понеделник, октомври 19, 2026
No Result
View All Result
bulevar.mk
  • Македонија
  • Економија
  • Република
  • Балкан
  • Свет
  • Црна Хроника
  • Скопје
  • Технологија
  • Магазин
  • Спорт
  • Македонија
  • Економија
  • Република
  • Балкан
  • Свет
  • Црна Хроника
  • Скопје
  • Технологија
  • Магазин
  • Спорт
No Result
View All Result
bulevar.mk
No Result
View All Result
Home Економија

Драстично поскапување на горивата од полноќ

by Redakcija
20.07.2026
in Економија
benzin

Регулаторната комисија за енергетика, водни услуги и услуги за управување со комунален отпад (РКЕ) донесе нова одлука со која од полноќ значително се зголемуваат цените на нафтените деривати во земјава.

Според новата одлука, малопродажните цени во просек ќе бидат повисоки за 5,88 проценти во однос на претходната пресметка.

Најголем раст има кај дизел горивото, кое поскапува за шест денари по литар. Од 21 јули, ЕУРОДИЗЕЛ БС (Д-Е V) ќе се продава по максимална цена од 94 денари за литар.

Бензините исто така поскапуваат. ЕУРОСУПЕР БС-95 се зголемува за три денари и ќе чини 90 денари за литар, додека ЕУРОСУПЕР БС-98 ќе достигне цена од 92 денари за литар.

Повисока цена ќе има и екстра лесното масло за домаќинство (ЕЛ-1), кое поскапува за седум денари и ќе се продава по 93 денари за литар. Мазутот М-1 НС поскапува за 3,205 денари и новата цена ќе изнесува 45,373 денари за килограм.

Од РКЕ образложуваат дека зголемувањето е резултат на растот на референтните цени на нафтените деривати на светските пазари. Во споредба со претходната пресметка, бензините бележат раст од 9,003 проценти, дизелот од 14,963 проценти, екстра лесното масло за домаќинство од 13,200 проценти, а мазутот од 10,686 проценти.

При пресметката е земена предвид и одлуката на Владата за намалување на акцизите – за еден денар по литар кај бензините и за два денари по литар кај дизелот.

Новите максимални малопродажни цени ќе важат од 21 јули 2026 година во 00:01 часот. РКЕ напоменува дека станува збор за највисоки дозволени цени, а трговците имаат можност горивата да ги продаваат и по пониски цени.

…

Макси Златна Рипка – Државна Лотарија
Златна Треска – Државна Лотарија

Related Posts

Нова такса за онлајн-пратките во ЕУ: Од ноември се најавуваат дополнителни два евра по ставка

19.10.2026

Над 15.000 хотели бараат милијарди од „Букинг“: Спорни правилата за цените на сместувањето

19.10.2026

Од ноември нови платни налози и ИБАН-формат: Што се менува при плаќањето во банките?

19.10.2026

Македонската берза во пад: МБИ10 намален за 1,13 отсто, најголем промет со акциите на Макпетрол

19.10.2026

Колку ќе ве чини полн резервоар? Регулаторна објави нов ценовник

19.10.2026

Можно е дизелот да поевтини за уште два денари по литар

19.10.2026
Мега Милионер – Државна Лотарија
Дијамант – Државна Лотарија
Titanium – Државна Лотарија

Препорачани Вести

УЈП предупредува: Крајниот рок за ДДВ пријави трае до 27 април

6 месеци ago

Одземен полициски пиштол, со БМВ се дале во бегство на автопатот кон Тетово – кривични пријави против три лица

5 дена ago

Популарни Вести

  • Помош од Турција за албанската полиција: Воен авион донел два нови водени топови

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • НОВИ ДЕТАЛИ за обидот за двојно убиство во Скопје

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Утре без струја делови од Скопје: Проверете дали вашата улица е на списокот

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Утре без струја повеќе населени места во тетовско: Еве каде се најавени прекини

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Нова такса за онлајн-пратките во ЕУ: Од ноември се најавуваат дополнителни два евра по ставка

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Македонија
  • Економија
  • Република
  • Балкан
  • Свет
  • Црна Хроника
  • Скопје
  • Технологија
  • Спорт
  • Импресум

Булевар.мк © 2025 Сите права се задржани.

No Result
View All Result
  • Македонија
  • Економија
  • Република
  • Балкан
  • Свет
  • Црна Хроника
  • Скопје
  • Технологија
  • Магазин
  • Спорт

Булевар.мк © 2025 Сите права се задржани.