недела, септември 13, 2026
No Result
View All Result
bulevar.mk
  • Македонија
  • Економија
  • Република
  • Балкан
  • Свет
  • Црна Хроника
  • Скопје
  • Технологија
  • Магазин
  • Спорт
  • Македонија
  • Економија
  • Република
  • Балкан
  • Свет
  • Црна Хроника
  • Скопје
  • Технологија
  • Магазин
  • Спорт
No Result
View All Result
bulevar.mk
No Result
View All Result
Home Балкан

Вучиќ за можниот изборен пораз: Ќе им честитам, а потоа ќе им се смеам во лице и од притвор, и од затвор, и од гроб

by admin
26.07.2026
in Балкан
Вучиќ за можниот изборен пораз: Ќе им честитам, а потоа ќе им се смеам во лице и од притвор, и од затвор, и од гроб

Претседателот на Србија, Александар Вучиќ, изјави дека нема намера да ја напушти земјата доколку неговата Српска напредна партија (СНС) ги загуби претстојните избори, за чии можни термини во последните месеци сè почесто се говори во српската јавност.

Гостувајќи на телевизијата „Прва“, Вучиќ зборуваше за можниот изборен календар и оцени дека претседателските избори најверојатно би се одржале во јануари 2027 година, доколку парламентарните бидат распишани за октомври.

„Ако во октомври има парламентарни избори, можно е претседателските да бидат на крајот на декември или почетокот на јануари. Доколку парламентарните избори бидат во ноември, тогаш претседателските сигурно ќе бидат во јануари или можеби најдоцна во почетокот на февруари“, изјави Вучиќ.

Предвремени избори бараат студентското движење и дел од јавноста во Србија, во услови на повеќемесечни антивладини протести. Протестите започнаа по трагедијата во Нови Сад во 2024 година, кога при уривање на настрешницата на железничката станица загинаа 16 лица.

Демонстрантите ја обвинуваат власта за корупција и нефункционирање на институциите, додека студентското движење најави дека на изборите ќе настапи со сопствена листа.

Вучиќ, пак, тврди дека изборната листа на СНС ќе има значително повеќе млади кандидати од студентската.

„Ако граѓаните сакаат да гласаат за младост и иднина – ќе можат да гласаат за СНС. Ние ќе бидеме неспоредливо помлада листа од нивната, а јас ќе бидам меѓу постарите“, рече Вучиќ.

Тој додаде дека со гордост ќе биде дел од листата, без оглед на тоа на која позиција ќе биде поставен.

Говорејќи за можноста СНС да ги загуби изборите, српскиот претседател порача дека не се плаши од изборен пораз и дека, доколку противниците победат, ќе им честита, но истовремено јавно ќе го каже своето мислење за новата власт.

„Можно е да ги изгубиме изборите, но сепак ќе ги преброиме гласовите. Кога ќе победат на изборите, ќе им честитам и истата вечер ќе кажам дека најлошите можни дошле на власт. Ќе им се смеам во лице цело време – и од притвор, и од затвор, и од гроб, пркосно и гордо“, изјави Вучиќ.

Тој рече дека нема страв, освен од Бога, историскиот суд и судот на сопствениот народ.

Во интервјуто Вучиќ упати критики и кон Европа и САД поради поддршката што студентското движење ја добива од дел од меѓународната јавност. Тој ги обвини западните земји дека поддржуваат луѓе кои, според неговото тврдење, би можеле да го нарушат правниот поредок во Србија.

Истовремено, призна дека власта мора внимателно да ги слуша пораките на незадоволните граѓани и оцени дека дел од критиките се оправдани, особено кога станува збор за корумпирани и арогантни поединци во системот.

Вучиќ соопшти и дека преку платформата „Кој си бре ти?“, наменета за пријавување корупција и злоупотреба на овластувањата, досега пристигнале околу 10.000 пријави.

Според него, досега било одговорено на приближно 3.500 од поднесените пријави.

Related Posts

(ФОТО | ВИДЕО) Огнена стихија на Брач: Евакуирани 200 жители и туристи, пожарникарите се бореа до утрото

(ФОТО | ВИДЕО) Огнена стихија на Брач: Евакуирани 200 жители и туристи, пожарникарите се бореа до утрото

13.09.2026

Македонското друштво “Илинден“-Тирана ги осудува обидите на Софија со злоупотреба на здравјето на жителите во областа Преспа

12.09.2026

Македонците ќе плаќаат петпати поголем данок за имот во Грција?

12.09.2026

Голем пожар и серија експлозии во магацини со муниција во Бугарија

12.09.2026

Александар Македонски на мурал во Албанија претставен како дел од „албанската национална историја“

12.09.2026

Хрватска од следната година воведува доживотен затвор

11.09.2026

Препорачани Вести

Апсење во Крива Паланка – МВР со детали

7 месеци ago

Општина Битола ќе ја покрива членарината за млади спортисти од ранливи семејства

5 месеци ago

Популарни Вести

  • (ВИДЕО) Нападнат премин на украинско-полската граница, Сибиха: Теророт на Путин тропа на вратите на ЕУ и НАТО

    (ВИДЕО) Нападнат премин на украинско-полската граница, Сибиха: Теророт на Путин тропа на вратите на ЕУ и НАТО

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Николоски: Напролет почнува изградбата на железничката врска со скопскиот аеродром, патувањето ќе трае до 11 минути

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Недостаток на железо и анемија: Што да јадете и кои навики ја попречуваат апсорпцијата

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • (ВИДЕО) Французин без заштитна опрема се искачи на највисокиот облакодер во ЕУ, полицијата го чекаше на врвот

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Revolut измамен со лажно владино барање: Откриени чувствителни податоци на клиенти

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Македонија
  • Економија
  • Република
  • Балкан
  • Свет
  • Црна Хроника
  • Скопје
  • Технологија
  • Спорт
  • Импресум

Булевар.мк © 2025 Сите права се задржани.

No Result
View All Result
  • Македонија
  • Економија
  • Република
  • Балкан
  • Свет
  • Црна Хроника
  • Скопје
  • Технологија
  • Магазин
  • Спорт

Булевар.мк © 2025 Сите права се задржани.