сабота, ноември 28, 2026
No Result
View All Result
bulevar.mk
  • Македонија
  • Економија
  • Република
  • Балкан
  • Свет
  • Црна Хроника
  • Скопје
  • Технологија
  • Магазин
  • Спорт
  • Македонија
  • Економија
  • Република
  • Балкан
  • Свет
  • Црна Хроника
  • Скопје
  • Технологија
  • Магазин
  • Спорт
No Result
View All Result
bulevar.mk
No Result
View All Result
Home Магазин

Сладолед во 18 часот: вечерниот ритуал што ги поврзува генерациите

by Redakcija
19.07.2026
in Магазин

Raspberry ice cream in white bowl close up

За Денот на сладоледот, податоците на Wolt откриваат кога и што најчесто се нарачува во Македонија, од вечерниот пик до класиците чоколадо и ванила.

Сладоледот е многу повеќе од десерт. Тој е мало секојдневно задоволство што нè враќа во детството, но и ритуал што продолжуваме да го создаваме со нашите деца, родители и пријатели. Малкумина знаат дека во третата недела од јули се одбележува Светскиот ден на сладоледот и заслужува да биде означен со уживање без грижа во ова освежувачко летно задоволство. А за овој ден Wolt потсетува дека ова е едно од ретките уживања што им припаѓа на сите генерации.

Податоците за нарачките преку Wolt покажуваат дека овој заеднички ритуал има препознатлив ритам. Во периодот од јуни 2025 до јуни 2026 година, врвот на нарачките за сладолед бил во 18 часот, додека 19 часот е веднаш зад него по бројот на нарачки. Тоа е токму времето кога семејствата се враќаат дома, излегуваат на прошетка или избираат нешто слатко за заеднички крај на денот.

Кога станува збор за вкусовите, најчесто нарачуваните производи се спој од познатото и новото. Овошен десерт со јагода е на врвот, а чоколадото и ванилата се меѓу водечките избори. Млечниот сладолед, сладолед-сендвичите, лешникот и јагодата покажуваат дека вкусовите што ги паметиме од детството и понатаму имаат посебно место. Замрзнатиот јогурт и овошните варијанти, пак, внесуваат свежина во изборот.

Најпопуларниот формат се кутиите и мулти-пакувањата, пред замрзнатиот јогурт и сладоледите на стапче. Тоа е избор што природно се вклопува во споделувањето дома: различни вкусови, иста маса и момент во кој секој може да го пронајде својот фаворит.

Податоците носат и мало изненадување: понеделник е водечкиот ден за сладолед, пред сабота и недела. Дополнително, два од трите најсилни поединечни дена во анализираниот период биле понеделници. Сладоледот, очигледно, не се чува само за викендот, тој е и мал поттик за поубав почеток на неделата.

Кога температурите растат, расте и желбата за кратка, ладна пауза што може да се сподели, така и сезонскиот ритам е подеднакво јасен, мај и јуни се најсилните месеци во анализираниот период. За време на растењето на температурите од 20 јуни до 1 јули 2026 година, просечниот дневен број на нарачани сладолед-производи е 13,9% повисок во однос на периодот од 20 мај до 1 јуни. 

За некого сладоледот е вкус од детството, за друг награда по долг ден, а за најмладите е ново летно сеќавање. За овој Ден на сладоледот, дома, во парк или на вечерна прошетка, доволни се една кутија на маса, неколку лажички и повеќе генерации со различни омилени вкусови. Одберете неколку вкусови и споделете ги со луѓето што ви значат. Без разлика дали изборот е чоколадо, ванила, јагода, овошен десерт или нов вкус што допрва ќе стане семеен фаворит, најважниот дел останува ист: да се сподели моментот.

…

Макси Златна Рипка – Државна Лотарија
Златна Треска – Државна Лотарија

Related Posts

Ако родителите пушат цигари или користат вејп, децата се изложени на многу поголем ризик: Големо истражување откри загрижувачки резултати

28.11.2026

Неверојатно откритие кај Куманово: Археолозите пронајдоа траги од древни ритуали стари над 2.300 години

28.11.2026

Зошто седум држави во Азија завршуваат на „-стан“? Зад нивните имиња се крие интересна историја

28.11.2026

Близнаците го продолжуваат флертот, Биковите се премислуваат за вчерашното купување: Хороскоп за 28 ноември

28.11.2026

Мистерија на Марс: Истражувач тврди дека открил врата, статуа и остатоци од древна вонземска цивилизација на фотографии од НАСА

27.11.2026

Древната историја на Македонија: Археолошки откритија стари 6.500 години сведочат за почетоците на металургијата

27.11.2026
Мега Милионер – Државна Лотарија
Дијамант – Државна Лотарија
Titanium – Државна Лотарија

Препорачани Вести

Пари на повидок за три знаци: Што носи финансискиот хороскоп за 15 октомври?

1 месец ago

Во Полицијата ќе се намали бројот на началници и заменици

8 месеци ago

Популарни Вести

  • Полициска акција во кабаре во Охрид: Затекнати Русинки кои илегално влегле во Македонија и покрај забраната за влез

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Станови за околу 1.000 евра по квадрат за млади брачни парови

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Николоски: Околу 1200 нови добро платени работни места се отвараат со забрзување на изградбата на автопатот Прилеп-Битола

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Мицкоски во работна посета на РЕК Битола: Стабилното производство на електрична енергија е од клучно значење

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Ужас во Тетово: Ја тепал вонбрачната партнерка и ја принудувал да оди со други мажи за пари

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Македонија
  • Економија
  • Република
  • Балкан
  • Свет
  • Црна Хроника
  • Скопје
  • Технологија
  • Спорт
  • Импресум

Булевар.мк © 2025 Сите права се задржани.

No Result
View All Result
  • Македонија
  • Економија
  • Република
  • Балкан
  • Свет
  • Црна Хроника
  • Скопје
  • Технологија
  • Магазин
  • Спорт

Булевар.мк © 2025 Сите права се задржани.