петок, септември 18, 2026
No Result
View All Result
bulevar.mk
  • Македонија
  • Економија
  • Република
  • Балкан
  • Свет
  • Црна Хроника
  • Скопје
  • Технологија
  • Магазин
  • Спорт
  • Македонија
  • Економија
  • Република
  • Балкан
  • Свет
  • Црна Хроника
  • Скопје
  • Технологија
  • Магазин
  • Спорт
No Result
View All Result
bulevar.mk
No Result
View All Result
Home Балкан

Провокативни пораки од Лерин: Панмакедонските организации на светски собир  со пораки дека „Македонија е една и е грчка“

by Уредник
09.08.2026
in Балкан, Македонија
Провокативни пораки од Лерин: Панмакедонските организации на светски собир  со пораки дека „Македонија е една и е грчка“


Во Лерин од 7 до 10 август се одржува Светскиот собир на панмакедонските здруженија, на кој учествуваат претставници на грчките панмакедонски организации од Грција и дијаспората. Настанот, покрај културната и фолклорната програма, има силна историска и политичка димензија, со пораки поврзани со македонскиот идентитет, историјата и непризнавањето на македонското малцинство во Грција.

Собирот, чиј официјален назив е „Светски собир“, односно „Антамома“, го организираат Светската конфедерација на панмакедонските здруженија и Сегрчката федерација на културни здруженија на Македонците – ПОПСМ.

Станува збор за организации на Грци по потекло од грчкиот административен регион Македонија, кои својот македонски идентитет го определуваат како дел од грчкиот национален идентитет. Овие организации со децении активно се спротивставуваат на употребата на македонското име од Република Македонија, како и на признавањето на посебно македонско национално малцинство во Грција.

На собирот во Лерин биле поканети претседатели и претставници на панмакедонските федерации од Грција, Канада, Австралија, Германија, Ирска и Јужна Африка.

Централната манифестација се одржа вчера, 8 август, во повеќенаменската сала на Општина Лерин. Програмата предвидуваше благослов и поздрав од митрополитот на Лерин, Преспа и Еордаја, како и обраќање на градоначалникот Василиос Јанакис.

Собирот официјално го отвори претседателот на Светската конфедерација, Георгиос Космидис, по што следуваа предавања, обраќања на претседателите на националните федерации, поздрави преку видеоврска и говори на политички претставници.

Во вечерните часови програмата продолжи во Новиот парк во Лерин, каде што беше организирана културно-уметничка програма со оркестарот „Валкани“ и локални фолклорни ансамбли.

За денеска се предвидени богослужба, положување венци пред споменикот на плоштадот „Георгиос Модис“ и посета на Нивици во Преспа, додека утре програмата предвидува и патување во Битола, која во грчката верзија е наведена како „Монастири“.

Централна тема на собирот е грчката „Македонска борба“. Главен говорник е архимандритот Иринеос Хаџиефраимидис, проповедник во Леринската, Преспанската и Еордејската митрополија и почесен професор на Универзитетот на Западна Македонија.

Неговото предавање е насловено „Отпорот на Грците за време на Македонската борба: трајната порака на борбата“, а се однесува на дејствувањето на грчките структури во османлиска Македонија на почетокот на 20 век и нивниот конфликт со четите на ВМРО.

Изборот на оваа тема покажува дека собирот не е само фолклорна средба. Во средиштето на програмата се поставени историското право на името Македонија, грчкото национално толкување на регионот и поврзувањето на современите панмакедонски организации со дејците од почетокот на минатиот век.

Една од најострите пораки на собирот ја упати грчкиот европратеник Емануил Фрагос од партијата Грчко решение.

„Ние ќе продолжиме предавниците да ги нарекуваме предавници и да велиме дека Македонија е една и е грчка“, порача Фрагос во дел од своето обраќање објавено на социјалните мрежи.

Панмакедонските организации имаат долга историја на политичко дејствување во однос на македонското прашање. Една од најстарите и највлијателните е Панмакедонската асоцијација на САД, основана во 1947 година, која покрај културни, образовни и хуманитарни активности, со децении развивала и политичко лобирање пред американските институции.

