среда, октомври 28, 2026
No Result
View All Result
bulevar.mk
  • Македонија
  • Економија
  • Република
  • Балкан
  • Свет
  • Црна Хроника
  • Скопје
  • Технологија
  • Магазин
  • Спорт
  • Македонија
  • Економија
  • Република
  • Балкан
  • Свет
  • Црна Хроника
  • Скопје
  • Технологија
  • Магазин
  • Спорт
No Result
View All Result
bulevar.mk
No Result
View All Result
Home Свет

По Гренланд, на ред и Канада? Русија со провокативна порака до Канада: “Станете сојузна држава на САД”

by Уредник
23.08.2026
in Свет
По Гренланд, на ред и Канада? Русија со провокативна порака до Канада: “Станете сојузна држава на САД”

Специјалниот претставник на рускиот претседател за инвестиции и економска соработка со странство, Кирил Дмитриев, саркастично ѝ предложи на Канада да го реши трговскиот спор со Соединетите Американски Држави така што ќе стане американска сојузна држава, објави ТАСС.


„Едноставно станете 52-та држава и опуштете се“, напиша Дмитриев на англиски јазик на платформата X.

Во коментарите под објавата тој дополнително се осврнал и на Гренланд, посочувајќи дека и оваа територија би можела да стане американска држава.

Неговата реакција следувала по објавата на канадскиот премиер Марк Карни, кој соопштил дека Отава ги прекинува трговските преговори со Вашингтон и ќе воведе реципрочни царини за американски производи во ист обем.

Трговскиот претставник на САД, Џејмисон Грир, претходно изјавил дека канадската влада го одбила договорот што Вашингтон го сметал за поволен и дека американски царини од 50 проценти за одредени канадски производи ќе стапат во сила во сабота.

Карни потврдил дека преговорите се стопирани и најавил контрамерки со цел, како што навел, да се заштитат канадските работници и бизниси. Според најавите, реципрочните царини би требало да почнат да се применуваат од 8 септември.

Во истиот извештај се наведува и дека американскиот државен секретар Марко Рубио во петокот разговарал со канадската министерка за надворешни работи Анита Ананд за економските односи меѓу двете земји.

Претходно беше објавено дека САД и Канада постигнале ново трговско спогодување со кое било избегнато воведувањето дополнителни царини.

Американскиот претседател Доналд Трамп во средата соопштил дека Вашингтон и Отава постигнале трговски договор, додека еден ден претходно најавил тридневна пауза во примената на 50-процентните царини за канадски производи.

Според Bloomberg, кој се повикува на извори запознаени со договорот, една од точките предвидува САД да ги намалат за половина царините за канадскиот челик и алуминиум.

На таа позадина, Дмитриев со својата саркастична порака го вмеша и прашањето за територијалното проширување на САД, алудирајќи и на претходните идеи поврзани со Гренланд.

Макси Златна Рипка – Државна Лотарија
Златна Треска – Државна Лотарија

Related Posts

Најмалку 10 загинати, многумина повредени: Тешка несреќа на брзата железница во Шпанија

28.10.2026

Трамп, Путин и Си на иста маса? Се разгледува средба во Кина, Украина меѓу можните теми

28.10.2026

Во оваа земја пензиите се повисоки од германските: Што прават поинаку?

28.10.2026
Уште еден американски носач на авиони тргнува кон Блискиот Исток

Си-ен-ен: Американските сили подготвени за нови напади врз Иран, се чека одлуката на Трамп

26.10.2026

Реформи или референдум за излез: Вајдел го претстави планот на АфД за ЕУ

26.10.2026

Германија разгледува подолг работен ден, се најавува и помала квота за работници од Западен Балкан

26.10.2026
Мега Милионер – Државна Лотарија
Дијамант – Државна Лотарија
Titanium – Државна Лотарија

Препорачани Вести

Инцидент во Ла Манш: Руски воен брод отвори оган кон јахта

4 месеци ago
Народна Банка: Инфлацијата забавува, економијата умерено забрзува, девизните резерви сигурни

Годишен раст од 9,9% за депозитите и 12,6% за кредитите во февруари

7 месеци ago

Популарни Вести

  • Брнабиќ тврди дека се подготвува апсење на Вучиќ: „Почна револуционерниот терор“

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Утре без струја делови од Скопје и околните села

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Без струја утре делови од Групчин, Челопек и Брвеница

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Нападнале 63-годишна скопјанка и ѝ ја одзеле чантата

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Министерство за енергетика: Филипче зборува неточно, ги игнорира фактите, гасификацијата продолжува

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Македонија
  • Економија
  • Република
  • Балкан
  • Свет
  • Црна Хроника
  • Скопје
  • Технологија
  • Спорт
  • Импресум

Булевар.мк © 2025 Сите права се задржани.

No Result
View All Result
  • Македонија
  • Економија
  • Република
  • Балкан
  • Свет
  • Црна Хроника
  • Скопје
  • Технологија
  • Магазин
  • Спорт

Булевар.мк © 2025 Сите права се задржани.