сабота, ноември 7, 2026
No Result
View All Result
bulevar.mk
  • Македонија
  • Економија
  • Република
  • Балкан
  • Свет
  • Црна Хроника
  • Скопје
  • Технологија
  • Магазин
  • Спорт
  • Македонија
  • Економија
  • Република
  • Балкан
  • Свет
  • Црна Хроника
  • Скопје
  • Технологија
  • Магазин
  • Спорт
No Result
View All Result
bulevar.mk
No Result
View All Result
Home Магазин

Полесно се стигнува во Охрид, убаво е што се гради автопатот рече Симон Трпчевски на концертот на Антички

by Redakcija
14.08.2026
in Магазин

Македонскиот пијанист со светска слава Симон Трпчески синоќа приреди незаборавна музичка вечер во Античкиот театар во Охрид, каде пред публиката не само што ја презентираше својата музика, туку сподели и лични спомени и силни емоции поврзани со градот.

Говорејќи за својата поврзаност со Охрид, Трпчески се осврна и на подобрувањето на патната инфраструктура и изградбата на автопатот Охрид-Кичево.

„Сите си го сакаме бисерот на Македонија, Охрид. Сега полесно се стигнува, а уште полесно ќе се стигнува. Убаво е што се освестуваме полека. Да си помогнеме себеси, да ни е убаво за подобро утре“, порача Трпчески.

Тој раскажа дека Охрид има посебно место во неговиот живот и кариера. Токму тука го одржал својот прв солистички концерт во 1993 или 1994 година, а како млад често ги поминувал летата во градот.

„Секоја година како помлад ја поминував во Охрид и буквално секојпат кога ќе доаѓам нешто ми се буричка внатре“, сподели пијанистот.

На концертот публиката имаше можност да слушне дела од Фредерик Шопен, Едвард Григ и современиот француски композитор Гијом Конесон. Трпчески меѓу композициите раскажуваше приказни и спомени, создавајќи посебна атмосфера во Античкиот театар.

Вториот дел од концертот беше посветен на проектот „Македонисимо“, преку кој македонската традиционална музика добива современ музички израз во аранжманите на композиторот Панде Шахов.

Особено емотивен момент беше кога Трпчески ги запеа „Врана коња јавам јас“ и „Не си го продавај, Кољо, чифликот“, а публиката му се придружи во песната.

На концертот присуствуваа и неговите најблиски – мајка му Нетка, сопругата Даниела, синовите Стефан и Андреј и ќерката Лара. Со него во Охрид беа и дел од членовите на „Македонисимо“, заедно со нивните семејства.

Трпчески се присети и на својот покоен татко Ѓорѓија, кој потекнувал од струшкото село Збажди. Во негова чест, ансамблот во 2022 година таму го одржал својот прв концерт.

„Следната година ‘Македонисимо’ слави 10 години. Досега бевме во повеќе од 20 светски земји“, истакна Трпчески, кој им се обрати и на странските гости во публиката.

„Добредојдовте во нашиот бисер и ви благодариме што нè поддржувате“, порача тој.

Концертот беше збогатен и со настапот на охридскиот гитарист Дејан Милески. По неколкуте композиции посветени на Охрид, музичката вечер заврши со охридската народна песна „Деспина“, која заедно со Трпчески ја запеа и публиката.

По настапот во Охрид, Трпчески вечерва продолжува со концерт во Хераклеја во Битола.

…

Макси Златна Рипка – Државна Лотарија
Златна Треска – Државна Лотарија

Related Posts

„Охридско лето“ со три бесплатни концерти во Скопје и Охрид: Познати се датумите и изведувачите

06.11.2026

Дневен хороскоп за 6 ноември: Вагите пред романтично изненадување, а Биковите да не брзаат со купување

06.11.2026

Black Friday: Како да препознаете вистински попуст зад прецртаната цена

06.11.2026

Кога е „Црниот петок“ во 2026 година?

05.11.2026

Традицијата и врвниот квалитет на „Тиквеш“ со меѓународно признание: Златен медал за „Kumova Reserve“ на „Spirits Selection by CMB“

05.11.2026

Ги оставате чашите превртени по миењето? Важно е на каква површина ги сушите

05.11.2026
Мега Милионер – Државна Лотарија
Дијамант – Државна Лотарија
Titanium – Државна Лотарија

Препорачани Вести

Азески со амбасадори и бизнисмени во Дебар, испрати честитка по повод Денот на рударите

2 месеци ago

Хорор во Куманово – Полицијата реагирала

5 месеци ago

Популарни Вести

  • ЕУ губи околу 59 милијарди евра годишно поради префрлање профит во даночни оази

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Посебен сообраќаен режим во Скопје за Задушница: Од 6 часот еднонасочно кон гробиштата во Бутел

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • РУДАРСТВО.мк: По четири децении во Франција доделена прва рударска концесија

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Ја носел мајка си да питачи, ја надгледувал и ѝ ги одземал парите

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Коњановски: Иницијатива за „Бизнис клуб Битола“ и поголема поддршка од компаниите за локалната заедница

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Македонија
  • Економија
  • Република
  • Балкан
  • Свет
  • Црна Хроника
  • Скопје
  • Технологија
  • Спорт
  • Импресум

Булевар.мк © 2025 Сите права се задржани.

No Result
View All Result
  • Македонија
  • Економија
  • Република
  • Балкан
  • Свет
  • Црна Хроника
  • Скопје
  • Технологија
  • Магазин
  • Спорт

Булевар.мк © 2025 Сите права се задржани.