среда, октомври 21, 2026
No Result
View All Result
bulevar.mk
  • Македонија
  • Економија
  • Република
  • Балкан
  • Свет
  • Црна Хроника
  • Скопје
  • Технологија
  • Магазин
  • Спорт
  • Македонија
  • Економија
  • Република
  • Балкан
  • Свет
  • Црна Хроника
  • Скопје
  • Технологија
  • Магазин
  • Спорт
No Result
View All Result
bulevar.mk
No Result
View All Result
Home Македонија

Вештакот Марковски: „Состојбата на објектот од декември 2012 не е причина за последиците од пожарот“

by Redakcija
25.08.2026
in Македонија

Градежните вештаци на денешното рочиште одговараат на вкрстени прашања од одбраната. Во фокусот на испитувањето се наодите во врска со материјалите употребени во објектот, особено полиуретанскиот сунѓер за акустична изолација, како и реконструкциите и интервенциите врз конструкцијата на објектот.

Професорот на Градежниот факултет во Скопје, Горан Марковски, во својство на вешто лице ангажирано од Јавното обвинителство, одговара на прашањата на одбраната.

Во рамки на неговото испитување, адвокатот го праша Марковски дали се согласува дека состојбата на објектот на денот на неговото издавање под закуп, во декември 2012 година, не е причина за настанување на последиците од пожарот.

Марковски одговори:

„Да, за вакви последици, се согласувам!“

Одговорот беше даден во рамки на вештачењето за причините и последиците од пожарот.

Кои пропусти ги утврдиле вештаците?

На минатото рочиште, според изнесеното во вештачењето, беа посочени повеќе пропусти во однос на објектот и постапките на надлежните институции:

  • Не била изготвена соодветна техничка документација.
  • Не бил обезбеден стручен изведувач и надзор, немало контрола на квалитет и не биле преземени сите пропишани мерки за заштита од пожар.
  • Не бил извршен инспекциски надзор од овластен градежен инспектор.
  • Не бил извршен инспекциски надзор од Дирекцијата за заштита и спасување.
  • Не било утврдено неисполнување на минимално-техничките услови од страна на Државниот пазарен инспекторат.
  • Била издадена согласност од Министерството за внатрешни работи и покрај пропустите во сообраќајното решение.

Испитувањето на вештаците продолжува, а одбраната преку вкрстени прашања се обидува да ги разјасни причините, одговорностите и причинско-последичната врска меѓу состојбата на објектот, подоцнежните интервенции и последиците од пожарот.

…

Макси Златна Рипка – Државна Лотарија
Златна Треска – Државна Лотарија

Related Posts

Мицкоски ќе учествува на Самитот на Берлински процес

21.10.2026

Средба Николоски – Акташ: Македонија и Турција имаат одлична соработка, економијата, туризмот и поврзувањето се областите од интерес на двете земји

21.10.2026

Делегација на македонското Собрание во посета на Израел

21.10.2026

Државна лотарија постапува по забелешките на Државниот завод за ревизија

20.10.2026
Мицкоски најави намалување на ДДВ за дизелот од 18 на 10 проценти

Мицкоски: Усниот дел од правосудниот испит треба да се полага на македонски

20.10.2026
Премиерот Мицкоски ќе присуствува на отворањето на шест нови, реконструирани операциони сали во Клиничкиот центар „Мајка Тереза“

Мицкоски: Ако не се свртиме кон семејните вредности и кон многудетните семејства македонската економија ќе биде прва која што ќе биде на удар

20.10.2026
Мега Милионер – Државна Лотарија
Дијамант – Државна Лотарија
Titanium – Државна Лотарија

Препорачани Вести

Повеќе скопски населби утре ќе бидат без струја

2 месеци ago

Кенеди: Трамп ја разбира моќта подобро од кој било претседател од Рузвелт наваму

7 месеци ago

Популарни Вести

  • Николоски на терен: „Се гледа крајот“ – одличен напредок на автопатот Охрид – Кичево

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • „Глечерот на судниот ден“ се топи побрзо од проценките: Научниците предупредуваат на поголем ризик за крајбрежјата

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Научниците конечно ја разрешија големата мистерија зад култните статуи на Велигденскиот Остров

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Царината пресече обид за шверц: Лекови од 336.000 денари сокриени во автобус

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Мицкоски ќе учествува на Самитот на Берлински процес

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Македонија
  • Економија
  • Република
  • Балкан
  • Свет
  • Црна Хроника
  • Скопје
  • Технологија
  • Спорт
  • Импресум

Булевар.мк © 2025 Сите права се задржани.

No Result
View All Result
  • Македонија
  • Економија
  • Република
  • Балкан
  • Свет
  • Црна Хроника
  • Скопје
  • Технологија
  • Магазин
  • Спорт

Булевар.мк © 2025 Сите права се задржани.