четврток, октомври 15, 2026
No Result
View All Result
bulevar.mk
  • Македонија
  • Економија
  • Република
  • Балкан
  • Свет
  • Црна Хроника
  • Скопје
  • Технологија
  • Магазин
  • Спорт
  • Македонија
  • Економија
  • Република
  • Балкан
  • Свет
  • Црна Хроника
  • Скопје
  • Технологија
  • Магазин
  • Спорт
No Result
View All Result
bulevar.mk
No Result
View All Result
Home Свет

(ВИДЕО) Нова ескалација на Блискиот Исток: САД извршија одмазднички напади врз Иран по смртта на американски војници во Јордан

by admin
19.07.2026
in Свет
(ВИДЕО) Нова ескалација на Блискиот Исток: САД извршија одмазднички напади врз Иран по смртта на американски војници во Јордан

Конфликтот меѓу САД и Иран доби нова, опасна димензија откако американската војска изврши серија воздушни напади врз цели во Иран како одговор на иранскиот ракетен и беспилотен напад врз американска база во Јордан, во кој загинаа двајца американски војници, а еден сè уште се води како исчезнат. Нападите беа извршени по наредба на американскиот претседател Доналд Трамп.

Според Централната команда на САД (CENTCOM), операцијата имала за цел да ги ослабне иранските воени капацитети и да испрати јасна порака дека нападите врз американските сили нема да останат без одговор. Во соопштението се наведува дека загинатите војници биле погодени додека американските и сојузничките сили се бранеле од ирански балистички ракети и беспилотни летала. Четворица други војници биле префрлени во болници во Јордан, но подоцна биле пуштени, додека останатите со полесни повреди се вратиле на должност.


Иранската агенција „Мер“ (Mehr) објави дека американските напади биле насочени кон област во близина на градот Сирик, во јужниот дел на земјата. Според иранските власти, засега нема потврдени информации за жртви или за поголема материјална штета.

U.S. Central Command (CENTCOM) has announced the completion of another round of retaliatory strikes, for the eighth night in a row, against Iranian military coastal surveillance and air defense facilities, maritime capabilities, and missile and drone storage sites, which were… pic.twitter.com/RERFU8abRY

— OSINTdefender (@sentdefender) July 19, 2026


Нападот во Јордан претставува една од најтешките загуби за американската војска во актуелниот конфликт. Со ова, бројот на загинати американски војници се искачи на 16, додека повеќе од 420 се повредени од почетокот на ескалацијата на судирите.

Во меѓувреме, врховниот лидер на Иран, ајатолахот Моџтаба Хамнеи, остро ги осуди американските воздушни напади и предупреди дека Вашингтон ќе плати висока цена за, како што рече, продолжувањето на агресијата. Тој порача дека САД и нивните сојузници ќе добијат „незаборавни лекции“ доколку конфликтот продолжи да се продлабочува.

Истовремено, Иран продолжи со ракетни и беспилотни напади врз американски и сојузнички цели во регионот. Според иранските државни медиуми, цел биле воени објекти во Јордан, Кувајт и Бахреин, како и логистички центри и радарски системи што ги користат американските сили. Иран, исто така, тврди дека уништил два американски борбени авиони, но ова тврдење засега не е независно потврдено.

Паралелно со воените операции, САД ја засилија безбедноста околу Ормутскиот Теснец – еден од најважните светски поморски коридори низ кој минува околу една петтина од глобалната трговија со нафта. Аналитичарите предупредуваат дека секое натамошно влошување на ситуацијата може сериозно да влијае врз светските пазари на енергенси и да ја прошири кризата на целиот Блиски Исток.

Меѓународната заедница во меѓувреме упатува повици за итна деескалација, предупредувајќи дека продолжувањето на директните судири меѓу САД и Иран носи ризик од многу поширок регионален конфликт со глобални последици.

Макси Златна Рипка – Државна Лотарија
Златна Треска – Државна Лотарија

Related Posts

Маск повторно побара Зеленски да се повлече: „Време е да си оди“

15.10.2026
Украина е во најголемата криза од почетокот на војната: Зеленски пред најтешката одлука досега

Зеленски: САД им се заканиле на моите генерали со прекин на разузнавачката соработка

15.10.2026

„Политико“ откри документ: Путин најде нов сојузник во ЕУ, се подготвува средба во Москва

15.10.2026

До пет години затвор во Чешка за поддршка на комунистички движења што ги потиснуваат човековите права

15.10.2026

Ограничена сателитска врска за украинската војска, пријавени неуспешни мисии

14.10.2026

„Подарок за противникот“: Дванаесет сенатори со писмо до Трамп за договорот со Путин

14.10.2026
Мега Милионер – Државна Лотарија
Дијамант – Државна Лотарија
Titanium – Државна Лотарија

Препорачани Вести

Во Росоман започна поставувањето на системот „Сејф Сити“

7 месеци ago

Бронза што сјае како злато: Младиот Дарјан Мирчевски ја израдува Македонија

4 месеци ago

Популарни Вести

  • Трифонов со навредливи пораки до Македонците: „Порано или подоцна ќе бидете асимилирани“

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Утре дожд и северен ветер, на повисоките планини се очекува слаб снег

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Кривична пријава против полициски службеник за фалсификување исправа

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Насилни протести во Албанија: Запалени делови од државни згради, 55 уапсени

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Утре без струја дел од Центар – Прекин од 9 до 13 часот

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Македонија
  • Економија
  • Република
  • Балкан
  • Свет
  • Црна Хроника
  • Скопје
  • Технологија
  • Спорт
  • Импресум

Булевар.мк © 2025 Сите права се задржани.

No Result
View All Result
  • Македонија
  • Економија
  • Република
  • Балкан
  • Свет
  • Црна Хроника
  • Скопје
  • Технологија
  • Магазин
  • Спорт

Булевар.мк © 2025 Сите права се задржани.