среда, октомври 28, 2026
No Result
View All Result
bulevar.mk
  • Македонија
  • Економија
  • Република
  • Балкан
  • Свет
  • Црна Хроника
  • Скопје
  • Технологија
  • Магазин
  • Спорт
  • Македонија
  • Економија
  • Република
  • Балкан
  • Свет
  • Црна Хроника
  • Скопје
  • Технологија
  • Магазин
  • Спорт
No Result
View All Result
bulevar.mk
No Result
View All Result
Home Спорт

Дарио Ивановски меѓу европската елита: 46-то место на маратонот во Бирмингем

by Уредник
16.08.2026
in Спорт
Дарио Ивановски меѓу европската елита: 46-то место на маратонот во Бирмингем

Македонскиот маратонец Дарио Ивановски го заврши настапот на Европското првенство во Бирмингем, освојувајќи го 46-то место во силната европска конкуренција.

Ивановски маратонската патека ја истрча за 2:22.39 часа, односно 13 минути и 28 секунди побавно од новиот европски шампион Аманал Петрос од Германија.

Македонскиот атлетичар добро ја отвори трката и во почетните километри успеваше да го одржува темпото, движејќи се во средината на главната група.

Сепак, најтешкиот период за Ивановски следуваше меѓу 15-тиот и 20-тиот километар, кога влезе во криза и загуби околу 20 позиции во поредокот.

На контролната точка на полумаратонот, по истрчани 21 километар, Ивановски забележа време од 1:09.28 час.

Во вториот дел од маратонот македонскиот репрезентативец успеа повторно да го стабилизира темпото, да го врати својот ритам и постепено да напредува во поредокот.

До самиот финиш успеа да надомести неколку позиции и на крајот ја мина целната линија како 46-ти.

Трката во Бирмингем се одвиваше во исклучително тешки услови, што го покажува и бројот на атлетичари кои не успеаја да стигнат до целта.

Од вкупно 60 пријавени маратонци, 52 ја завршија трката, седуммина се откажаа во текот на маратонот, додека еден натпреварувач воопшто не се појави на стартот.

Златниот медал и титулата европски шампион му припаднаа на Аманал Петрос од Германија, додека Ивановски со завршувањето на тешката маратонска трка го комплетираше својот настап на Европското првенство во Бирмингем.

Макси Златна Рипка – Државна Лотарија
Златна Треска – Државна Лотарија

Related Posts

Од интернет-мем до раскинати договори: Мбапе предизвика реакции во Кина

27.10.2026
Волкановски испиша историја во UFC: Го запре непоразениот Евлоев и го надмина Жозе Алдо

Волкановски испиша историја во UFC: Го запре непоразениот Евлоев и го надмина Жозе Алдо

25.10.2026

Роналдо казнет со 255 евра – сума што ја заработува за неколку секунди

20.10.2026

Стадион со ролеркостер: Швајцарски клуб претстави проект вреден стотици милиони евра

14.10.2026

Меси во солзи го одигра последниот меч за Аргентина: Крај на една ера

07.10.2026

СКОПЈЕ ДЕНЕСКА ТРЧА МАРАТОН: Затворени улици од Рекорд до Хром и Аеродром, посебен сообраќаен режим до 14 часот

04.10.2026
Мега Милионер – Државна Лотарија
Дијамант – Државна Лотарија
Titanium – Државна Лотарија

Препорачани Вести

Мицкоски: Македонија продолжува со спроведување на реформите, зајакнување на економијата, институциите и владеењето на правото

4 месеци ago

ТРАГЕДИЈА НА АВТОПАТ: Маж прегазен и оставен мртов, полицијата трага по возачот

3 недели ago

Популарни Вести

  • Брнабиќ тврди дека се подготвува апсење на Вучиќ: „Почна револуционерниот терор“

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Утре без струја делови од Скопје и околните села

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Без струја утре делови од Групчин, Челопек и Брвеница

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Нападнале 63-годишна скопјанка и ѝ ја одзеле чантата

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Министерство за енергетика: Филипче зборува неточно, ги игнорира фактите, гасификацијата продолжува

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Македонија
  • Економија
  • Република
  • Балкан
  • Свет
  • Црна Хроника
  • Скопје
  • Технологија
  • Спорт
  • Импресум

Булевар.мк © 2025 Сите права се задржани.

No Result
View All Result
  • Македонија
  • Економија
  • Република
  • Балкан
  • Свет
  • Црна Хроника
  • Скопје
  • Технологија
  • Магазин
  • Спорт

Булевар.мк © 2025 Сите права се задржани.