петок, септември 18, 2026
No Result
View All Result
bulevar.mk
  • Македонија
  • Економија
  • Република
  • Балкан
  • Свет
  • Црна Хроника
  • Скопје
  • Технологија
  • Магазин
  • Спорт
  • Македонија
  • Економија
  • Република
  • Балкан
  • Свет
  • Црна Хроника
  • Скопје
  • Технологија
  • Магазин
  • Спорт
No Result
View All Result
bulevar.mk
No Result
View All Result
Home Економија

Министерството за енергетика: Македонија внимателно ја следи состојбата во Европа – домашниот електроенергетски систем останува стабилен и подготвен

by Redakcija
05.08.2026
in Економија, Топ Вести

Screenshot

Министерството за енергетика, рударство и минерални суровини континуирано ја следи состојбата во регионот и во Европа, како и домашните хидролошки показатели. Според расположливите податоци, состојбата во Македонија е стабилна и во моментов не постојат индикации дека ниските водостои во Европа претставуваат ризик за сигурноста на домашното производство на електрична енергија.

Министерството, заедно со АД ЕСМ, АД МЕПСО и останатите надлежни институции, редовно ги следи хидролошките параметри, расположливите резерви и прогнозите, со цел навремено да се преземат сите потребни мерки доколку условите се променат. 

Состојбата со акумулациите во моментов е стабилна и овозможува сигурно управување со домашниот хидропотенцијал. Хидропотенцијалот е со вкупна исполнетост на акумулациите од околу 70 проценти. Тоа овозможува да се одговори на актуелните потреби во рамките на планираното производство

Домашните акумулации се управуваат внимателно и согласно оперативните планови, што овозможува сигурно производство на електрична енергија и стабилно функционирање на електроенергетскиот систем. Истовремено, хидроелектраните продолжуваат да обезбедуваат и системски услуги неопходни за одржување на стабилноста на електроенергетската мрежа.

Показателите за домашното производство се охрабрувачки. Според податоците на Државниот завод за статистика, во мај годинава во Македонија се произведени 462.653 MWh електрична енергија, со што се покриени 96,5 проценти од домашната потрошувачка што претставува значително повисоко учество на домашното производство во обезбедувањето на потребите на државата. Во исто време, податоците од АД ЕСМ покажуваат значително зголемување на производството од хидроелектраните – за 76 проценти во однос на истиот период минатата година, како и раст од околу 10 проценти кај ветерните електрани.

Овие резултати се потврда дека постепената диверзификација на производните капацитети, внимателното управување со акумулациите и подобреното планирање придонесуваат за поголема отпорност на македонскиот енергетски систем во услови на сè почести климатски промени.

Паралелно се инвестира во нови капацитети за производство од обновливи извори, во модернизација на електроенергетската инфраструктура, во развој на батериски системи за складирање на електрична енергија, како и во проекти што ќе овозможат поголема флексибилност и побрзо прилагодување на системот во услови на климатски и пазарни промени.

Во тек е изградбата на втората фаза од ветерниот парк „Богданци“, со што неговиот инсталиран капацитет ќе достигне 50 MW, а започнуваат и активностите за реализација на фотонапонските електрани „Битола 1“ и „Осломеј 2“, додека подготовките за „Битола 2“ и „Битола 3“ се во напредна фаза. Истовремено, се создаваат услови за поширока примена на системи за складирање на електрична енергија, кои ќе овозможат поефикасно искористување на обновливите извори и поголема стабилност на системот.

