среда, октомври 28, 2026
No Result
View All Result
bulevar.mk
  • Македонија
  • Економија
  • Република
  • Балкан
  • Свет
  • Црна Хроника
  • Скопје
  • Технологија
  • Магазин
  • Спорт
  • Македонија
  • Економија
  • Република
  • Балкан
  • Свет
  • Црна Хроника
  • Скопје
  • Технологија
  • Магазин
  • Спорт
No Result
View All Result
bulevar.mk
No Result
View All Result
Home Македонија

(ВИДЕО) Туристи по костими за капење се качувале по црквата „Св. Никола“ во Маврово – јавноста бара итна реакција

by Уредник
16.08.2026
in Македонија, Република
(ВИДЕО) Туристи по костими за капење се качувале по црквата „Св. Никола“ во Маврово – јавноста бара итна реакција

Фотографии и видеоснимки од потопената црква „Св. Никола“ во Маврово предизвикаа бурни реакции во јавноста, откако на нив се гледа како група туристи се качуваат директно на објектот облечени во костими за капење.

Граѓаните и локалното население реагираат дека ваквото однесување е недолично кон верскиот и културен споменик и дека храмот не смее да се третира како место за забава или туристички реквизит.

Преку социјалните мрежи е упатен јавен апел до Општина Маврово и Ростуше, Националниот парк, Министерството за внатрешни работи и Комуналната инспекција, од кои се бара итно да излезат на терен и да преземат мерки.

Граѓаните нагласуваат дека туристите се добредојдени во Маврово, но истовремено бараат задолжително почитување на верскиот објект, локалната традиција и чувствата на верниците.

Посебна загриженост предизвикува можноста качувањето по црквата дополнително да ја оштети конструкцијата, која и онака е во нарушена состојба.

„Поради качувањето по градбата, постои реален ризик од дополнително физичко оштетување на и онака нарушениот црковен објект. Се бара од градоначалникот, полицијата и инспекциските служби итно да излезат на терен, да утврдат дали има материјална штета и да ги казнат сторителите“, се наведува во една од реакциите што се споделуваат во јавноста.


Освен барањето за контрола и евентуални санкции, граѓаните предлагаат и воведување јасни правила за однесување околу црквата.

Меѓу предлозите се поставување предупредувачки табли, почести контроли и редовни патроли во близина на објектот, со цел да се спречат слични случаи во иднина.

Потопената црква „Св. Никола“ е еден од најпрепознатливите симболи на Маврово и со години привлекува голем број посетители, особено во периоди кога нивото на водата овозможува поголем дел од објектот да биде видлив и достапен.

Токму затоа, реакциите во јавноста се насочени кон потребата храмот да биде заштитен и како верски објект и како дел од културното наследство на регионот.

Граѓаните очекуваат надлежните институции да реагираат и да утврдат дали со последниот случај е нанесена материјална штета, како и да преземат мерки за да се спречи натамошно оштетување и непочитување на просторот.

ВИДЕО ПОГЛЕДНЕТЕ ГО НА 4NEWS.MK

Макси Златна Рипка – Државна Лотарија
Златна Треска – Државна Лотарија

Related Posts

Министерство за енергетика: Филипче зборува неточно, ги игнорира фактите, гасификацијата продолжува

28.10.2026

Граѓаните добиваат електронски документи и услуги на својот телефон

28.10.2026

Мицкоски: Со m.Uslugi до помалку шалтери, помалку документи и побрзи услуги за граѓаните

28.10.2026

Европска недела за БЗР: Побезбедни работни места преку грижа за менталното здравје и навремено препознавање на ризиците

28.10.2026

Николоски пред германските инвеститори: Работиме на инфраструктурниот развој на државата, Германија е трговски партнер број еден на Македонија

28.10.2026

ВИДЕО: Снег вее на Стража

27.10.2026
Мега Милионер – Државна Лотарија
Дијамант – Државна Лотарија
Titanium – Државна Лотарија

Препорачани Вести

Нестабилно време низ Македонија: Поројни дождови, грмежи и силен ветер во повеќе региони

Нестабилно време низ Македонија: Поројни дождови, грмежи и силен ветер во повеќе региони

5 месеци ago

Рокас: Енергетските реформи ќе го забрзаат европскиот пат на Македонија

5 месеци ago

Популарни Вести

  • Нападнале 63-годишна скопјанка и ѝ ја одзеле чантата

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Министерство за енергетика: Филипче зборува неточно, ги игнорира фактите, гасификацијата продолжува

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Дали секој месец одвојувате дел од платата? Едноставно правило може да ви помогне да создадете финансиска резерва

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Македонската берза во раст со МБИ10 повисок за 0,42 отсто и најголем промет со акциите на Алкалоид

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Граѓаните добиваат електронски документи и услуги на својот телефон

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Македонија
  • Економија
  • Република
  • Балкан
  • Свет
  • Црна Хроника
  • Скопје
  • Технологија
  • Спорт
  • Импресум

Булевар.мк © 2025 Сите права се задржани.

No Result
View All Result
  • Македонија
  • Економија
  • Република
  • Балкан
  • Свет
  • Црна Хроника
  • Скопје
  • Технологија
  • Магазин
  • Спорт

Булевар.мк © 2025 Сите права се задржани.