среда, ноември 4, 2026
No Result
View All Result
bulevar.mk
  • Македонија
  • Економија
  • Република
  • Балкан
  • Свет
  • Црна Хроника
  • Скопје
  • Технологија
  • Магазин
  • Спорт
  • Македонија
  • Економија
  • Република
  • Балкан
  • Свет
  • Црна Хроника
  • Скопје
  • Технологија
  • Магазин
  • Спорт
No Result
View All Result
bulevar.mk
No Result
View All Result
Home Македонија

ИЈЗ предупредува на опасност од сончев удар: Почитувајте ги препораките

by Redakcija
04.08.2026
in Македонија

Институтот за јавно здравје (ИЈЗ) ги повика граѓаните да бидат особено внимателни за време на топлотниот бран што ќе трае до 7 август и да ги почитуваат препораките за заштита од високите температури, особено во периодот од 11:00 до 17:00 часот, кога ризикот од изложување на сонце е најголем.

Од ИЈЗ предупредуваат дека кога температурата на воздухот се приближува или ја надминува нормалната телесна температура, организмот потешко се лади, а високата влажност дополнително го отежнува испарувањето на потта. Тоа може да доведе до прегревање на телото и појава на симптоми како слабост, вртоглавица, гадење, прекумерно потење, сува кожа и мускулни грчеви.

Во потешки случаи може да дојде до сончев удар, кој се манифестира со многу топла и сува кожа, престанок на потење, конфузија, забрзано чукање на срцето, отежнато дишење, губење на свеста и други сериозни последици.

Најризични категории се лицата постари од 60 години, децата, бремените жени, лицата со хронични заболувања, како и работниците кои работат на отворено.

ИЈЗ препорачува граѓаните да избегнуваат директно изложување на сонце во најтоплиот дел од денот, да носат лесна и светла облека, капа и очила за сонце, да престојуваат во разладени простории и редовно да внесуваат доволно течности, пред сè вода. Се советува да се избегнуваат алкохол, пијалоци со кофеин, како и тешка и висококалорична храна.

Дополнително, Институтот предупредува никогаш да не се оставаат деца, стари лица или домашни миленици во затворено возило, бидејќи температурата во автомобилот за кратко време може да достигне опасно високо ниво.

Лицата со хронични заболувања треба редовно да ја земаат пропишаната терапија и при каква било промена на здравствената состојба да се консултираат со својот матичен лекар.

Во случај на појава на симптоми на топлотен удар или ако лице е во несвест, ИЈЗ апелира веднаш да се повика Итната медицинска помош на 194 или на единствениот број за итни случаи 112, а до пристигнувањето на медицинските екипи лицето да се премести на ладно место и да се разладува со ладни облоги.

…

Макси Златна Рипка – Државна Лотарија
Златна Треска – Државна Лотарија

Related Posts

Мицкоски: Членството во ЕУ значи промена со додавање вредности, а не промена на идентитет

04.11.2026

Планирате патување во Дубаи? Директните летови од Скопје се враќаат

04.11.2026

Возачите ги научиле камерите – МВР подготвува нов начин за снимање прекршоци

04.11.2026

Нешто посебно, нешто вкусно: нови медитерански вкусови во Веро

04.11.2026

Мицкоски: „Гересхајмер“ со нова инвестиција, нови капацитети и над 1.000 нови работни места

03.11.2026
Приходите растат, добивките се разидуваат: што покажуваат деветмесечните биланси на големите компании

Приходите растат, добивките се разидуваат: што покажуваат деветмесечните биланси на големите компании

03.11.2026
Мега Милионер – Државна Лотарија
Дијамант – Државна Лотарија
Titanium – Државна Лотарија

Препорачани Вести

Дете каснато од куче во Тетовско

4 месеци ago

Макрон испраќа француски војници и противвоздушна одбрана во Саудиска Арабија

1 месец ago

Популарни Вести

  • Еве до кога се очекуваат парите од „МојДДВ“

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Можат ли сега демократите да го сменат Трамп?

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • ЕУ објави упатства за граѓаните: Подгответе залихи и торба за три дена

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Нападнал патници и возач во автобус, оштетил автомобил и нападнал полицајци – Приведен скопјанец

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Самрак на вековниот симбол на шведската индустрија

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Македонија
  • Економија
  • Република
  • Балкан
  • Свет
  • Црна Хроника
  • Скопје
  • Технологија
  • Спорт
  • Импресум

Булевар.мк © 2025 Сите права се задржани.

No Result
View All Result
  • Македонија
  • Економија
  • Република
  • Балкан
  • Свет
  • Црна Хроника
  • Скопје
  • Технологија
  • Магазин
  • Спорт

Булевар.мк © 2025 Сите права се задржани.