четврток, октомври 29, 2026
No Result
View All Result
bulevar.mk
  • Македонија
  • Економија
  • Република
  • Балкан
  • Свет
  • Црна Хроника
  • Скопје
  • Технологија
  • Магазин
  • Спорт
  • Македонија
  • Економија
  • Република
  • Балкан
  • Свет
  • Црна Хроника
  • Скопје
  • Технологија
  • Магазин
  • Спорт
No Result
View All Result
bulevar.mk
No Result
View All Result
Home Црна Хроника

ШИТНАЛ 185 ТОНИ ЖЕЛЕЗО, ЌАРИЛ 54.000 ЕВРА

by Redakcija
21.08.2026
in Црна Хроника

Полицијата поднесе кривични пријави против три физички и едно правно лице од Прилеп за кои има основи дека го оштетиле буџетот на Тутунски комбинат Прилеп за над 3,3 милиони денари, односно околу 54.000 евра.

Првопријавениот Љ.Б., во 2021/2022 година работел во АД „Тутунски Комбинат“ – Прилеп на работно место координатор на група за обезбедување, а второпријавениот во истиот период бил генерален извршен директор на АД „Тутунски комбинат“. Третопријавениот Ј.Д. е сопственик и управител на четвртопријавениот правен субјект, овластена фирма за откуп и продажба на отпадни материјали со која АД „Тутунски комбинат“ Прилеп има склучено договор за откуп на отпадни материјали.

Во првото тримесечие на 2022 година, првопријавениот Љ.Б., спротивно на член 3 од Одлуката за одобрување на отпис од сметководствена евиденција и продажба на основни средства, ситен инвентар и резервни делови како отпадни материјали, по негов усмен предлог од тогашниот генерален извршен директор, второпријавениот К.С., му било овозможено тој да ја спроведе продажбата на отпад наместо референтот за управување со отпад. Во текот на февруари 2022, првопријавениот со помош на третопријавениот Ј.Д. прикриле најмалку 185.000 килограми отпадно железо од Работна единица Заводи – Мажучиште и не ја евидентирале на сметка на Тутунскиот комбинат, а била предадена и откупена од правното лице од селото Мало Коњари по повисока цена за два денари од килограм.

Но, наместо на сметката на АД Тутунски комбинат, од правното лице биле изготвени фиктивни откупни белешки за предадено отпадно железо во просек по околу 25.000 килограми по лице на име на осум физички лица (блиски лица на првопријавениот), со изјави за потеклото на отпадот. Парите биле префрлени на банкарски сметки на седум физички лица, како и на личната банкарска сметка на првопријавениот Љ.Б..

По префрлањето на парите на нивните трансакциски сметки во банки, тие ги подигнувале во готово и му ги предавале на првопријавениот. На ваков начин на сметките биле префрлени пари во вкупен износ од 3.338.328 денари и за тој износ е оштетен АД Тутунски комбинат Прилеп.

На Тутунски комбинат по основ на продажбата на отпадното железо, од правното лице од Мало Коњари исплатени се пари во вкупен износ од 1.274.560 денари.

СВР Битола поднесе кривична пријава против Љ.Б.(59) од Прилеп поради постоење основи на сомнение за сторени кривични дела „проневера во службата“, „злоупотреба на службената положба и овластување“ и „фалсификување службена исправа“, против К.С. (60) од Прилеп поради постоење основи на сомнение за сторено кривично дело „несовесно работење во службата“, како и против Ј.Д.(41) од Прилеп поради постоење основи на сомнение за сторени кривични дела „прикривање“ и „фалсификување службена исправа“. Пријава има и против правно лице од село Мало Коњари, Прилепско, поради постоење основи на сомнение за сторено кривично дело „прикривање“.

Извор: Vecer.mk

…

Макси Златна Рипка – Државна Лотарија
Златна Треска – Државна Лотарија

Related Posts

(ВИДЕО) СИ НАПРАВИЛ ПАТ КАЈ ШТО НЕМА: Скопјанец возеше по велосипедска патека, а снимката од ТИКТОК стигна до полицијата!

(ВИДЕО) СИ НАПРАВИЛ ПАТ КАЈ ШТО НЕМА: Скопјанец возеше по велосипедска патека, а снимката од ТИКТОК стигна до полицијата!

29.10.2026
ОТКРИЕНИ ИМИЊАТА: Ден Дончев меѓу деветте лица опфатени со истрагата – на удар газди и директори на болницата „САНТЕ“!

ОТКРИЕНИ ИМИЊАТА: Ден Дончев меѓу деветте лица опфатени со истрагата – на удар газди и директори на болницата „САНТЕ“!

29.10.2026

Нападнале 63-годишна скопјанка и ѝ ја одзеле чантата

28.10.2026

Примиле пари од Германија, а не ги пријавиле – Кривични пријави против мајка и син

28.10.2026

Дали жртвите биле нападнати поради пари? Се истражуваат случаите во Ѓорче Петров

28.10.2026

Контрола во фирма за канабис открила нешто што не можело да се покрие со документи

28.10.2026
Мега Милионер – Државна Лотарија
Дијамант – Државна Лотарија
Titanium – Државна Лотарија

Препорачани Вести

Каролина Гочева и „Елита 5“ утре со голем концерт на плоштадот во Тетово

2 месеци ago
Сончеви периоди и јужен ветер денес, од утре пообилни врнежи

Времето за продолжениот викенд: Топли денови, но попладневни невремиња

5 месеци ago

Популарни Вести

  • Без струја утре делови од Скопје

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Прекини на струјата во Тетово, Челопек, Мерово и Прељубиште

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Хеликоптер на ЕУФОР пред малку се урна во близина на Брчко – три лица загинаа

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Божиновска: ЕСМ нуди пониски цени на струјата, попустот на ОКТА останува

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • ВИДЕО – Хаос во албанскиот парламент: Опозициски пратеници запалија факели и фрлаа шишиња кон Рама

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Македонија
  • Економија
  • Република
  • Балкан
  • Свет
  • Црна Хроника
  • Скопје
  • Технологија
  • Спорт
  • Импресум

Булевар.мк © 2025 Сите права се задржани.

No Result
View All Result
  • Македонија
  • Економија
  • Република
  • Балкан
  • Свет
  • Црна Хроника
  • Скопје
  • Технологија
  • Магазин
  • Спорт

Булевар.мк © 2025 Сите права се задржани.