среда, октомври 28, 2026
No Result
View All Result
bulevar.mk
  • Македонија
  • Економија
  • Република
  • Балкан
  • Свет
  • Црна Хроника
  • Скопје
  • Технологија
  • Магазин
  • Спорт
  • Македонија
  • Економија
  • Република
  • Балкан
  • Свет
  • Црна Хроника
  • Скопје
  • Технологија
  • Магазин
  • Спорт
No Result
View All Result
bulevar.mk
No Result
View All Result
Home Македонија

Ахмети со честитка за Илинден: Македонија може да напредува само со еднаквост и меѓусебна почит

by admin
02.08.2026
in Македонија
Ахмети со честитка за Илинден: Македонија може да напредува само со еднаквост и меѓусебна почит

По повод Денот на Републиката – 2 Август, претседателот на Демократската унија за интеграција (ДУИ), Али Ахмети, упати честитка во која се осврнува на историското значење на Илинден, но и на актуелните политички состојби во земјата, нагласувајќи дека слободата и заедничката иднина можат да се градат само врз принципите на еднаквост, почит и соживот.

Во својата порака, Ахмети истакнува дека 2 Август потсетува на еден од највозвишените идеали од заедничката историја – уверувањето дека државата не треба да се гради врз надмоќ, туку врз рамноправност меѓу сите нејзини граѓани.

Според него, духот на Крушевската Република останува симбол на држава во која Македонците, Албанците и сите други заедници ќе ја делат одговорноста за заедничката иднина.

Ахмети оценува дека, повеќе од еден век подоцна, државата се оддалечува од тој идеал. Наместо партнерство и инклузивност, како што наведува, повторно се промовира логика на доминација и исклучување.

Тој тврди дека Албанците се сè повеќе маргинализирани во повеќе клучни области, меѓу кои државната администрација и институциите, дипломатијата и безбедносниот сектор, правосудството, здравството, образованието, економијата, како и во процесите на донесување стратешки одлуки.

Во честитката се посочува и дека Охридскиот рамковен договор, кој Ахмети го нарекува современо продолжение на Крушевскиот манифест, денес се соочува со обиди за негово деградирање.

Тој наведува дека нападите врз службената употреба на албанскиот јазик, укинувањето на механизмот за правична застапеност – познат како балансер, слабеењето на механизмите за заштита од мајоризација и, како што вели, промовирањето на моноетнички концепт претставуваат сериозни сигнали за погрешниот правец во кој се движи државата.

Ахмети дополнително оценува дека овие политики се овозможени и со поддршка од дел од албанските претставници во актуелната власт, за кои вели дека наместо да ги застапуваат интересите на граѓаните, избрале потчинување и немаат легитимитет да зборуваат во име на еднаквоста.

Во својата порака тој нагласува дека определбата на Албанците останува непроменета – заедничка, унитарна, демократска и европска Северна Македонија, во која сите граѓани ќе бидат еднакво вреднувани и ќе имаат еднакви права.

Ахмети порачува дека иднината на државата не треба да се гради врз поделби, страв и исклучување, туку врз меѓусебна почит, еднаквост и искрено партнерство, како единствен пат кон праведно општество, цврсто втемелено во НАТО и интегрирано во Европската Унија.

Макси Златна Рипка – Државна Лотарија
Златна Треска – Државна Лотарија

Related Posts

Кој ќе добие постојано работно место? Нов предлог за ангажираните во државните институции

27.10.2026

Мицкоски: Целта е јасна – да бидеме земја во која трудот се почитува, знаењето се вреднува, а работата обезбедува достоинствен живот

27.10.2026

Николоски: Извозот е прв приоритет за домашната економија

27.10.2026

Каде се може да патувате со македонски пасош?

27.10.2026

Промени во сообраќајот кон Охрид: Работи на делницата до клучката Арбиново

27.10.2026

Преку официјалната веб-страница loto.mk, Државна лотарија ја нуди можноста за онлајн играње на најпопуларните игри на среќа – Лото 7 и Џокер

27.10.2026
Мега Милионер – Државна Лотарија
Дијамант – Државна Лотарија
Titanium – Државна Лотарија

Препорачани Вести

Двојна експлозија во Дамаск кај хотелот каде престојувал Макрон – има загинати и повредени

4 месеци ago

Проданоски: Младите музичари се гордост на Прилеп и иднина на културата

5 месеци ago

Популарни Вести

  • Вечерва е уапсено уште едно лице осомничено за убиствата во Ѓорче Петров!

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • ВИДЕО: Снег вее на Стража

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Улици и населби во пет скопски општини утре без струја

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Делови од Тетово и повеќе тетовски села утре без електрична енергија

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Меџити: Средбата со Хаџиу е потврда на блиските односи меѓу Македонија и Косово

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Македонија
  • Економија
  • Република
  • Балкан
  • Свет
  • Црна Хроника
  • Скопје
  • Технологија
  • Спорт
  • Импресум

Булевар.мк © 2025 Сите права се задржани.

No Result
View All Result
  • Македонија
  • Економија
  • Република
  • Балкан
  • Свет
  • Црна Хроника
  • Скопје
  • Технологија
  • Магазин
  • Спорт

Булевар.мк © 2025 Сите права се задржани.