сабота, октомври 31, 2026
No Result
View All Result
bulevar.mk
  • Македонија
  • Економија
  • Република
  • Балкан
  • Свет
  • Црна Хроника
  • Скопје
  • Технологија
  • Магазин
  • Спорт
  • Македонија
  • Економија
  • Република
  • Балкан
  • Свет
  • Црна Хроника
  • Скопје
  • Технологија
  • Магазин
  • Спорт
No Result
View All Result
bulevar.mk
No Result
View All Result
Home Македонија

МВР со засилени контроли: 140 прекршоци и осум кривични пријави за велосипедисти, мопедисти и мотоциклисти

by Redakcija
24.08.2026
in Македонија
ХОРОР ВО СКОПСКО СЕЛО: Со автомобил ја влечел сопствената мајка 20 метри

Засилените сообраќајни контроли на Министерството за внатрешни работи вчера резултирале со 140 констатирани прекршоци и осум кривични пријави против возачи на велосипеди, мопеди и мотоцикли.

Контролите биле спроведени низ целата држава, во периодот од 17 до 22 часот.

Најголем дел од прекршоците, односно 102, се однесувале на управување без задолжително користење заштитен шлем – кацига. Полицијата регистрирала и двајца возачи кои управувале под дејство на алкохол.

Најмногу прекршоци биле евидентирани во подрачјето на СВР Струмица – 33. Следуваат СВР Тетово и Мобилната единица за безбедност на сообраќајот со 17 прекршоци, СВР Куманово со 15, додека СВР Битола и СВР Охрид регистрирале по 13.

Во СВР Велес биле констатирани 12 прекршоци, во СВР Скопје 11, а во СВР Штип девет.

За утврдените прекршоци полицијата презела соодветни мерки согласно Законот за безбедност на сообраќајот на патиштата. Против осум лица се поднесени и кривични пријави според член 297-а од Кривичниот законик.

Покрај прекршоците поврзани со возачите на велосипеди, мопеди и мотоцикли, при контролата биле регистрирани уште 156 прекршоци од друг вид.

Од МВР најавуваат дека засилените контроли ќе продолжат и во наредниот период, со цел зголемување на безбедноста во сообраќајот. Оттаму повторно апелираат до возачите да ги почитуваат сообраќајните правила, да користат соодветна заштитна опрема и никогаш да не управуваат со возило под дејство на алкохол.

Макси Златна Рипка – Државна Лотарија
Златна Треска – Државна Лотарија

Related Posts

Николоски: Преку 6 милиони евра директна помош за Кичево, инвестираме за инфраструктурен развој на општината

31.10.2026

Подгответе ги чадорите: Недела и понеделник ќе поминат во знакот на дождот

31.10.2026

Мицкоски во работна посета на германската покраина Северна Рајна – Вестфалија

31.10.2026

Николоски: Нова авиолинија Скопје – Тиват, од мај директно од Скопје до црногорското приморје

30.10.2026

Проверете ги сметките: Дел од пензионерите денеска ја добиваат октомвриската пензија

30.10.2026

Министерство за енергетика: Наплатата од концесии надмина 1,2 милијарди денари, раскинати се 53 договори

31.10.2026
Мега Милионер – Државна Лотарија
Дијамант – Државна Лотарија
Titanium – Државна Лотарија

Препорачани Вести

ВИДЕО: Иран употребил касетна муниција во новите напади врз Израел?

8 месеци ago
pari

ДДВ регистрација задолжителна за компании со промет над 2 милиони денари, велат од УЈП

10 месеци ago

Популарни Вести

  • Николоски: Преку 6 милиони евра директна помош за Кичево, инвестираме за инфраструктурен развој на општината

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • ИЗИР: Македонија не смее да го пропушти моментумот за одржливо искористување на минералните ресурси

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Дали знаете што пишува под ликот на свети Димитриј во црква крај Солун?

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Полицијата постапува по неколку напади во Тетово, приведен и осуденик

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Општина Битола: Култура, спорт и хуманост во чест на 4 Ноември

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Македонија
  • Економија
  • Република
  • Балкан
  • Свет
  • Црна Хроника
  • Скопје
  • Технологија
  • Спорт
  • Импресум

Булевар.мк © 2025 Сите права се задржани.

No Result
View All Result
  • Македонија
  • Економија
  • Република
  • Балкан
  • Свет
  • Црна Хроника
  • Скопје
  • Технологија
  • Магазин
  • Спорт

Булевар.мк © 2025 Сите права се задржани.