четврток, октомври 15, 2026
No Result
View All Result
bulevar.mk
  • Македонија
  • Економија
  • Република
  • Балкан
  • Свет
  • Црна Хроника
  • Скопје
  • Технологија
  • Магазин
  • Спорт
  • Македонија
  • Економија
  • Република
  • Балкан
  • Свет
  • Црна Хроника
  • Скопје
  • Технологија
  • Магазин
  • Спорт
No Result
View All Result
bulevar.mk
No Result
View All Result
Home Македонија

Владата испраќа 60.000 литри вода во Гостивар, Мицкоски: Граѓаните нема да бидат оставени сами

by Redakcija
21.07.2026
in Македонија

Владата продолжува со конкретни активности за справување со состојбата со водоснабдувањето во Гостивар. Премиерот Христијан Мицкоски денеска, одговарајќи на новинарско прашање за време на посетата на Општина Велес, соопшти дека Владата денеска ќе испорача дополнителни 60.000 литри вода за пиење за граѓаните на Гостивар.

Мицкоски нагласи дека водоснабдувањето е во надлежност на локалната самоуправа, но дека Владата не дозволила граѓаните да останат без поддршка и активно се вклучила во надминување на кризата.

Според премиерот, од денеска локалното јавно претпријатие треба да започне со процесот на прочистување на водоводниот систем, со цел во првата фаза водата повторно да може да се користи за технички потреби и одржување на личната хигиена, а потоа и целосно да се нормализира состојбата.

Мицкоски истакна дека институциите ќе продолжат внимателно да ја следат ситуацијата и ќе преземаат мерки сè додека кризата не биде целосно надмината.

Осврнувајќи се на одговорноста за настанатата состојба, премиерот порача дека морална одговорност треба да понесат сите, од прв до последен, во локалната власт во Гостивар.

„За кривичната одговорност ќе одлучува Обвинителството, тоа е работа на надлежните институции“, истакна Мицкоски.

Со испораката на нови количини вода и со активностите за прочистување на водоводниот систем, Владата продолжува со мерките за обезбедување помош за граѓаните и за што побрзо нормализирање на состојбата во Гостивар.

…

Макси Златна Рипка – Државна Лотарија
Златна Треска – Државна Лотарија

Related Posts

Утре дожд и северен ветер, на повисоките планини се очекува слаб снег

15.10.2026

Мицкоски: „Кромберг и Шуберт“ со нов проект во Битола и план за 2.000 работни места

15.10.2026

Крај на колоните на патарините? Се анализира нов модел

15.10.2026

Еден час повеќе за спиење: Еве кога го враќаме часовникот назад

15.10.2026

Милошоски: Едно вето е доволно за блокада на македонскиот јазик во ЕУ, тоа се „успесите“ на СДСМ и Филипче

15.10.2026

Русески останува на ставот и по три рочишта: Во „Пулс“ имало уредување, а не реконструкција

14.10.2026
Мега Милионер – Државна Лотарија
Дијамант – Државна Лотарија
Titanium – Државна Лотарија

Препорачани Вести

МНР ќе одлучува за дипломатски чекори по забраната за влез на адвокатот Менкиновски во Бугарија

Комесарот за човекови права на Советот на Европа ќе го испитува случајот со забраната за влез на Тони Менкиноски во Бугарија

6 месеци ago
tiktok

По една година забрана, TikTok повторно достапен во Албанија

8 месеци ago

Популарни Вести

  • Трифонов со навредливи пораки до Македонците: „Порано или подоцна ќе бидете асимилирани“

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Утре дожд и северен ветер, на повисоките планини се очекува слаб снег

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Кривична пријава против полициски службеник за фалсификување исправа

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Насилни протести во Албанија: Запалени делови од државни згради, 55 уапсени

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Утре без струја дел од Центар – Прекин од 9 до 13 часот

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Македонија
  • Економија
  • Република
  • Балкан
  • Свет
  • Црна Хроника
  • Скопје
  • Технологија
  • Спорт
  • Импресум

Булевар.мк © 2025 Сите права се задржани.

No Result
View All Result
  • Македонија
  • Економија
  • Република
  • Балкан
  • Свет
  • Црна Хроника
  • Скопје
  • Технологија
  • Магазин
  • Спорт

Булевар.мк © 2025 Сите права се задржани.