понеделник, ноември 9, 2026
No Result
View All Result
bulevar.mk
  • Македонија
  • Економија
  • Република
  • Балкан
  • Свет
  • Црна Хроника
  • Скопје
  • Технологија
  • Магазин
  • Спорт
  • Македонија
  • Економија
  • Република
  • Балкан
  • Свет
  • Црна Хроника
  • Скопје
  • Технологија
  • Магазин
  • Спорт
No Result
View All Result
bulevar.mk
No Result
View All Result
Home Македонија

ВЛЕН: Груби пред правдата, „пеењето“ на Бујар даде резултат

by Redakcija
24.08.2026
in Македонија

Политичката партија ВЛЕН излезе со остра реакција во која го коментира актуелниот случај поврзан со Артан Груби, но и политичките позиции на Бујар Османи и неговиот однос кон случувањата во ДУИ.

„Денес „пеењето“ на Бујар Османи добива поинакво значење: Артан Груби е пред правдата, додека Бујар продолжува да го чека моментот за да го направи чекорот кон челната позиција во ДУИ“, наведува ВЛЕН.

Од партијата посочуваат дека Османи со месеци молчел за Груби, иако во минатото двајцата биле меѓу највисоките функционери на ДУИ. Според ВЛЕН, денес Османи се однесува како да немале заедничка политичка историја.

ВЛЕН го обвинува Османи дека мандатот како министер за надворешни работи го користел и за внатрепартиски пресметки и политички калкулации поврзани со борбата за раководната позиција во ДУИ.

„Денес сценариото станува сè појасно: Груби пред судот, Али Ахмети под притисок, а Бујар ја чека фотелјата на претседател на ДУИ“, стои во реакцијата на партијата.

Од ВЛЕН прашуваат зошто Османи молчел за Груби во периодот кога двајцата биле на врвот на ДУИ и што знае за случувањата во партијата.

„Зошто денес се однесува како Груби никогаш да не постоел?“, прашува ВЛЕН, додавајќи дека во политиката не е важно само кој зборува, туку и зошто некој молчел до сега.

Партијата му порача на Османи јавно да објасни дали неговите критики и политички настапи биле мотивирани од борбата за правда или од политички интереси и амбиции за преземање на раководната позиција во ДУИ.

„Ако „пеењето“ на Бујар било за правда, нека го каже отворено. Ако било за власт и за фотелјата на Али Ахмети, тоа веќе сите го разбираат“, наведува ВЛЕН.

Во завршницата од реакцијата, ВЛЕН порачува дека Груби треба да одговори пред правосудните органи, додека Бујар Османи, како политичар, треба да им одговори на граѓаните.

„Груби нека одговара пред правдата. Бујар нека им одговори на граѓаните“, порачува ВЛЕН.

…

Макси Златна Рипка – Државна Лотарија
Златна Треска – Државна Лотарија

Related Posts

Божиновска: Со 15 стипендии ги поддржуваме идните инженери во македонската енергетика

09.11.2026

Европа нагло закочи со станбените кредити. Колку брзо трендот може да стигне во Македонија?

09.11.2026

Мицкоски: „АСП – ПАК“ отвори нов погон во Охрид со целосно роботизирана производна линија

09.11.2026

Убави вести за граѓаните: Поевтинуваат бензините, дизелот и екстра лесното масло

09.11.2026

Нови правила за боледување од 1 декември: Што се менува за пациентите?

09.11.2026

Палмер: Македонија направи сè што побара ЕУ, бугарската блокада создава лош преседан

09.11.2026
Мега Милионер – Државна Лотарија
Дијамант – Државна Лотарија
Titanium – Државна Лотарија

Препорачани Вести

Парламентот во Софија изгласа нова влада: Радев на чело на 107-от кабинет

Парламентот во Софија изгласа нова влада: Радев на чело на 107-от кабинет

6 месеци ago

ВИДЕО: Русија претстави ново оружје за борба против дронови

3 месеци ago

Популарни Вести

  • Девет противпожарни возила на терен: Спречено ширењето на пожарот кај Бит-пазар

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Германците го избраа автомобилот на годината: Се истакна и меѓу луксузните фаворити

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Намалете ги сметките за греење со овој трик: Радијаторите ќе греат посилно

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Ирански ракети со подолг домет? Што значи одлуката на Техеран за Европа

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • ВИДЕО: Активист го фрли германското знаме пред Рајхстагот и постави палестинско

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Македонија
  • Економија
  • Република
  • Балкан
  • Свет
  • Црна Хроника
  • Скопје
  • Технологија
  • Спорт
  • Импресум

Булевар.мк © 2025 Сите права се задржани.

No Result
View All Result
  • Македонија
  • Економија
  • Република
  • Балкан
  • Свет
  • Црна Хроника
  • Скопје
  • Технологија
  • Магазин
  • Спорт

Булевар.мк © 2025 Сите права се задржани.