среда, октомври 28, 2026
No Result
View All Result
bulevar.mk
  • Македонија
  • Економија
  • Република
  • Балкан
  • Свет
  • Црна Хроника
  • Скопје
  • Технологија
  • Магазин
  • Спорт
  • Македонија
  • Економија
  • Република
  • Балкан
  • Свет
  • Црна Хроника
  • Скопје
  • Технологија
  • Магазин
  • Спорт
No Result
View All Result
bulevar.mk
No Result
View All Result
Home Свет

Голема одлука на ТИСА: Поранешниот претседател на Врховниот суд Андраш Бака кандидат за претседател на Унгарија

by Уредник
09.08.2026
in Свет
Голема одлука на ТИСА: Поранешниот претседател на Врховниот суд Андраш Бака кандидат за претседател на Унгарија

Владејачката унгарска партија ТИСА го номинираше поранешниот претседател на Врховниот суд, д-р Андраш Бака, за нов претседател на Унгарија. Одлуката била донесена со тајно гласање на пратеничката група на партијата.

Од ТИСА ја оценија номинацијата како една од најважните одлуки што досега ги донела нивната пратеничка група.

„Пратеничката група на ТИСА штотуку донесе една од своите најважни одлуки со тајно гласање: го номинираме д-р Андраш Бака за претседател на Унгарија“, се наведува во објавата на партијата.

Парламентот треба да гласа за новиот шеф на државата во вторник, 11 август, а со оглед на парламентарното мнозинство со кое располага ТИСА, се очекува Бака да биде избран на функцијата.

Андраш Бака е едно од позначајните имиња во унгарското правосудство. Од 1991 до 2008 година бил судија во Европскиот суд за човекови права, а во 2009 година унгарскиот парламент го избрал за претседател на Врховниот суд со шестгодишен мандат.

Неговиот мандат, сепак, завршил предвреме на 1 јануари 2012 година, три и пол години пред предвидениот рок, по промените во унгарскиот правосуден систем и воспоставувањето на Куријата како наследник на Врховниот суд. Пред тоа Бака јавно критикувал повеќе законски и уставни реформи кои се однесувале на судството.

Случајот подоцна стигна пред Европскиот суд за човекови права. Големиот совет на Судот во 2016 година утврди дека со предвременото завршување на мандатот на Бака биле повредени неговото право на пристап до суд и слободата на изразување.

Номинацијата на Бака доаѓа по големите политички промени во Унгарија. ТИСА на Петер Маѓар победи на парламентарните избори на 12 април годинава, со што заврши 16-годишното владеење на Виктор Орбан. Маѓар потоа ја презеде премиерската функција, а неговата влада започна со серија институционални и уставни промени.

Изборот на нов претседател е дел од тие промени. Во јули беше прекинат мандатот на дотогашниот претседател Тамаш Шуљок, а до изборот на нов шеф на државата претседателската функција привремено ја извршува претседателката на парламентот Агнеш Форстхофер.

Од ТИСА истакнуваат дека искуството и професионалната независност на Бака се особено значајни во период кога Унгарија се подготвува за воспоставување нов уставен поредок.

Доколку парламентот ја поддржи неговата кандидатура на 11 август, поранешниот претседател на Врховниот суд ќе стане нов претседател на Унгарија.

Макси Златна Рипка – Државна Лотарија
Златна Треска – Државна Лотарија

Related Posts

Најмалку 10 загинати, многумина повредени: Тешка несреќа на брзата железница во Шпанија

28.10.2026

Трамп, Путин и Си на иста маса? Се разгледува средба во Кина, Украина меѓу можните теми

28.10.2026

Во оваа земја пензиите се повисоки од германските: Што прават поинаку?

28.10.2026
Уште еден американски носач на авиони тргнува кон Блискиот Исток

Си-ен-ен: Американските сили подготвени за нови напади врз Иран, се чека одлуката на Трамп

26.10.2026

Реформи или референдум за излез: Вајдел го претстави планот на АфД за ЕУ

26.10.2026

Германија разгледува подолг работен ден, се најавува и помала квота за работници од Западен Балкан

26.10.2026
Мега Милионер – Државна Лотарија
Дијамант – Државна Лотарија
Titanium – Државна Лотарија

Препорачани Вести

Борисов: Ќе ги добиеме останките на Самоил, но никој не кажува што даваме за возврат

4 недели ago

Дел од Скопје утре без струја: Еве каде и кога ќе има прекин

7 месеци ago

Популарни Вести

  • Министерство за енергетика: Филипче зборува неточно, ги игнорира фактите, гасификацијата продолжува

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Дали секој месец одвојувате дел од платата? Едноставно правило може да ви помогне да создадете финансиска резерва

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Македонската берза во раст со МБИ10 повисок за 0,42 отсто и најголем промет со акциите на Алкалоид

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Граѓаните добиваат електронски документи и услуги на својот телефон

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Мицкоски: Со m.Uslugi до помалку шалтери, помалку документи и побрзи услуги за граѓаните

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Македонија
  • Економија
  • Република
  • Балкан
  • Свет
  • Црна Хроника
  • Скопје
  • Технологија
  • Спорт
  • Импресум

Булевар.мк © 2025 Сите права се задржани.

No Result
View All Result
  • Македонија
  • Економија
  • Република
  • Балкан
  • Свет
  • Црна Хроника
  • Скопје
  • Технологија
  • Магазин
  • Спорт

Булевар.мк © 2025 Сите права се задржани.