил регистриран огромен број пријави за проблеми, а податоците на Ројтерс покажуваат дека дефектот ги погоди корисниците во САД, Велика Британија, Сингапур, земјите од Балканот и многу други делови од светот.

Најголемиот дел од пријавите, повеќе од 60 проценти, се однесуваат на нефункционирање на веб-страницата, околу 26 проценти на проблеми со најавувањето, додека кај Инстаграм корисниците пријавуваат дека содржините воопшто не се вчитуваат или се отвораат исклучително бавно.

И во Македонија голем број корисници пријавуваат дека десктоп верзијата на Фејсбук речиси не функционира, додека мобилните апликации кај дел од нив сè уште работат, но со значителни забавувања при испраќање пораки и вчитување фотографии и видеа.

Во моментов, единствената голема платформа во сопственост на Meta што функционира без позначителни проблеми е WhatsApp.

Од компанијата на Марк Закерберг засега нема официјално објаснување за причините за глобалниот прекин. Во меѓувреме, на социјалната мрежа X хаштагот #FacebookDown стана еден од најкоментираните, а дел од корисниците шпекулираат за можен хакерски напад. Сепак, ИТ експерти оценуваат дека најверојатно станува збор за интерен технички проблем, како неуспешно имплементиран код или дефект во DNS инфраструктурата на компанијата.

Експертите им препорачуваат на корисниците да не ги бришат апликациите и да не се обидуваат постојано повторно да се најавуваат, бидејќи тоа може дополнително да предизвика привремено блокирање на нивните профили.

Според последните информации, инженерските тимови на Meta веќе работат на отстранување на дефектот, а постепено нормализирање на услугите се очекува во текот на денот.

Макси Златна Рипка – Државна Лотарија
Златна Треска – Државна Лотарија

Related Posts

Утре дожд и северен ветер, на повисоките планини се очекува слаб снег

15.10.2026

Мицкоски: „Кромберг и Шуберт“ со нов проект во Битола и план за 2.000 работни места

15.10.2026

Крај на колоните на патарините? Се анализира нов модел

15.10.2026

Еден час повеќе за спиење: Еве кога го враќаме часовникот назад

15.10.2026

Милошоски: Едно вето е доволно за блокада на македонскиот јазик во ЕУ, тоа се „успесите“ на СДСМ и Филипче

15.10.2026

Русески останува на ставот и по три рочишта: Во „Пулс“ имало уредување, а не реконструкција

14.10.2026
Мега Милионер – Државна Лотарија
Дијамант – Државна Лотарија
Titanium – Државна Лотарија

Препорачани Вести

Коњановски: Фолклорот не е само традиција, туку иднина што ги чува корените

3 месеци ago

Британски милијардер платил 330 милиони фунти данок, па реши да се пресели во оваа земја

1 месец ago

Популарни Вести

  • Трифонов со навредливи пораки до Македонците: „Порано или подоцна ќе бидете асимилирани“

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Утре дожд и северен ветер, на повисоките планини се очекува слаб снег

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Кривична пријава против полициски службеник за фалсификување исправа

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Насилни протести во Албанија: Запалени делови од државни згради, 55 уапсени

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Утре без струја дел од Центар – Прекин од 9 до 13 часот

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Македонија
  • Економија
  • Република
  • Балкан
  • Свет
  • Црна Хроника
  • Скопје
  • Технологија
  • Спорт
  • Импресум

Булевар.мк © 2025 Сите права се задржани.

No Result
View All Result
  • Македонија
  • Економија
  • Република
  • Балкан
  • Свет
  • Црна Хроника
  • Скопје
  • Технологија
  • Магазин
  • Спорт

Булевар.мк © 2025 Сите права се задржани.