четврток, октомври 29, 2026
No Result
View All Result
bulevar.mk
  • Македонија
  • Економија
  • Република
  • Балкан
  • Свет
  • Црна Хроника
  • Скопје
  • Технологија
  • Магазин
  • Спорт
  • Македонија
  • Економија
  • Република
  • Балкан
  • Свет
  • Црна Хроника
  • Скопје
  • Технологија
  • Магазин
  • Спорт
No Result
View All Result
bulevar.mk
No Result
View All Result
Home Македонија

Големо признание за г.г. Стефан по повод 40 години монашки живот – порача дека хуманизмот значи помагање на другите

by Уредник
09.08.2026
in Македонија
Големо признание за г.г. Стефан по повод 40 години монашки живот – порача дека хуманизмот значи помагање на другите


Архиепископот Охридски и Македонски г.г. Стефан денеска во Охрид ја прими Големата повелба на хуманизмот, признание што му беше врачено по повод 40-годишнината од неговото замонашување.

Во своето обраќање по повод признанието, г.г. Стефан истакна дека вистинскиот хуманизам се состои во помагањето на другиот и во придонесот кон народите, посочувајќи ги како пример делото и мисијата на Светите браќа Кирил и Методиј, како и на Светите Климент и Наум.

„Нивното дело, нивната активност е всушност хуманизмот, помагање на другиот, помагање на народите“, порача архиепископот.

Говорејќи за симболиката на денешното признание, г.г. Стефан потсети дека се замонашил во 1986 година, токму на празникот на Свети Наум, додека 40 години подоцна Големата повелба на хуманизмот му е врачена на празник посветен на Свети Климент и на Светите Седмочисленици.

Тој нагласи дека Светите Климент и Наум, иако својата мисија ја извршувале од двете страни на Охридското Езеро, останале неразделно поврзани преку своите мисли, дела и духовна мисија.

„Секогаш заедно и во мислата, и во делата… продолжиле да бидат хумани, да бидат хуманисти, човеколубиви, а пред сè боголубиви“, рече г.г. Стефан.

Осврнувајќи се на четирите децении поминати во монашкиот и архиерејскиот живот, архиепископот изрази благодарност до верниот народ и до членовите на Светиот архиерејски синод за сето она што било постигнато во изминатиот период.

Како едно од најзначајните достигнувања, тој го издвои обновувањето на автокефалниот статус на Македонската православна црква – Охридска архиепископија, како и воспоставувањето односи со голем број православни цркви.

„Слава на Господа, и ги дочекавме, и ги доживеавме“, порача архиепископот.

Г.г. Стефан изрази надеж дека и во иднина ќе продолжи процесот на воспоставување односи со православните цркви со кои сè уште постојат отворени прашања поврзани со името и историјата на Македонската православна црква.

„Да се надеваме дека ќе го разбереме и нашето човеколубие, и нашиот хуманизам, дека ништо против другите не правиме правејќи за себе“, порача г.г. Стефан.

На крајот од своето обраќање, архиепископот се заблагодари за признанието и упати порака дека хуманизмот треба и понатаму да се негува преку заедничкиот придонес на сите.

„Да продолжи хуманизмот да живее со наша помош, со помош на сите нас“, порача Архиепископот Охридски и Македонски г.г. Стефан.

Макси Златна Рипка – Државна Лотарија
Златна Треска – Државна Лотарија

Related Posts

Министерство за енергетика: Филипче зборува неточно, ги игнорира фактите, гасификацијата продолжува

28.10.2026

Граѓаните добиваат електронски документи и услуги на својот телефон

28.10.2026

Мицкоски: Со m.Uslugi до помалку шалтери, помалку документи и побрзи услуги за граѓаните

28.10.2026

Европска недела за БЗР: Побезбедни работни места преку грижа за менталното здравје и навремено препознавање на ризиците

28.10.2026

Николоски пред германските инвеститори: Работиме на инфраструктурниот развој на државата, Германија е трговски партнер број еден на Македонија

28.10.2026

Кој ќе добие постојано работно место? Нов предлог за ангажираните во државните институции

27.10.2026
Мега Милионер – Државна Лотарија
Дијамант – Државна Лотарија
Titanium – Државна Лотарија

Препорачани Вести

Проданоски: Прилеп тежнее да стане најзелената општина на Балканот

8 месеци ago

Од вечерва нови цени на горивата

6 месеци ago

Популарни Вести

  • Брнабиќ тврди дека се подготвува апсење на Вучиќ: „Почна револуционерниот терор“

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Утре без струја делови од Скопје и околните села

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Без струја утре делови од Групчин, Челопек и Брвеница

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Нападнале 63-годишна скопјанка и ѝ ја одзеле чантата

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Министерство за енергетика: Филипче зборува неточно, ги игнорира фактите, гасификацијата продолжува

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Македонија
  • Економија
  • Република
  • Балкан
  • Свет
  • Црна Хроника
  • Скопје
  • Технологија
  • Спорт
  • Импресум

Булевар.мк © 2025 Сите права се задржани.

No Result
View All Result
  • Македонија
  • Економија
  • Република
  • Балкан
  • Свет
  • Црна Хроника
  • Скопје
  • Технологија
  • Магазин
  • Спорт

Булевар.мк © 2025 Сите права се задржани.