среда, октомври 7, 2026
No Result
View All Result
bulevar.mk
  • Македонија
  • Економија
  • Република
  • Балкан
  • Свет
  • Црна Хроника
  • Скопје
  • Технологија
  • Магазин
  • Спорт
  • Македонија
  • Економија
  • Република
  • Балкан
  • Свет
  • Црна Хроника
  • Скопје
  • Технологија
  • Магазин
  • Спорт
No Result
View All Result
bulevar.mk
No Result
View All Result
Home Македонија

Мицкоски од Пелинце: Илинден е доказ дека македонскиот народ никогаш не може да биде покорен

by admin
02.08.2026
in Македонија, Република
Мицкоски од Пелинце: Илинден е доказ дека македонскиот народ никогаш не може да биде покорен

Премиерот Христијан Мицкоски денеска од Меморијалниот центар АСНОМ во Пелинце, по повод одбележувањето на 2 Август – Илинден, Денот на Републиката, порача дека Илинден не е само историски датум, туку завет, карактер и најсилен доказ за непокорливоста на македонскиот народ.

Во своето обраќање тој истакна дека Илинден претставува симбол на слободата, државноста и истрајноста, нагласувајќи дека постојат народи кои можат да бидат окупирани, напаѓани, предавани и потценувани, но никогаш покорени.

„Илинден не е само датум, тој е и завет, но и карактер. Илинден е најсилниот доказ дека постојат народи кои можат да бидат окупирани, можат да бидат напаѓани, можат да бидат предавани, можат да бидат потценувани, но никогаш не можат да бидат покорени, затоа што слободата не започнува на границите на една држава, туку во срцето на еден народ“, порача Мицкоски.

Тој нагласи дека денеска не се одбележува само уште еден државен празник, туку се оддава почит на идеалите, жртвите и луѓето кои своите животи ги посветиле на слободата и иднината на Македонија.

Според премиерот, двата Илиндена – Илинденското востание од 1903 година и Првото заседание на АСНОМ во 1944 година – претставуваат единствен историски континуитет.

„Крушево и АСНОМ не се две различни приказни, туку две страници од истата книга, напишана со вера, храброст и непоколеблива одлучност Македонија да биде своја, достоинствена и слободна“, рече Мицкоски.

Тој потсети дека во Крушево се родила идејата дека слободата вреди повеќе од животот, додека на АСНОМ, во манастирот „Св. Прохор Пчињски“, таа идеја добила своја државотворна форма.

Во своето обраќање премиерот ги истакна Никола Карев, претседателот на Крушевската Република, и Методија Андонов-Ченто, првиот претседател на АСНОМ, како две историски личности кои ги предводеле двата најзначајни процеси во македонската историја.

Тој посочи дека делегатите на Првото заседание на АСНОМ свесно го поврзале создавањето на современата македонска држава со идеалите на Илинденското востание од 1903 година.

„Основата на која ја граделе македонската држава ја пронашле 41 година наназад, во македонскиот Илинден од 1903 година, врз темелите на борбата на комитите и војводите кои го развеале знамето на Крушевската Република и се бореле за слободна и автономна Македонија, чиј патрон е организацијата ВМРО“, истакна Мицкоски.

Премиерот потсети дека историскиот континуитет меѓу двата Илиндена бил јасно вграден во документите на АСНОМ како еден од главните столбови на македонската државност и национален идентитет.

Осврнувајќи се на Декларацијата за основните права на граѓаните во Македонија, усвоена на Првото заседание на АСНОМ, Мицкоски истакна дека документот бил инспириран од принципите на Француската револуција од 1789 година.

Тој нагласи дека декларацијата ги гарантирала слободата на говорот, правото на национална припадност, слободата на движење, избирачкото право, вклучително и правото на глас на жените, слободата на вероисповед и правото на приватна сопственост.

Според него, со тој документ новоформираната македонска држава не била претставена само како држава со социјалистичко општествено уредување, туку и како држава со елементи на граѓанско политичко уредување.

Мицкоски истакна дека автор на Декларацијата бил Владимир Полежиновски, доктор по правни науки и еден од најобразованите делегати на АСНОМ, кој учествувал во изработката на голем дел од документите усвоени на историското заседание.

Во своето обраќање премиерот нагласи дека антифашизмот останува трајна определба на Македонија, додавајќи дека благодарение на тогашното македонско воено и политичко раководство земјата избегнала идеолошка граѓанска војна, каква што се случувала во други делови од поранешна Југославија за време на Втората светска војна.

Тој потенцираше дека со одлуките донесени на 2 август 1944 година, македонските борци ја потврдиле самостојноста и автохтониот карактер на македонската државност.

„Македонското народноослободително движење, македонските партизани и македонската војска, со сопствени сили и без ничија помош однадвор, ја ослободија Македонија од окупаторите. Слободата на Македонија не ја донесе никој однадвор – македонскиот народ и сите националности сами се изборија за својата државност и ги остварија вековните идеали на ајдутите, комитите, војводите, партизаните и на сите знајни и незнајни борци низ децениите“, порача премиерот Христијан Мицкоски во своето обраќање од Пелинце по повод одбележувањето на Илинден – Денот на Републиката.

Макси Златна Рипка – Државна Лотарија
Златна Треска – Државна Лотарија

Related Posts

Коњановски: Со координирано следење до подобра животна средина во Битола

07.10.2026

Официјална потврда за средбата во Софија: Муцунски и Петрова ќе разговараат за отворените прашања

07.10.2026

Токму кога почнаа проверките – пресечени гумите на возилата на Центарот за социјални работи

07.10.2026

Меџити: Изборот на Јустина Широка Пула е важен чекор за Косово

07.10.2026
Мицкоски: Транзицијата остави трага во колективната меморија и ги поттикна младите на иселување

Мицкоски: Македонска економија е многу постабилна од било која економија во регионот

07.10.2026

Европските даночни советници доаѓаат во Скопје: ИСОС домаќин на Собранието на CFE Tax Advisors Europe во 2027

07.10.2026
Мега Милионер – Државна Лотарија
Дијамант – Државна Лотарија
Titanium – Државна Лотарија

Препорачани Вести

Одговорот на Москва: Русија создаде оружје што не познава граници

6 месеци ago

Шефот на Мосад: Израел има длабок увид во тајните структури на Иран и Хезболах

5 месеци ago

Популарни Вести

  • Коњановски: Со координирано следење до подобра животна средина во Битола

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Приведен виш обвинител од Битола: При претресот му се одземени шест телефони, УСБ и компјутер

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Ауди излетало од патот Тетово–Гостивар: Четворица повредени

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Официјална потврда за средбата во Софија: Муцунски и Петрова ќе разговараат за отворените прашања

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Токму кога почнаа проверките – пресечени гумите на возилата на Центарот за социјални работи

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Македонија
  • Економија
  • Република
  • Балкан
  • Свет
  • Црна Хроника
  • Скопје
  • Технологија
  • Спорт
  • Импресум

Булевар.мк © 2025 Сите права се задржани.

No Result
View All Result
  • Македонија
  • Економија
  • Република
  • Балкан
  • Свет
  • Црна Хроника
  • Скопје
  • Технологија
  • Магазин
  • Спорт

Булевар.мк © 2025 Сите права се задржани.