Покрај домашното производство, значајна улога има и регионалната енергетска поврзаност. Интензивно се реализира проектот за гасниот интерконектор со Грција, кој ќе овозможи пристап до нови извори на природен гас, а паралелно се подготвува и реализацијата на интерконекторот со Србија. Истовремено, Македонија обезбеди покана за приклучување кон Вертикалниот гасен коридор – една од најзначајните европски иницијативи за диверзификација на снабдувањето со природен гас и зајакнување на енергетската стабилност во Југоисточна, Централна и Источна Европа. Со ова приклучување во координирана европска мрежа од национални гасоводи, интерконектори и терминали преку кои природниот гас ќе може да се движи по повеќе правци, од југ кон север на Европа, значително се зголемува и стратешката вредност на интерконекторите со Грција и Србија. Наместо да бидат само национални проекти, стануваат дел од поширока европска транспортна мрежа, што ќе овозможи подобро искористување на капацитетите, поголема флексибилност и повисоко ниво на сигурност во снабдувањето, а со тоа земјата станува и важна транзитна точка за снабдување со гас во регионот и Европа

Последните глобални енергетски кризи уште еднаш потврдија дека енергетската независност денес претставува едно од најважните мерила за отпорноста на секоја современа држава. Државите кои инвестираат во сопствено производство и во диверзифицирани енергетски врски се поотпорни на надворешни шокови, поконкурентни и поуспешно ги штитат интересите на своите граѓани и економија. Климатските промени претставуваат сериозен фактор што мора да биде земен предвид при планирањето на националните енергетски политики.

Министерството за енергетика, рударство и минерални суровини продолжува со долгорочни политики насочени кон поголемо домашно производство, јакнењето на енергетската отпорност преку диверзификација на производните извори, инвестиции во обновливи извори на енергија, модернизација на електроенергетската инфраструктура, развој на складирање на енергија и унапредување на регионалната енергетска поврзаност. Истовремено, продолжува и процесот на подобрување на системите за планирање, следење и управување со ризици, со цел енергетскиот сектор да биде подготвен за сè поизразените климатски предизвици.

Министерството ќе продолжи внимателно да ја следи состојбата во земјата и регионот и навремено ќе ја информира јавноста за сите релевантни информации, со единствена цел – обезбедување стабилно, сигурно и одржливо снабдување со електрична енергија за граѓаните и стопанството.

…

Related Posts

Македонската берза во пад: МБИ10 намален за 0,53 отсто, најголем промет со акциите на Комерцијална банка

17.09.2026

Божиновска: Секој млад човек заслужува шанса да покаже што знае и што може

17.09.2026

Саудиска Арабија прекина дел од испораките на нафта за Европа

17.09.2026

Димитриеска-Кочоска: Го зајакнуваме партнерството со ЦЕБ – инвестираме во образование, дигитализација и економски развој

17.09.2026

Николоски: Челични конструкции колку 11 катници се спуштаат во земјата за да се стабилизира земјиштето и изгра и изгради најтешкиот дел од автопатот Охрид – Кичево

17.09.2026

Енергетската заедница со позитивна оценка: Македонија напредува со обновливите извори

17.09.2026

Препорачани Вести

sud

Судскиот процес за „Пулс“ се надградува со одлуката на ОЈО ГОКК за полицајците

8 месеци ago

Апсење и претреси во Штип – МВР со детали

5 месеци ago

Популарни Вести

  • Нападнал полицаец со остар предмет – поднесена кривична пријава

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Повеќе населени места во Тетовско утре ќе останат без струја

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Глаголицата на новите хрватски дресови

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Македонската берза во пад: МБИ10 намален за 0,53 отсто, најголем промет со акциите на Комерцијална банка

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Пронашол паричник, па почнал да троши со туѓата картичка: Кавадарчанец пријавен во полиција

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Македонија
  • Економија
  • Република
  • Балкан
  • Свет
  • Црна Хроника
  • Скопје
  • Технологија
  • Спорт
  • Импресум

Булевар.мк © 2025 Сите права се задржани.

No Result
View All Result
  • Македонија
  • Економија
  • Република
  • Балкан
  • Свет
  • Црна Хроника
  • Скопје
  • Технологија
  • Магазин
  • Спорт

Булевар.мк © 2025 Сите права се задржани.