сабота, ноември 21, 2026
No Result
View All Result
bulevar.mk
  • Македонија
  • Економија
  • Република
  • Балкан
  • Свет
  • Црна Хроника
  • Скопје
  • Технологија
  • Магазин
  • Спорт
  • Македонија
  • Економија
  • Република
  • Балкан
  • Свет
  • Црна Хроника
  • Скопје
  • Технологија
  • Магазин
  • Спорт
No Result
View All Result
bulevar.mk
No Result
View All Result
Home Магазин

Ова се 10-те најевтини летувалишта во Европа – вечера и кафе за џабе

by Redakcija
25.07.2026
in Магазин

Летување без пробивање на буџетот оваа година е најисплатливо во Португалија, Бугарија и Шпанија

Семејниот одмор на море ова лето може да чини двојно поевтино или поскапо во зависност од тоа каде патувате, покажува најновиот извештај на британската компанија „Post Office Travel Money“ за 2026 година, пренесува „Daily Mail“.

Истражувањето анализирало 22 популарни европски летувалишта и ги споредило цените на 10-те најчести туристички трошоци – од кафе, пиво, вино и безалкохолни пијалоци, до ручек, вечера за четиричлено семејство, крема за сончање и средство против инсекти.

Заклучокот е јасен – разликите никогаш не биле поголеми.

„Поради големите разлики во трошоците, важно е патниците да бидат добро информирани пред да патуваат за да знаат колку пари ќе им бидат потребни за секојдневните трошоци на одмор“, изјави Лаура Планкет, раководител на одделот за патни пари во компанијата.

Португалија на врвот

Убедлив победник е Алгарве во Португалија. Со просечна кошничка од околу 140 фунти за 10 основни производи, овој регион е прогласен за најдобра вредност за парите, а цените се дури и пониски од лани.

Таму кафе чини околу 1,30 фунти, пиво 2,60 фунти, а чаша вино 3,50 фунти.

Бугарија веднаш зад лидерот

Второто место го зазема Сончев Брег во Бугарија, каде што семејна вечера со пијалоци е меѓу најевтините во Европа.

Третото место му припадна на Ланзароте на Канарските Острови, а доминацијата на Шпанија ја потврдуваат и Менорка, Коста Брава, Тенерифе, Коста дел Сол и Коста Бланка, кои влегоа во топ 10.

Турција повеќе не е ефтина

Интересен е падот на Турција. Мармарис, кој лани беше на врвот како најевтин, оваа година падна на 7. место. И покрај слабата лира, цените таму скокнале за над 20% за една година.

Топ 10 ја затвора Пафос на Кипар.

Листа на 10 најевтини дестинации за 2026:

  1. Алгарве, Португалија
  2. Сончев Брег, Бугарија
  3. Ланзароте, Шпанија
  4. Менорка, Шпанија
  5. Коста Брава, Шпанија
  6. Тенерифе, Шпанија
  7. Мармарис, Турција
  8. Коста дел Сол, Шпанија
  9. Коста Бланка, Шпанија
  10. Пафос, Кипар

На спротивниот крај е Соренто во Италија – најскапото летувалиште во истражувањето. Само вечера за четири лица чини околу 150 фунти, а вкупните дневни трошоци достигнуваат 268 фунти, речиси двојно повеќе од Алгарве.

Извештајот открива и дека 85% од семејствата на крајот трошат повеќе од планираното, најмногу на храна и пијалоци.

…

Макси Златна Рипка – Државна Лотарија
Златна Треска – Државна Лотарија

Related Posts

Двајца пензионери месечно добиваат над 6.000 евра, но едниот оди во друга држава за да пазари поевтино

21.11.2026

Две покани за иста вечер и една порака што буди спомени: Што носи саботниот хороскоп?

21.11.2026

Неверојатно откритие кај Штип: Во античка Баргала постоела работилница за стакло стара 1.400 години

20.11.2026

Инстант лоз „Фрути“ – овошен спектар со сладок вкус на добивки

20.11.2026
Дневен хороскоп за 20 ноември: Искрени разговори, нови можности и неочекувани пресврти

Дневен хороскоп за 20 ноември: Искрени разговори, нови можности и неочекувани пресврти

20.11.2026

13 години чекање, а проблеми уште во првите 15 минути: GTA 6 предизвика поделени реакции

19.11.2026
Мега Милионер – Државна Лотарија
Дијамант – Државна Лотарија
Titanium – Државна Лотарија

Препорачани Вести

Вандали со мотори демолираат училишен двор во Аеродром, поднесени пријави против сторителите

5 месеци ago

Мицкоски најави големо намалување на цените на горивата

5 месеци ago

Популарни Вести

  • Претрес во Штип: Уапсен 33-годишник – МВР со детали

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Естонија ја затвора границата со Русија најмалку шест месеци

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Двајца пензионери месечно добиваат над 6.000 евра, но едниот оди во друга држава за да пазари поевтино

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Мицкоски во Делчево: Се реконструира здравствениот дом, започнува обновата на спортската сала

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Голем пад на биткоинот и американските берзи: Што се случува со светските финансиски пазари?

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Македонија
  • Економија
  • Република
  • Балкан
  • Свет
  • Црна Хроника
  • Скопје
  • Технологија
  • Спорт
  • Импресум

Булевар.мк © 2025 Сите права се задржани.

No Result
View All Result
  • Македонија
  • Економија
  • Република
  • Балкан
  • Свет
  • Црна Хроника
  • Скопје
  • Технологија
  • Магазин
  • Спорт

Булевар.мк © 2025 Сите права се задржани.