Слични организации подоцна биле формирани во Австралија, Канада, Јужна Африка и во повеќе европски земји, а денес се координираат преку Светската конфедерација на панмакедонските здруженија.

Сегрчката федерација ПОПСМ е формирана во 2013 година од претставници на 21 културно здружение. Денес во нејзината мрежа членуваат повеќе од 80 здруженија. Покрај зачувувањето на фолклорот, традиционалните носии, песните и обичаите, федерацијата има и јасно декларирани политички позиции во однос на македонското име и идентитет.

Особено чувствително прашање е односот кон Македонците во северниот дел на Грција и кон луѓето кои се самоопределуваат како етнички Македонци или говорители на македонскиот јазик.

Панмакедонските организации ја поддржуваат официјалната позиција на грчката држава дека во земјата не постои посебно македонско национално малцинство и во повеќе случаи се спротивставувале на регистрација на здруженија кои во своите имиња или статути ги употребуваат термините македонски јазик, македонска култура или македонско малцинство.

Еден од поновите случаи е правната постапка против „Центарот за македонски јазик во Грција“, кој во 2022 година беше регистриран токму во Лерин. Светската конфедерација и други панмакедонски организации беа меѓу противниците на регистрацијата, а Апелацискиот суд на Западна Македонија во 2024 година ја поништи регистрацијата.

Изборот токму на Лерин за одржување на светскиот собир има дополнителна симболика. Градот се наоѓа во непосредна близина на границата со Македонија и Преспа и е дел од простор во кој со генерации живееле словенско, односно македонскоговорни семејства.

Лерин истовремено во изминатите децении беше место на повеќе политички и правни спорови поврзани со македонските културни и јазични здруженија.

Поради тоа, собирот на панмакедонските федерации токму во Лерин носи многу посилна политичка порака отколку доколку истиот настан би бил организиран во Атина или во друг дел од Грција.

Настанот покажува дека и покрај Преспанската спогодба и формалното затворање на меѓудржавниот спор околу името, длабоките разлики околу македонскиот идентитет, јазик, историја и прашањето за македонското малцинство во Грција и понатаму остануваат отворени.

Related Posts

Засилено се одвива изградбата на железничката пруга на делницата Бељаковце – Крива Паланка, која е дел од железничкиот Коридор 8 кон Бугарија.

18.09.2026

Керолајн Гилби MW: меѓународното искуство се сретна со македонското семејно винарство

18.09.2026

Мицкоски: Европската интеграција мора да се темели на реформи и заслуги, Македонија нема да чека- економијата мора да оди напред

18.09.2026

Србија и Хрватска масовно се вооружуваат: Набавуваат тенкови, авиони и ракетни системи

18.09.2026

Шпанија со 250 илјади евра ќе помогне за новите објекти на ФИНКИ и Факултетот за физичко образование

18.09.2026

ДЗР утврди неправилности во исплатите во СЈО: Платите и надоместоците не биле според закон

17.09.2026

Препорачани Вести

НБРМ: Каматната стапка од 4% останува непроменета, внимателен пристап во услови на ризици

5 месеци ago

Мистериозна трагедија во Бугарија: Познат идентитетот на шесте жртви кои во „затвореното друштво“ беа застрелани

7 месеци ago

Популарни Вести

  • Кремљ удри по два европски гиганти: Русија ги презема нивните средства

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Патник приведен пред лет од Скопје – во рачниот багаж имал куршуми

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Разбојништво во спортска обложувалница во Тетово – маж со нож одзел пари и побегнал

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Проданоски: Знаењето мора да најде примена во локалната економија и јавниот сектор

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Коњановски предложи иницијатива за ограничување на користењето мобилни телефони во училиштата

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Македонија
  • Економија
  • Република
  • Балкан
  • Свет
  • Црна Хроника
  • Скопје
  • Технологија
  • Спорт
  • Импресум

Булевар.мк © 2025 Сите права се задржани.

No Result
View All Result
  • Македонија
  • Економија
  • Република
  • Балкан
  • Свет
  • Црна Хроника
  • Скопје
  • Технологија
  • Магазин
  • Спорт

Булевар.мк © 2025 Сите права се задржани.