вторник, ноември 17, 2026
No Result
View All Result
bulevar.mk
  • Македонија
  • Економија
  • Република
  • Балкан
  • Свет
  • Црна Хроника
  • Скопје
  • Технологија
  • Магазин
  • Спорт
  • Македонија
  • Економија
  • Република
  • Балкан
  • Свет
  • Црна Хроника
  • Скопје
  • Технологија
  • Магазин
  • Спорт
No Result
View All Result
bulevar.mk
No Result
View All Result
Home Свет

Данска воведува строги мерки во училиштата – блокирање на ChatGPT

by Redakcija
10.08.2026
in Свет

Данска воведува нови и построги правила во средните училишта со цел да спречи учениците да користат алатки за вештачка интелигенција при пишување есеи, завршни задачи и други писмени работи.

Според новите мерки, учениците ќе треба усно да ја бранат својата писмена работа, при што наставниците ќе можат да ги прашуваат за нивните аргументи, начинот на работа и методите што ги користеле при изработката.

Промените доаѓаат по зголемената загриженост поради користењето генеративни алатки како ChatGPT и Claude за изработка на училишни задачи.

Данскиот министер за образование Магнус Хеунике посочи дека резултатите од неодамнешните писмени испити покажале значителна разлика во оценките во споредба со задачите што учениците ги изработуваат надвор од училиште.

„За првпат по децении гледаме дека кога учениците полагаат писмени испити и ги завршуваат задачите во училиште, има вистински пад на оценките. Ова јасно покажува дека нешто не е во ред“, изјави Хеунике.

Новите правила ќе почнат да се применуваат од следната недела, кога учениците ќе се вратат во средните училишта по летниот распуст.

Една од главните мерки е воведувањето задолжителна усна одбрана на есејот или завршната задача. Секоја година вакви испити полагаат околу 9.000 средношколци.

Покрај тоа, училиштата ќе можат да користат системи за следење на компјутерските екрани за време на писмените испити. Предвидено е и поставување заштитни ѕидови кои ќе го блокираат пристапот до ChatGPT и други слични АИ алатки.

Третата мерка се однесува на начинот на изработка на задачите. Од училиштата ќе се бара да ги поттикнуваат учениците поголем дел од работата да ја завршуваат во училиште, под директен надзор на наставниците.

Од данското Министерство за образование оценуваат дека со ваквиот пристап наставниците полесно ќе можат да го следат процесот на работа, да даваат повратни информации и попрецизно да го проценат знаењето и способностите на учениците.

…

Макси Златна Рипка – Државна Лотарија
Златна Треска – Државна Лотарија

Related Posts

Мелбурн ѝ се извини на македонската заедница: Старото македонско знаме повторно ќе се вее на парадата

17.11.2026

Новиот американски бомбардер помина важен тест: Првите авиони во Елсворт се очекуваат во 2027 година

16.11.2026

Протече планот на Путин? „Подгответе се за прогласување победа“

16.11.2026

Британскиот премиер признава дека Брегзит не успеа: „Изгубивме повеќе отколку што добивме“

16.11.2026

Бугарија, Чешка, Словачка и Унгарија не сакаат да плаќаат за Украина: Мерц се закани со блокада на буџетот на ЕУ

16.11.2026

Прекинат сообраќајот преку Керченскиот Теснец, во пламен се нафтени и гасни објекти

16.11.2026
Мега Милионер – Државна Лотарија
Дијамант – Државна Лотарија
Titanium – Државна Лотарија

Препорачани Вести

Мицкоски: Делницата Кичево-Охрид ќе биде завршена најдоцна следната година, инвестирани се над милијарда денари

Мицкоски: Делницата Кичево-Охрид ќе биде завршена најдоцна следната година, инвестирани се над милијарда денари

6 месеци ago

Затворено финансиското друштво „Креди Јес“, граѓаните должници мора да ги враќаат кредитите

6 месеци ago

Популарни Вести

  • Го навредувал Мбапе, доби 11 месеци затвор: Казната нема да се изврши ако две години не оди на стадион

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • „Голф 5“ со само 167 километри: По 21 година во гаража доби нов сопственик

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • 30 дена притвор за охриѓанецот кој ја претепа девојката

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Коњановски: Првите 12 километри од автопатот Прилеп–Битола најавени за 2027 година

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Проданоски: Меѓу младите во Прилеп се идните лидери, наша обврска е да им дадеме можност

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Македонија
  • Економија
  • Република
  • Балкан
  • Свет
  • Црна Хроника
  • Скопје
  • Технологија
  • Спорт
  • Импресум

Булевар.мк © 2025 Сите права се задржани.

No Result
View All Result
  • Македонија
  • Економија
  • Република
  • Балкан
  • Свет
  • Црна Хроника
  • Скопје
  • Технологија
  • Магазин
  • Спорт

Булевар.мк © 2025 Сите права се задржани.