среда, ноември 4, 2026
No Result
View All Result
bulevar.mk
  • Македонија
  • Економија
  • Република
  • Балкан
  • Свет
  • Црна Хроника
  • Скопје
  • Технологија
  • Магазин
  • Спорт
  • Македонија
  • Економија
  • Република
  • Балкан
  • Свет
  • Црна Хроника
  • Скопје
  • Технологија
  • Магазин
  • Спорт
No Result
View All Result
bulevar.mk
No Result
View All Result
Home Македонија

Димитриеска-Кочоска и Ацевски потпишаа Меморандум за соработка помеѓу МФ и ДЗР – Поголема координација за заштита на јавните средства

by Redakcija
20.08.2026
in Македонија

20 август 2026, Скопје – Министерството за финансии и Државниот завод за ревизија ја унапрдуваат меѓуинституционалнта соработка и координација со цел градење посигурен, поефикасен и поодговорен систем на јавни финансии. Денеска министерката за финансии Гордана Димитриеска-Кочоска и главниот државен ревизок Максим Ацески потпишаа меморандум за соработка помеѓу двете институции. 

Министерката Димитриеска-Кочоска  истакна дека денешното потпишување на Меморандумот за соработка со Државниот завод за ревизија го зајакнува партнерство коешто ги поврзува експертските, техничките и аналитичките капацитети на две клучни институции во заштитата на парите на граѓаните и создава поцврста институционална основа за заедничко дејствување во спречувањето и откривањето на неправилности, измами и коруптивни дејствија.

„Министерството за финансии и Државниот завод за ревизија потврдуваат јасна политичка и професионална определба за силни институции, одговорно управување со јавните средства и нулта толеранција кон корупцијата. Ова партнерство не е само административен чекор, туку суштинска реформа, која дава основа за подобра координација, поголема транспарентност и поефикасна заштита на јавните средства.Нашата обврска е секој денар од домашните буџетски средства, како и секое евро од европските фондови, да биде потрошено законски, наменски, одговорно и во интерес на граѓаните“, истакна министерката на потпишувањето на Меморандумот. 

„Потпишувањето на овој Меморандум претставува воспоставување на бескомпромисен систем на институционална синергија, која преку конкретна примена на меѓународните ревизорски стандарди и операционализација на АФКОС мрежата, гарантира дека секој денар од даночните обврзници е заштитен од неправилности и измами. Со оваа соработка, ние не само што ја подигнуваме транспарентноста и отчетноста на највисоко ниво согласно европските вредности, туку директно го подобруваме квалитетот на услугите за граѓаните, осигурувајќи дека средствата на даночните обврзници се користат наменски во насока на испорака на квалитетни, навремени и континуирани услуги на граѓаните“, изјави главниот државен ревизор Ацевски.

Иницијативата за Меморандумoт за соработка меѓу двете институции е резултат на добрата пракса во земјите-членки на Европската унија и истиот воспоставува рамка за соработка во повеќе области од заеднички интерес, овозможува размена на искуства, знаења и податоци, унапредување на професионалните капацитети и примена на европските стандарди.

Меморандумот ќе овозможи на двете институции размена на знаења и искуства преку работни средби, работилници, конференции, семинари, обуки и други форми на професионално усовршување. Вработените од Државниот завод за ревизија ќе можат да се вклучат како предавачи во обуките што ги организира Министерството за финансии преку Секторот – Академија за јавни финансии, додека експертите од Министерството за финансии ќе можат да придонесат во програмите за континуирано професионално усовршување на вработените во Државниот завод за ревизија. Предвидена е и редовна размена на стручна литература, сметководствени и ревизорски стандарди, методолошки прирачници, годишни програми за ревизорски активности, како и конечни ревизорски извештаи и акциски планови подготвени од јавните субјекти.     Со Меморандумот се предвидени активности за подигнување на јавната свест за превенција и препознавање на неправилностите и измамите.

…

Макси Златна Рипка – Државна Лотарија
Златна Треска – Државна Лотарија

Related Posts

Мицкоски: „Гересхајмер“ со нова инвестиција, нови капацитети и над 1.000 нови работни места

03.11.2026
Приходите растат, добивките се разидуваат: што покажуваат деветмесечните биланси на големите компании

Приходите растат, добивките се разидуваат: што покажуваат деветмесечните биланси на големите компании

03.11.2026

Над 94% од броилата редовно се читаат, се подготвува воведување на паметни броила

03.11.2026

Итно слетување во Скопје – Му се слошило на копилотот

03.11.2026

Мицкоски: Го прошируваме партнерството со Германија во економијата, образованието и здравството

03.11.2026

Следува заладување: За викендот температурите ќе паднат под нулата

03.11.2026
Мега Милионер – Државна Лотарија
Дијамант – Државна Лотарија
Titanium – Државна Лотарија

Препорачани Вести

Скопска општина нуди субвенции за вградување на гас и метан во возилата

Скопска општина нуди субвенции за вградување на гас и метан во возилата

8 месеци ago
Сообраќајот во Скопје утре ќе се одвива по посебен режим

Улицата Лазар Трпевски ќе се гради цела година во Чаир, посебен сообраќаен режим

9 месеци ago

Популарни Вести

  • Полетале за Москва, па морале назад: Што се случило во авионот на „Ер Србија“?

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Голема акција на полицијата: Разбиена мрежа за инвестициски измами

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Коњановски: Ја чуваме историјата на Битола за генерациите што доаѓаат

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Бришачите оставаат траги на стаклото? Пред да купите нови, проверете една работа

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Десет години се обидувала да ги намали сметките за струја, а потоа открила дека плаќа за соседот

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Македонија
  • Економија
  • Република
  • Балкан
  • Свет
  • Црна Хроника
  • Скопје
  • Технологија
  • Спорт
  • Импресум

Булевар.мк © 2025 Сите права се задржани.

No Result
View All Result
  • Македонија
  • Економија
  • Република
  • Балкан
  • Свет
  • Црна Хроника
  • Скопје
  • Технологија
  • Магазин
  • Спорт

Булевар.мк © 2025 Сите права се задржани.