среда, октомври 28, 2026
No Result
View All Result
bulevar.mk
  • Македонија
  • Економија
  • Република
  • Балкан
  • Свет
  • Црна Хроника
  • Скопје
  • Технологија
  • Магазин
  • Спорт
  • Македонија
  • Економија
  • Република
  • Балкан
  • Свет
  • Црна Хроника
  • Скопје
  • Технологија
  • Магазин
  • Спорт
No Result
View All Result
bulevar.mk
No Result
View All Result
Home Македонија

Мицкоски: Македонските аеродроми се најбрзорастечки во регионот – тоа е резултат на работата изминатите 25 месеци

by Redakcija
06.08.2026
in Македонија, Топ Вести

Во рамките на денешниот настан за потпишување на Договорот за инвестициски грант обезбеден преку Инвестициската рамка за Западен Балкан (WBIF) на Европската Унија, како и договорите за финансирање со Европската инвестициска банка (ЕИБ) и Европската банка за обнова и развој (ЕБОР) за изградба на железничката делница Крива Паланка – граничен премин Деве Баир, претседателот на Владата, Христијан Мицкоски, одговараше на новинарско прашање посветено на бројот на патници на македонските аеродроми.

-Она коешто охрабрува се податоците коишто операторот на двата меѓународни аеродроми ги пренесе, истото тоа го пренесе и Министерството за транспорт, а тоа е дека двата аеродроми се најбрзорастечки во регионот по бројот на патници. Исто така и Светска банка во делот за туризам тоа го потенцира. Тоа е лоша вест за опозицијата и за оние нихилисти коишто гледаат како да не успее државата, но е добра вест за граѓаните и за сите оние коишто ѝ мислат добро на земјата, бидејќи тоа што го работиме 25 месеци полека се консолидира и полека покажува знаци на жилавост и на отпорност на сите овие кризи коишто се случуваа, а резултатите стануваат сè повеќе видливи, рече премиерот.

Мицкоски посочи дека бројот на летови и бројот на патници во првите седум месеци веќе не е зголемен за 1, 2 или 3% споредено со претходната година, туку зборуваме за 20, 30 или 40%.

-Тоа е нешто коешто навистина е значајно и тоа нас нè мотивира да продолжиме во таа насока и во периодот којшто следи, бидејќи туризмот е еден од приоритетите на Владата. Можете да бидете сведоци што се случува посебно овие денови, овие недели би рекол, на нашиот туристички бисер, но и не само таму, туку насекаде на целата територија на земјата, изјави Мицкоски.

…

Макси Златна Рипка – Државна Лотарија
Златна Треска – Државна Лотарија

Related Posts

Министерство за енергетика: Филипче зборува неточно, ги игнорира фактите, гасификацијата продолжува

28.10.2026

Граѓаните добиваат електронски документи и услуги на својот телефон

28.10.2026

Мицкоски: Со m.Uslugi до помалку шалтери, помалку документи и побрзи услуги за граѓаните

28.10.2026

Европска недела за БЗР: Побезбедни работни места преку грижа за менталното здравје и навремено препознавање на ризиците

28.10.2026

Европа вложува милијарди во критични суровини — може ли Македонија да привлече нови рударски инвестиции?

28.10.2026

Божиновска: Инвестицијата во млади инженери е подеднакво важна како и вложувањето во енергетската инфраструктура

28.10.2026
Мега Милионер – Државна Лотарија
Дијамант – Државна Лотарија
Titanium – Државна Лотарија

Препорачани Вести

Македонската берза со неделен промет од над 1,17 милијарди денари: најтргувани акциите на Македонијатурист

5 месеци ago

Алиу: Шест нови хируршки сали во Клиничкиот центар ќе бидат пуштени во употреба на 30 јуни

4 месеци ago

Популарни Вести

  • Брнабиќ тврди дека се подготвува апсење на Вучиќ: „Почна револуционерниот терор“

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Утре без струја делови од Скопје и околните села

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Без струја утре делови од Групчин, Челопек и Брвеница

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Нападнале 63-годишна скопјанка и ѝ ја одзеле чантата

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Министерство за енергетика: Филипче зборува неточно, ги игнорира фактите, гасификацијата продолжува

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Македонија
  • Економија
  • Република
  • Балкан
  • Свет
  • Црна Хроника
  • Скопје
  • Технологија
  • Спорт
  • Импресум

Булевар.мк © 2025 Сите права се задржани.

No Result
View All Result
  • Македонија
  • Економија
  • Република
  • Балкан
  • Свет
  • Црна Хроника
  • Скопје
  • Технологија
  • Магазин
  • Спорт

Булевар.мк © 2025 Сите права се задржани.