петок, ноември 6, 2026
No Result
View All Result
bulevar.mk
  • Македонија
  • Економија
  • Република
  • Балкан
  • Свет
  • Црна Хроника
  • Скопје
  • Технологија
  • Магазин
  • Спорт
  • Македонија
  • Економија
  • Република
  • Балкан
  • Свет
  • Црна Хроника
  • Скопје
  • Технологија
  • Магазин
  • Спорт
No Result
View All Result
bulevar.mk
No Result
View All Result
Home Свет

По ова нема веќе враќање: ТУРЦИЈА ИЗДАДЕ НАЛОГ ЗА АПСЕЊЕ НА НЕТАНЈАХУ

by Redakcija
23.08.2026
in Свет
Сведочењето на Нетанјаху за корупција откажано во последен момент поради безбедносни причини

Последните речиси две години Израел фрла бомби и ракети насекаде: бомбардирани се Иран, Сирија, Ирак, Либан а врз палестинската територија се бомбардира и урива постојано додека над милион Палестинци се иселуваат.

Според Турција, тоа е опасно не само за наведените држави, туку и за нивните, турски стратешки интереси, поради што се случува тензија помеќу Израел и Турција. Последниот чекор на турските власти е оној од кој нема враќање назад. 

Турција издаде нова меѓународна потерница за израелскиот премиер Бенјамин Нетанјаху како дел од истрагата за пресретнувањето од страна на Израел на активистичка флотила која била на пат да достави помош во Појасот Газа, изјави денес турскиот министер за правда Акин Гурлек.

Гурлек објави на платформата X дека во Истанбул се води судска постапка против 35 обвинети во врска со тоа пресретнување.

Како дел од таа постапка, издадена е меѓународна црвена потерница за израелскиот премиер, рече турскиот министер.

За што Турција го обвинува Нетанјаху?

Според Гурлек, Нетанјаху е обвинет за злосторства против човештвото, наводен геноцид, намерно нанесување повреди, тортура, оштетување на имот, тешка грабеж и киднапирање на транспортни возила за време на операција за пресретнување на цивили кои доставуваат хуманитарна помош во Појасот Газа во меѓународни води, како и за притворање на активисти.

„Категорично го отфрламе ставот дека администрацијата на Нетанјаху, која ја спроведува политиката на геноцид во Газа, е недопирлива и ослободена од одговорност“, рече Гурлек. Тој додаде:

„Нема да дозволиме злосторствата извршени во Газа да бидат прикриени, ниту сторителите да бидат заштитени со неказнивост. Решително ќе ги искористиме сите можности што ги нуди националното и меѓународното право.“

Турција претходно веќе издаде налози 

Турција веќе издаде налози за апсење на Нетанјаху и други високи израелски функционери за наводен геноцид во врска со дејствијата на Израел во војната против палестинската милитантна група Хамас во Појасот Газа.

Израел ги отфрла обвинувањата за геноцид.

Извор: vecer.mk

…

Макси Златна Рипка – Државна Лотарија
Златна Треска – Државна Лотарија

Related Posts

Ќе заврши ли американската помош за Израел две години пред истекот на договорот?

06.11.2026

Пропадна договорот меѓу Трамп и Путин?

05.11.2026

Зошто ЕУ советува да чуваме храна и вода за 72 часа? Што стои зад препораката на Брисел

05.11.2026
CNN: Трамп ги губи нервите, враќањето кон војна станува сè поверојатно

Можат ли сега демократите да го сменат Трамп?

04.11.2026

ЕУ објави упатства за граѓаните: Подгответе залихи и торба за три дена

04.11.2026

Дебакл на републиканците на изборите. Венс: Вистинската причина за поразот им е очигледна на речиси сите

04.11.2026
Мега Милионер – Државна Лотарија
Дијамант – Државна Лотарија
Titanium – Државна Лотарија

Препорачани Вести

Google вложува 13 милијарди евра во Финска, ќе гради три нови дата-центри

2 месеци ago

Вкупен промет од 39,33 милиони денари, стабилен ОМБ и ограничени ценовни поместувања

9 месеци ago

Популарни Вести

  • ЕУ губи околу 59 милијарди евра годишно поради префрлање профит во даночни оази

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Посебен сообраќаен режим во Скопје за Задушница: Од 6 часот еднонасочно кон гробиштата во Бутел

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • РУДАРСТВО.мк: По четири децении во Франција доделена прва рударска концесија

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Ја носел мајка си да питачи, ја надгледувал и ѝ ги одземал парите

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Коњановски: Иницијатива за „Бизнис клуб Битола“ и поголема поддршка од компаниите за локалната заедница

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Македонија
  • Економија
  • Република
  • Балкан
  • Свет
  • Црна Хроника
  • Скопје
  • Технологија
  • Спорт
  • Импресум

Булевар.мк © 2025 Сите права се задржани.

No Result
View All Result
  • Македонија
  • Економија
  • Република
  • Балкан
  • Свет
  • Црна Хроника
  • Скопје
  • Технологија
  • Магазин
  • Спорт

Булевар.мк © 2025 Сите права се задржани.