среда, октомври 7, 2026
No Result
View All Result
bulevar.mk
  • Македонија
  • Економија
  • Република
  • Балкан
  • Свет
  • Црна Хроника
  • Скопје
  • Технологија
  • Магазин
  • Спорт
  • Македонија
  • Економија
  • Република
  • Балкан
  • Свет
  • Црна Хроника
  • Скопје
  • Технологија
  • Магазин
  • Спорт
No Result
View All Result
bulevar.mk
No Result
View All Result
Home Република

ОФИЦИЈАЛНО ПРОГЛАСЕНА ЕПИДЕМИЈА ВО ГОСТИВАР! Надмината е критичната граница на заболени

by admin
19.07.2026
in Република, Црна Хроника
ОФИЦИЈАЛНО ПРОГЛАСЕНА ЕПИДЕМИЈА ВО ГОСТИВАР! Надмината е критичната граница на заболени

Центарот за јавно здравје Тетово – Епидемиолошката служба во Гостивар попладнево официјално прогласи епидемија на подрачјето на општина Гостивар, откако бројот на заболени од стомачни инфекции го надмина утврдениот неделен праг.

Информацијата ја објави порталот „Гостиварпрес“, повикувајќи се на надлежните здравствени служби.

„Поради зголемен број заболени и надминување на лимитот на неделно ниво, пријавуваме епидемија на подрачјето на Гостивар. Редовно ја следиме состојбата, вршиме епидемиолошки анкети со заболените пациенти и се преземаат сите неопходни мерки“, информираа од Епидемиолошката служба.

Здравствените власти и натаму будно ја следат состојбата, бидејќи бројот на пациенти со симптоми на гастроинтестинални инфекции продолжува да расте.

Само во последните 24 часа, на Инфективното одделение во гостиварската болница биле прегледани околу 200 пациенти, додека на Одделението за педијатрија лекарска помош побарале уште околу 110 деца.

Најголемиот дел од пациентите се јавиле со симптоми како дијареја, повраќање и дехидрација, кои се најчести кај ваков тип инфекции.

Дополнително, во истиот период, во службата за Итна медицинска помош биле регистрирани уште 290 пациенти.

Надлежните институции продолжуваат со епидемиолошкиот надзор, ги анкетираат заболените лица и спроведуваат мерки за спречување на понатамошното ширење на инфекцијата, додека граѓаните се повикуваат строго да ги почитуваат препораките на здравствените власти.

Макси Златна Рипка – Државна Лотарија
Златна Треска – Државна Лотарија

Related Posts

Во четврток без струја голем дел од Тетово и Боговиње

07.10.2026

Правеле ајвар и предизвикале пожар во Горно Соње

07.10.2026

Коњановски: Со координирано следење до подобра животна средина во Битола

07.10.2026

Приведен виш обвинител од Битола: При претресот му се одземени шест телефони, УСБ и компјутер

07.10.2026

Ауди излетало од патот Тетово–Гостивар: Четворица повредени

07.10.2026

Токму кога почнаа проверките – пресечени гумите на возилата на Центарот за социјални работи

07.10.2026
Мега Милионер – Државна Лотарија
Дијамант – Државна Лотарија
Titanium – Државна Лотарија

Препорачани Вести

Литванија ја отвора вратата за нуклеарно оружје: Историски чекор на парламентот

2 недели ago
vlada

Собранието ја отвори постапката за укинување на „Пржинската“ техничка влада

6 месеци ago

Популарни Вести

  • 4 локации во Скопје без струја во четврток – проверете дали сте на списокот

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Во четврток без струја голем дел од Тетово и Боговиње

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • К-15 мора да се исплати до крајот на декември: Ова е минималниот износ за 2026 година

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Акција низ цела Македонија: 34 возила за јавен превоз веднаш исклучени од сообраќај

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Признание за квалитетот и гостопримството: Limak Skopje Luxury Hotel е „Најдобар сместувачки капацитет за 2026 година“

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Македонија
  • Економија
  • Република
  • Балкан
  • Свет
  • Црна Хроника
  • Скопје
  • Технологија
  • Спорт
  • Импресум

Булевар.мк © 2025 Сите права се задржани.

No Result
View All Result
  • Македонија
  • Економија
  • Република
  • Балкан
  • Свет
  • Црна Хроника
  • Скопје
  • Технологија
  • Магазин
  • Спорт

Булевар.мк © 2025 Сите права се задржани.