четврток, ноември 26, 2026
No Result
View All Result
bulevar.mk
  • Македонија
  • Економија
  • Република
  • Балкан
  • Свет
  • Црна Хроника
  • Скопје
  • Технологија
  • Магазин
  • Спорт
  • Македонија
  • Економија
  • Република
  • Балкан
  • Свет
  • Црна Хроника
  • Скопје
  • Технологија
  • Магазин
  • Спорт
No Result
View All Result
bulevar.mk
No Result
View All Result
Home Свет

Илјадници мигранти ја пробија границата на Сеута, Шпанија прогласи аларм

by Redakcija
31.07.2026
in Свет

Screenshot

Илјадници мигранти пристигнаа на територијата на шпанската енклава Сеута откако успеале да ја пробијат полициската контрола и да ја преминат границата од мароканска страна, соопштија шпанските власти.

Според информациите на шпанските медиуми, меѓу 2.000 и 3.000 лица влегле во Сеута преку морскиот насип Тарахал, а дел од нив ја преминале границата со прескокнување на оградите. Цивилната гарда соопшти дека мигрантите пристигнувале во голем број по морски пат.

Ситуацијата предизвика сериозна загриженост кај локалните власти. Претседателот на автономната област Сеута, Хуан Хесус Вивас, побара од шпанската влада прогласување вонредна состојба и распоредување на војската за обезбедување на границата.

Сеута и Мелиља се единствените копнени граници на Европската Унија со Африка и со години се меѓу најчестите точки за обиди за нелегално преминување кон Европа.

Активисти за правата на мигрантите велат дека најновиот бран потсетува на кризата од 2021 година, кога околу 10.000 луѓе влегоа во Сеута за неколку дена.

Шпанското Министерство за внатрешни работи соопшти дека е во контакт со мароканските власти и дека се работи на спречување на нелегалните преминувања, обвинувајќи ги криминалните мрежи за криумчарење луѓе дека ја искористуваат ситуацијата.

Најновиот прилив на мигранти доаѓа само неколку дена по претходниот обид, кога повеќе од 1.500 лица пристигнаа во Сеута по морски пат.

Макси Златна Рипка – Државна Лотарија
Златна Треска – Државна Лотарија

Related Posts

Лажни вина, препакувано месо и фалсификувана храна: Разбиени 18 криминални групи во 57 земји

26.11.2026

Уапсен висок руски генерал по серијата украински напади со дронови: Осомничен е за примање огромен поткуп

26.11.2026

Путин: Трамп побара од Украина да престане со нападите врз Русија, но Киев не го слуша – одмаздата е неизбежна

25.11.2026

Лукашенко му понуди на Зеленски заедно да одат во Москва: „Ќе седам до него и ќе му ја гарантирам безбедноста“

25.11.2026

Медведев со нова нуклеарна закана: Русија не само што има право, туку во одредени ситуации е должна да употреби нуклеарно оружје

24.11.2026

ВОЈНАТА СЕ ШИРИ НА ДВЕ МОРИЊА: Украина нападна руски бродови од Финскиот Залив до Либија

24.11.2026
Мега Милионер – Државна Лотарија
Дијамант – Државна Лотарија
Titanium – Државна Лотарија

Препорачани Вести

Хормуз блокиран: Над 150 танкери заглавени поради конфликти во регионот

9 месеци ago
Уметничките дела на Џони Деп ќе бидат изложени во Германија: Достигнуваат вредност и до шест цифри

Уметничките дела на Џони Деп ќе бидат изложени во Германија: Достигнуваат вредност и до шест цифри

7 месеци ago

Популарни Вести

  • Лажни вина, препакувано месо и фалсификувана храна: Разбиени 18 криминални групи во 57 земји

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Кривична пријава против Вучиќ и Брнабиќ: Сомневања за штета од над 1,2 милијарди евра во „Телеком Србија“

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Мицкоски за правосудниот испит: Доставивме предлог до Венецијанска и се чека нивното мислење кое е задолжително за преговорите со ЕУ, претходно 20 години никој не барал решение

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Финансиската полиција откри голема даночна измама

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Вучиќ најави штрајк со глад: „Ќе им забранам на лекарите да ми пружат помош, нема враќање назад“

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Македонија
  • Економија
  • Република
  • Балкан
  • Свет
  • Црна Хроника
  • Скопје
  • Технологија
  • Спорт
  • Импресум

Булевар.мк © 2025 Сите права се задржани.

No Result
View All Result
  • Македонија
  • Економија
  • Република
  • Балкан
  • Свет
  • Црна Хроника
  • Скопје
  • Технологија
  • Магазин
  • Спорт

Булевар.мк © 2025 Сите права се задржани.