понеделник, октомври 19, 2026
No Result
View All Result
bulevar.mk
  • Македонија
  • Економија
  • Република
  • Балкан
  • Свет
  • Црна Хроника
  • Скопје
  • Технологија
  • Магазин
  • Спорт
  • Македонија
  • Економија
  • Република
  • Балкан
  • Свет
  • Црна Хроника
  • Скопје
  • Технологија
  • Магазин
  • Спорт
No Result
View All Result
bulevar.mk
No Result
View All Result
Home Економија

Рекордна заработка на нафтените компании: Профитот се искачи на 93 милијарди долари

by Redakcija
06.08.2026
in Економија

Осумте најголеми нафтени компании во светот оствариле вкупен профит од речиси 93 милијарди долари во вториот квартал од годинава, покажува анализата на британскиот весник „Гардијан“. Високите приходи се должат на растот на цените на нафтата, поттикнат од воените тензии меѓу Иран, Израел и САД, како и на зголемената побарувачка за енергија за време на екстремните топлотни бранови.

Меѓу компаниите што оствариле најголема заработка се Сауди Арамко, БП, Шел, Еквинор, ТоталЕнерџис, Ени, Шеврон и ЕксонМобил. Нивниот заеднички профит е речиси двојно поголем во споредба со истиот период минатата година, кога изнесувал нешто помалку од 50 милијарди долари.

Во просек, овие компании заработувале повеќе од 700.000 долари секоја минута. Истовремено, нивната вкупна пазарна вредност пораснала за околу 600 милијарди долари и надминала три трилиони долари.

Најголем добитник е саудиската државна компанија Сауди Арамко, која пријавила квартален нето-профит од над 33 милијарди долари, што претставува раст од 34 проценти во однос на претходната година.

Објавените финансиски резултати повторно ги засилија повиците од еколошките организации за воведување дополнителни даноци на неочекуваните профити на нафтените компании. Според нив, средствата треба да се искористат за справување со последиците од климатските промени и за забрзување на инвестициите во обновливи извори на енергија.

Од организацијата „Глобал витнес“ обвинија дека нафтените гиганти остваруваат огромни приходи додека милиони домаќинства се соочуваат со повисоки сметки за енергија и последиците од пожари, суши и екстремни температури.

Макси Златна Рипка – Државна Лотарија
Златна Треска – Државна Лотарија

Related Posts

Колку ќе ве чини полн резервоар? Регулаторна објави нов ценовник

19.10.2026

Можно е дизелот да поевтини за уште два денари по литар

19.10.2026

Светските развојни банки ја засилуваат поддршката за критичните суровини, ЕБОР веќе присутна во Иловица

19.10.2026

Неделен преглед на Македонската берза: промет од 28,69 милиони денари, најтргувани акциите на Комерцијална банка

18.10.2026

Раст на туризмот: До август остварени околу 2,73 милиони ноќевања

16.10.2026

Мицкоски: Струјата нема да поскапи до крајот на годината, се бориме цената да остане иста и од јануари

16.10.2026
Мега Милионер – Државна Лотарија
Дијамант – Државна Лотарија
Titanium – Државна Лотарија

Препорачани Вести

Осум сценарија што би можеле да ја променат Земјата: Од астероид и климатска катастрофа до нуклеарна зима

1 месец ago
Неуспехот на Украинците кај Покровск предизвика бура: „Ова е злосторство кон бранителите“

Неуспехот на Украинците кај Покровск предизвика бура: „Ова е злосторство кон бранителите“

7 месеци ago

Популарни Вести

  • Колку ќе ве чини полн резервоар? Регулаторна објави нов ценовник

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Можно е дизелот да поевтини за уште два денари по литар

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Мицкоски: Верувам во конечна победа во Брвеница

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Во Веро собрани 689 килограми храна за поддршка на околу 58 семејства

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Маск: Следната година ќе подарам по една акција од „СпејсЕкс“ на секое дете во Америка

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Македонија
  • Економија
  • Република
  • Балкан
  • Свет
  • Црна Хроника
  • Скопје
  • Технологија
  • Спорт
  • Импресум

Булевар.мк © 2025 Сите права се задржани.

No Result
View All Result
  • Македонија
  • Економија
  • Република
  • Балкан
  • Свет
  • Црна Хроника
  • Скопје
  • Технологија
  • Магазин
  • Спорт

Булевар.мк © 2025 Сите права се задржани.