вторник, ноември 24, 2026
No Result
View All Result
bulevar.mk
  • Македонија
  • Економија
  • Република
  • Балкан
  • Свет
  • Црна Хроника
  • Скопје
  • Технологија
  • Магазин
  • Спорт
  • Македонија
  • Економија
  • Република
  • Балкан
  • Свет
  • Црна Хроника
  • Скопје
  • Технологија
  • Магазин
  • Спорт
No Result
View All Result
bulevar.mk
No Result
View All Result
Home Република

Проданоски: Нема опасност за населените места, над 100 луѓе се на терен

by Redakcija
20.08.2026
in Република
Проданоски: Нема опасност за населените места, над 100 луѓе се на терен

Четири краци од пожарот во Мариовскиот регион во моментов се активни, но сите се надвор од населените места и нема директна опасност за Крушевица и Чаниште, ниту за имотите на граѓаните, информира градоначалникот на Општина Прилеп, Дејан Проданоски.

Според Проданоски, особено сериозна била ситуацијата околу Крушевица, каде во текот на вчерашниот ден пожарот претставувал сериозна закана. Со помош на механизација бил направен заштитен појас, со што е спречено ширењето на огнот кон населеното место, а во моментов на тој дел гори ниска вегетација.

Проданоски информира дека на терен се ангажирани повеќе од 100 луѓе, меѓу кои противпожарни екипи, припадници на Дирекцијата за заштита и спасување и Армијата, доброволни противпожарни друштва, ЈП „Национални шуми“, Универзалната единица за заштита и спасување, како и голем број локални доброволци.

Тој нагласи дека целосно се ставени во функција сите расположливи оперативни и технички ресурси на Општина Прилеп и на надлежните институции, со цел пожарот да се држи под контрола и да се заштитат жителите и нивниот имот.

Во гаснењето во неколку наврати биле ангажирани и воздухоплови. Проданоски посочи дека тие во моментов се привремено повлечени поради густата концентрација на чад и намалената видливост.

Градоначалникот изнесе и сериозни сомневања околу причините за пожарот. Според него, постојат индиции и материјален доказ, односно видеозапис од надзорна камера, кој упатува дека пожарот можеби бил предизвикан намерно.

„Ги повикувам граѓаните да останат спокојни. Општина Прилеп е максимално организирана и безбедноста на граѓаните и нивниот имот е наш највисок приоритет“, порача Проданоски.

Тој на крајот им се заблагодари на противпожарните екипи, доброволците, општествено одговорните компании и на сите кои деноноќно се на терен и помагаат во справувањето со пожарот.

Макси Златна Рипка – Државна Лотарија
Златна Треска – Државна Лотарија

Related Posts

Утре без струја четири локации во Тетовско: Прекини до пет часа

23.11.2026

Коњановски: Нова соларна централа од 40 киловати во ОУ „Св. Климент Охридски“

23.11.2026

Тоневски: Се санира покривот на ООУ „Никола Карев“ во Пробиштип, оштетен од летното невреме

23.11.2026

Утре без струја во делови од Тетово и Голема Речица: Прекини до пет часа

23.11.2026
УХМР со портокалово предупредување: Силен ветер над 70 километри на час, потоа пристигнува студ до минус шест

УХМР со портокалово предупредување: Силен ветер над 70 километри на час, потоа пристигнува студ до минус шест

22.11.2026
Жителите на истокот ќе добијат подобра патна врска: Избрана трасата Кочани – Виница – Делчево

Жителите на истокот ќе добијат подобра патна врска: Избрана трасата Кочани – Виница – Делчево

22.11.2026
Мега Милионер – Државна Лотарија
Дијамант – Државна Лотарија
Titanium – Државна Лотарија

Препорачани Вести

Киев нападнат со балистички ракети, воздухопловните сили не добиле известување за лансирањата

1 месец ago

Десет ракети од Пјонгјанг летаа над Јапонско Море за време на воените вежби на САД и Јужна Кореја

8 месеци ago

Популарни Вести

  • ЗК Пелагонија: групата со 10,3% помала продажба и 2,6 милиони денари добивка за девет месеци

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Кој ќе ги финансира пензиите? Зависноста на ПИОМ од државниот буџет продолжува да расте

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Кривични пријави за директор и тројца вработени во „Национални шуми“

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Турската држава почна да го обликува кругот на кандидати и гласачи за следниот патријарх

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Необјаснет трошок за Девиците, шанса за дополнителна заработка за Близнаците: Хороскоп за 24 ноември

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Македонија
  • Економија
  • Република
  • Балкан
  • Свет
  • Црна Хроника
  • Скопје
  • Технологија
  • Спорт
  • Импресум

Булевар.мк © 2025 Сите права се задржани.

No Result
View All Result
  • Македонија
  • Економија
  • Република
  • Балкан
  • Свет
  • Црна Хроника
  • Скопје
  • Технологија
  • Магазин
  • Спорт

Булевар.мк © 2025 Сите права се задржани.