понеделник, ноември 2, 2026
No Result
View All Result
bulevar.mk
  • Македонија
  • Економија
  • Република
  • Балкан
  • Свет
  • Црна Хроника
  • Скопје
  • Технологија
  • Магазин
  • Спорт
  • Македонија
  • Економија
  • Република
  • Балкан
  • Свет
  • Црна Хроника
  • Скопје
  • Технологија
  • Магазин
  • Спорт
No Result
View All Result
bulevar.mk
No Result
View All Result
Home Свет

Силен земјотрес од 7,1 степени ја потресе Јапонија, издадено предупредување за цунами

by Redakcija
28.07.2026
in Свет

Силен земјотрес со магнитуда од 7,1 степени ја погоди јужната јапонска префектура Кумамото, соопшти Јапонската метеоролошка агенција (JMA).

По потресот, властите издадоа предупредување за можен цунами со бранови високи до еден метар, а дополнителни предупредувања за вонредни земјотреси беа активирани за повеќе префектури на островот Кјушу, меѓу кои Нагасаки, Кагошима, Фукуока, Сага, Оита и Мијазаки.

Засега нема информации за сериозни последици во нуклеарните централи Сендаи и Генкаи. Од компанијата Kyushu Electric Power информираа дека не се забележани неправилности во нивното работење по земјотресот.

Поради потресот, железничкиот оператор JR Kyushu привремено ги прекина железничките линии, вклучително и брзите возови Шинкансен, додека трае проценката на состојбата на инфраструктурата и безбедноста на патниците.

На социјалните мрежи се појавија снимки од последиците од земјотресот, меѓу кои и оштетувања на делови од историскиот замок Кумамото.

Јапонија е една од најсеизмички активните земји во светот и се наоѓа во зоната позната како „Огнен прстен“ на Тихиот Океан. Во земјата се случуваат околу 20 проценти од светските земјотреси со магнитуда 6,0 или поголема.

…

Макси Златна Рипка – Државна Лотарија
Златна Треска – Државна Лотарија

Related Posts

Полска покрена безбедносна операција по предупредување за можни диверзии на границата со Русија

02.11.2026

Меркел ќе гласа за новиот германски претседател, се заложи функцијата да ја преземе жена

02.11.2026

Кој ќе го плати буџетскиот товар? Белгиската коалиција заглави, премиерот поднел оставка

02.11.2026
Лукашенко бара нови сојузници: Белорусија ги продлабочува односите со талибанците во Авганистан!

Лукашенко бара нови сојузници: Белорусија ги продлабочува односите со талибанците во Авганистан!

01.11.2026
ВИДЕО | Масовен напад со дронови врз Русија: Над 100 соборени летала, пријавен пожар во една од најголемите рафинерии!

ВИДЕО | Масовен напад со дронови врз Русија: Над 100 соборени летала, пријавен пожар во една од најголемите рафинерии!

01.11.2026
Путин со остра закана кон Европа: „Русија е подготвена за војна уште сега!“

Путин со остра закана кон Европа: „Русија е подготвена за војна уште сега!“

01.11.2026
Мега Милионер – Државна Лотарија
Дијамант – Државна Лотарија
Titanium – Државна Лотарија

Препорачани Вести

Крвав инцидент во Кисељак: 54-годишник пукал во сопругата и нејзината мајка

6 месеци ago

До пет години затвор во Чешка за поддршка на комунистички движења што ги потиснуваат човековите права

3 недели ago

Популарни Вести

  • Полска покрена безбедносна операција по предупредување за можни диверзии на границата со Русија

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • „Мекдоналдс“ се соочува со тужба поради популарниот сендвич: „Тоа воопшто не е тој дел од месото“

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Србин заминал на Малдиви, па таму доживеал пекол: „Луѓе, ова е депонија, а погледнете колку чини“

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Утре без струја повеќе улици во Скопје и цело Мралино

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Утре без струја повеќе делови од Тетово и околните села: Прекини до пет часа

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Македонија
  • Економија
  • Република
  • Балкан
  • Свет
  • Црна Хроника
  • Скопје
  • Технологија
  • Спорт
  • Импресум

Булевар.мк © 2025 Сите права се задржани.

No Result
View All Result
  • Македонија
  • Економија
  • Република
  • Балкан
  • Свет
  • Црна Хроника
  • Скопје
  • Технологија
  • Магазин
  • Спорт

Булевар.мк © 2025 Сите права се задржани.