среда, ноември 18, 2026
No Result
View All Result
bulevar.mk
  • Македонија
  • Економија
  • Република
  • Балкан
  • Свет
  • Црна Хроника
  • Скопје
  • Технологија
  • Магазин
  • Спорт
  • Македонија
  • Економија
  • Република
  • Балкан
  • Свет
  • Црна Хроника
  • Скопје
  • Технологија
  • Магазин
  • Спорт
No Result
View All Result
bulevar.mk
No Result
View All Result
Home Балкан

Дали се закочи патот на Црна Гора кон ЕУ?

by Redakcija
23.07.2026
in Балкан

Хрватска порача дека решавањето на отворените билатерални прашања со Црна Гора е неопходен предуслов за успешно завршување на преговорите за членство на Подгорица во Европската Унија.

Во соопштение на хрватското Министерство за надворешни работи се наведува дека Загреб очекува напредок по неколку клучни прашања, меѓу кои се обештетување на поранешните затвореници во логорите, продолжување на потрагата по 14 исчезнати лица од времето на Војната за независност и процесуирање на сторителите на воени злосторства.

Хрватската страна бара и решавање на имотните прашања на хрватските семејства кои останале без имот во Црна Гора, зачувување на спомен-обележјето на местото на поранешниот логор Морин, продолжување на разговорите за поморската граница, како и враќање на школскиот брод „Јадран“.

„Остануваат само неколку месеци до крајот на 2026 година, па затоа уште еднаш ја повикуваме црногорската страна да се вклучи во конструктивен дијалог и да ја забрза работата на отворените прашања“, наведува хрватското Министерство.

И покрај овие барања, Црна Гора и понатаму се смета за најнапреден кандидат за членство во Европската Унија. Досега се привремено затворени 18 од вкупно 33 преговарачки поглавја, а Европската Унија веќе го одобри почетокот на изработката на нацрт-договорот за пристапување, што претставува последна фаза од преговорите.

Европската комисија усвои и финансиска рамка во вредност од речиси 3,2 милијарди евра, врз основа на проценката дека Црна Гора би можела да стане полноправна членка на Европската Унија во 2028 година.

Од Загреб потенцираат дека добрососедските односи остануваат еден од основните политички критериуми во процесот на проширување на ЕУ и дека нерешените билатерални прашања не смеат да го оптоваруваат пристапниот процес.

Макси Златна Рипка – Државна Лотарија
Златна Треска – Државна Лотарија

Related Posts

Сакскобурготски со порака до Софија: Историјата да им се остави на историчарите, Македонија да влезе во ЕУ

18.11.2026
Завршува тригодишниот процес во Хаг: На 16 септември пресуда за Хашим Тачи и поранешниот врв на ОВК

Хашим Тачи доби нова затворска казна во Хаг

18.11.2026

Колку се казните за зимска опрема на Балканот? Во Македонија 45 евра, во Црна Гора 150 евра

17.11.2026

Јогурт врз Лидија Вукиќевиќ: Инцидент пред конститутивната седница на српското Собрание

17.11.2026

ВИДЕО: Се урна воен авион во Србија: Станува збор за борбен авион „МиГ-29“

17.11.2026
Три автомобили опожарени за само три часа во Скопје

Горат автомобили и локали во Белград: Се проверуваат сомнежи за организирано рекетирање

16.11.2026
Мега Милионер – Државна Лотарија
Дијамант – Државна Лотарија
Titanium – Државна Лотарија

Препорачани Вести

МВР спроведува голема безбедноснa вежба на охридскиот аеродром

МВР спроведува голема безбедноснa вежба на охридскиот аеродром

7 месеци ago

Координација и зајакнување на институционалните капацитети во енергетскиот сектор

6 месеци ago

Популарни Вести

  • Сакскобурготски со порака до Софија: Историјата да им се остави на историчарите, Македонија да влезе во ЕУ

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Божиновска: Повеќе извори на снабдување и посилна регионална соработка за енергетска безбедност

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Општина Битола оддаде почит на борците од Првата егејска македонска ударна бригада

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Божиновска: Во Варшава ги претставуваме плановите за стратешки резерви и заштита на енергетската инфраструктура

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Македонија меѓу земјите со важни наоѓалишта на критични минерали, ЕУ ја препознава стратешката вредност на бакарот

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Македонија
  • Економија
  • Република
  • Балкан
  • Свет
  • Црна Хроника
  • Скопје
  • Технологија
  • Спорт
  • Импресум

Булевар.мк © 2025 Сите права се задржани.

No Result
View All Result
  • Македонија
  • Економија
  • Република
  • Балкан
  • Свет
  • Црна Хроника
  • Скопје
  • Технологија
  • Магазин
  • Спорт

Булевар.мк © 2025 Сите права се задржани.