сабота, ноември 7, 2026
No Result
View All Result
bulevar.mk
  • Македонија
  • Економија
  • Република
  • Балкан
  • Свет
  • Црна Хроника
  • Скопје
  • Технологија
  • Магазин
  • Спорт
  • Македонија
  • Економија
  • Република
  • Балкан
  • Свет
  • Црна Хроника
  • Скопје
  • Технологија
  • Магазин
  • Спорт
No Result
View All Result
bulevar.mk
No Result
View All Result
Home Свет

Данска воведува задолжителен воен рок за жените, наместо четири, ќе трае 11 месеци

by Redakcija
04.08.2026
in Свет

Данска ќе воведе задолжителен воен рок за жените една година порано од првично планираното – од 1 јули 2025 година, потврди министерот за одбрана Троелс Лунд Поулсен.

Досега жените во данската армија можеа да учествуваат само на доброволна основа, додека мажите се обврзани да служат доколку се извлечени преку еден вид лотариски систем, што се користи во случај на недостиг на волонтери.

-Поради моменталната безбедносна ситуација, вооружените сили мора да привлечат повеќе регрути, рече Поулсен.

Воведувањето на обврската за жените е договорено во соработка со мнозинството парламентарни партии, а новиот правилник предвидува подолг стаж – наместо претходните четири месеци, ќе трае 11 месеци.

-Ова е важен чекор напред кон целосна рамноправност меѓу жените и мажите, рече данскиот министер, а пренесува „Дифенс пост“.

Годишната „лотарија“ сè уште ќе се применува, но само ако не се пријават доволно волонтери во дадена година.

Данска во февруари објави дека во периодот 2026-2027 година ќе инвестира дополнителни 6,8 милијарди евра во одбраната, откако претходната година веќе го зголеми буџетот за одбрана за 5,4 милијарди.

Со овој потег земјата и се приклучи на Норвешка, првата членка на НАТО која во 2015 година воведе задолжителен воен рок за жените, и Шведска, која го врати воениот рок во 2017 година, а исто така го прошири и на жените.

…

Макси Златна Рипка – Државна Лотарија
Златна Треска – Државна Лотарија

Related Posts

Пукање на главниот плоштад во Краков: Петмина загинати, најмалку 12 повредени

07.11.2026

Франција може да стане последната пречка за влез на нови членки во ЕУ

07.11.2026

До 20 милиони долари за информации – Што точно бара Вашингтон?

07.11.2026

Лозинката била „12345“: Нови детали за нападите врз ладилниците во европските супермаркети

07.11.2026

Подземни „ракетни градови“ и најава за ново оружје: Што тврди иранската гарда?

07.11.2026

Кличко ги повика жителите на Киев да се подготват и за најлошото сценарио зимава

07.11.2026
Мега Милионер – Државна Лотарија
Дијамант – Државна Лотарија
Titanium – Државна Лотарија

Препорачани Вести

Македонската заедница во Албанија: Културното богатство не преставува проблем кон никого

9 месеци ago

Промет од 7.256.768 денари, со раст на МБИ10 и најголема активност кај банкарските акции

7 месеци ago

Популарни Вести

  • Кошутиќ: Очекувам Обвинителството да ги разгледа ревизорските наоди за ЖРСМ Транспорт

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Пукање на главниот плоштад во Краков: Петмина загинати, најмалку 12 повредени

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Франција може да стане последната пречка за влез на нови членки во ЕУ

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Возач не застанал на полициска наредба, па со „мерцедес“ удрил полицаец во Тетово

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Рама вели дека Албанија не е Србија, во Тирана се изрекуваат казни за демонстрантите

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Македонија
  • Економија
  • Република
  • Балкан
  • Свет
  • Црна Хроника
  • Скопје
  • Технологија
  • Спорт
  • Импресум

Булевар.мк © 2025 Сите права се задржани.

No Result
View All Result
  • Македонија
  • Економија
  • Република
  • Балкан
  • Свет
  • Црна Хроника
  • Скопје
  • Технологија
  • Магазин
  • Спорт

Булевар.мк © 2025 Сите права се задржани.